Мене оваа диета не ми делуваше воопшто. А внимавав поприлично и настапив ентузијастички. После мојата исцрпувачка сеанса со Аткинс, се решив на ваков режим, со најубави желби што се вика. Скоро 2 недели и дадов шанса и не само што не ослабев, туку вагата покажа 1.5 кг повеќе, што ме ужасна и сакав да се убијам! Алал да им е на оние на кои им делува/ла. Јас појадував по еден мафин и една овошка (банана или јаболко) со кафе. За ручек јадам зеленчукова чорба која самата ја подготвувам, има малку компири и брокула. Без леб со една салата. За вечера јадев салата, јајца или малку сирење. Последните денови од што изгубив живци и си умислив дека јадам можеби многу, останував само на чаша јогурт. Јок, не бидна. Ова не е за мене, а толку се надевав дека е. И да напоменам дека - воопшто не бев најадена. Сега си терам мој режим и ми оди одлично. Задолжително појадувам, и не е страшно ако појадокот ви е побогат. Така ќе спречите таложење на калории во текот на целиот ден и ќе го спречите гладот. Воопшто не јадам леб, освен кога на менито имам тестенини или пица. Сите оброци ми се намалени на третина од порано, јадам на секои 3-4 часа и вежбам поактивно.
^ ^ Не од оваа диета, од Аткинс, една од построгите диети и најлоши. Оваа не е диета, од ова нема шанси да се разболеш. Добра е, не е лоша, ама некако скептик сум дека се слабее брзо и многу. Треба време да се навикне организмот, а оваа диета е идеална за оние кои вежбат. И јас исто како Трендафилка, после Аткинс ем болна ем ослабнета, си јадам од се по малце. Ова од што морам оти мајка ми со прачка ќе ме тепа, е така да знаете. Или со каиш ако нема прачка . Не сум поправена благодарение на бактеријата во желудникот и диареата. Останав на тие 60 кг, сакав со оваа диета уште 5, ама сега не повеќе. Јас ја немам таа можност да можам да вежбам и затоа мака мачев со диетите, но доколку вие можете само тоа е лекот за вишокот кг. И така, можеби ве напнав со оваа моја состојба, ама само сакам да ви го споделам оваа моево искуство со диети и каде ме доведе истото. Не ми е првпат, ама ми се чини дека повеќе зборот диета ќе биде избришан од мојов речник. Здравјето е побитно. И страв ми е од прачката на мајка ми, овај каишот де .
И јас ќе те тепам ако не јадиш Јас затоа пробувам со полесна диета Ама ми треба повеќе физичка активност...А засега немам баш мн избор,пошто седам и читам за испити,ама ќе биди. Ова е нешто како нормален,здрав начин на исхрана,со добар распоред,е сега секако додека да почни да делува,можи да одземи време,а и секако на секој организам различно делува тој распоред,кај некој можи и да здебели Јас денес,сабајле јадев 2 реда чоколадо,поручекта јадев све лепчиња со уште малце пржен ајвар со јајце( знам дека е многу калоричен,ама па сеа неможам специјално да купвам скапи храни),а сега ќе каснам едно лепче со млечна салата за да не ми се јади после,после полошо да јадам.
Доручек: мини пинерла, една коцка сува чајна торта со вишни, филџан горко кафе. Ручек: пиперче туршија, ориз со вегета, пилешко. Вечера: капучино без шеќер.
Многу грешите за пуканките. Прво тие се толку добра храна, проблемот кај пуканките е што ги прават со путери и триста чуда, до душа кај нас сегде со зејтин ги прават така да не е толку страшно. Ама можете на пример со маслинов зејтин да ги правите, иако тој не е баш за пржење. Пуканките се богати со протеини, а јаглехидрати во толку штетна количина и немаат. Плус се волуминозна храна богата со влакна, значи заситуваат, а истовремено имаат и добри хранливи состојки. http://interesno.com.mk/zdravjeubavina/ ... lna-figura
Прилично се разбирам од растенија, затоа ме зачуди информацијава дека не се енергетска храна. Да, точно е дека имаат највисока количина на протеини од сите житни растенија, но доминираат јаглехидратите. Конкретно пуканките се добиваат од вариететот Zea mays var. everta т.е. пуклива пченка и еве податоци преземени за нутритивната вредност: Nutritional value per 100 g (3.5 oz) Energy 1,598 kJ (382 kcal) -Carbohydrates 78 g -Dietary fiber 15 g -Fat 4 g -Protein 12 g -Thiamine (vit. B1) 0.2 mg (17%) -Riboflavin (vit. B2) 0.3 mg (25%) -Iron 2.7 mg (21%) Никој не рече дека се штетни, но кога држиш ваква диета да си седнеш навечер пред телевизор со пуканките, малку потешко. А ако веруваме на секакви статии по интернетов тешко нас. Можам уште најмалку 5 страни да ти најдам кај што викаат дека се штетни. Исто така и за чоколадото и за црвено месо и сл. Најубаво, прочитај си сам од повеќе извори па заклучи како е.
Поручек : пола чинија супа Ручек : две како коцки мали исечени бурек со трошки од соја Вечера као ништо не јадев, и сега сите во ла делишс, и као демек ќе ги чекав надвор, чекај чекај и на крај влегов и изедов едно пециво со виршла Ама ај нема гајле Мене супер ми е, ќе ослабам јас вака. Само благо и леб да не јадам и ќе се исушам.
Абе девојчиња како нема резултати, или како сте се здебелиле незнам. Јас овој режим на исхрана го практикувам веќе месец ипол, и сигурно имам некои 3-4 а можда и 5 килца синамното. Немам вага ама си приметувам по гардеробата, не ми е голема, ама ми е многу поголема. А и немам многу за слабеење можда и затоа по споро ми оди, некои 6-7 килца да имам, јез да и вака сум добра сега само ради салцево во стомаков се придржувам. А за вежбање вежбав првите 2-3 недели секој ден, ама сега чат-пат, два три пати неделно по саат време. Еве Хипи си јаде доста, ама кога има обврски мора за да издржиш. Јас на пример за појадок јадам некоја овошка, можда и некое благце, кекси благи или пециво. Еве вчера јадев две киви и планирав една коцка од онаа торта што е со бисквити, ама не изедов, а денес на пример јадам две парчиња од таа торта т.е. две 2 парчиња т.е. 4бисквити (по две во едно парче) со фил меѓу нив. Минатите недели кога учев ми требаше концентрација и си јадев по обилен појадок, на пример еден 7дејс кроасан и некоја овошка + некој кекс или бисквити. Ручек стандард со 2 кришки леб. Е сега финтата кај мене е што е ретко вечерам, ама стварно не сум научена навечер да јадам, ако сум гладна најчесто пијам чаша-две јогурт и неколку парченца салама, или салата од 2 краставици. Иначе навечер обавезно пијам зелен чај и многу вода, незнам зошто преку ден не пијам толку али навечер по 7-8 чаши пред спиење, многу сум жедна и се налевам. Плус пред минатата недела ме стрефи ПМС па си забушавав малце, али помина, пак си се вратив на старо.
Дефинитивно треба трпение за диетава. Јас од понеделникот ја почнав и се придржавав, само вчера касното што изедов пециво, и сметам дека не јадам по многу. И не очекувам резултати по 2 недели, и да ми покаже вагата кило плус, после тоа ќе ослабете. Можете за поручек и ручек да си јадете (не многу), а за вечера пијте или млеко или јогурт и толку. Или евентуално јадете само салата ако тешко слабеете. Не мора јајца, салами, месо. Јас си смалувам, првиот ден јадев повеќе, вториот , третиот, и сега смалувам пополека. Подобро 2 кила месечно да слабеам со диетава, отколку да не ја држам и 2 плус да си ставам месечно.
доручек: едно ѓеврече и една банана измеѓу доручекот и ручекот : 2-3 посни колачиња и една банана ручек: тавче ориз и спањак со малку лебче вечера: ништо, обично не вечерам, а ако ми се пријаде јадам нешто овошје или зеленчук, ама сега според правилата само зеленчук ќе јадам, а оваа вечер ќе ја прескокнам вечерата.
Поручек мало лепче намачкано со еурокрем,за ручек бидејќи сум втора смена јадев обичен ѓеврек и сега за вечера супа и мајка ми имаше правено полнети пиперки со ориз и мелено месо и каснав пола така без леб И јас мислам вака полека полека да си смалувам по малку секој ден од храната
Доручек: две коцки сува чајна торта со вишни. Ручек: (ова баш и прав ручек не е, ама си го сметав за ручек бидејќи не ни имав класичен ручек) бев на роденден и каснав троа смоки, благи некои, парче торта со кокос, горко кафе. Вечера: ориз со сирење, чаша јогурт.
ммм пак се изначитав и сега се решив ја поцнувам од утре до лето,таман да подослабам малце е сеа незнам колку за недела дена ке поцнам да везбам на орбитрек сега неможам зошто правам антицелулитни масажи ке има контра ефект ај ако е некој за да почнеме заедно ..има некој таков?POZZ
^Што ако правиш антицелулитни масажи? Мене баш со вежбање на орбитрекот и многу вода ми го снема целулитот. Нема шанси да има контраефект, мислам само ќе го забрза дејството. Инаку јас еве скоро две недели ја држам диетава и ослабена сум два кила. Можеби не се многу ама имам уште две-три вишок и ми се доволно.
Доручек: исто како вчера + чаша Цевитана, горко кафе. Ручек: пиперче туршија, грашок манџа. Вечера: пиперче туршија, варено јајце, пинџур, чаша јогурт.
Доручек: Овесни снегулки со јогурт (Баланс) Ручек: Две кришки интегрален леб, гравче-тавче и салата од цвекло, морков и зелка Вечера: Еден морков и 3-4 маслинки. После секој оброк пијам и зелен чај, но некако стагнирам оваа недела со губењето на килограми..можеби бидејќи намалив со вежбањето поради обврските во школо, ама ќе гледам што е можно побрзо да се вратам по старо
Знаци додека се прават масазите не треба да се везба мене ми требаа неколку масази само да ме омекнат зосто бев цела стегната мора да те омекнат за да ти дојдат до целулитот ако јас везбам само ја отезнувам работата свакас? а тоа со везбање потоа и да знаци се губи целулитот со затегање на кожата но коа веке поцнав да ги правам ке ги заврсам па тоагас,прасај некој сто прави антицелулитни масази(со диплома секако)
Поручек:3 мали крофнички со неколку лажици слатко од сливи. Ручек:Стек (без леб) Вечера:1 чаша јогурт и едно парче сирење.
Третата недела од диетата - нема промени. Ќе имаше да не беа двете пакетчиња вафли Прво симнав половина килограм, па после си го вратив. Ама добро, одиме понатака. Се надевам дека следниот понеделник ќе имам со што да се пофалам Едит: заборавив да пишам дека многу е важна вечерата. Имам забележано дека кога се јаде месо или риба, многу полесно оди слабеењето. Сирење и не е некој добар избор. Иако главно го знаеме како протеинска храна, реалноста е дека многу повеќе содржи масти.
Јас да ви се пофалам, за една недела едно кило јупииии. А да напоменам дека саботата касното јадев лесковачка, а петокот касното пециво со виршла и благо. Не се придржувам баш а слабеам, во лицето се приметив денес.