Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Вчера
    Доручек: парче комат, горко кафе.
    Ручек: корнишонче, грав.
    Вечера: корнишони и чаша јогурт.

    Денес
    Доручек: некое недефинирано домашно пециво.
    Ручек: две корнишончиња, грав.
    Вечера: ако воопшто вечерам (доцна ручав), ќе биде истото од вчера.
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Поручек: 2 лажици слатко од јагоди
    ручек: пола порција пире и пола порција шпагети значи една чинија вкупно :D
    вечера: млеко
     
  3. MonicHot

    MonicHot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Хммм...диетава звучи многу привлечно морам да признаам..не сум ја држела до сега но во резултат на многу други различни диети кои ги имам држено, со текот на времето започнаа се помал и помал ефект да имаат. Би требало да симнам околу 10 кг :$ и затоа сум малку песимист. Сакав да прашам дали е ок кафето да се пие со 1 лаж шеќер пошто ми се гади од горко кафе :puke: , а и кафиња пијам по неколку во текот на денот. Иначе разбрав дека трееба да е без млеко насабајле. Ако има некој симнато повеќе од 10 кг со диетава, нека пише што претежно јаде и за колку време ги симнал килограмите. Тнх
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Кафето со шеќер можеш наутро да го пиеш зашто наутро се дозволени јаглехидрати.
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас гледам да се придржувам до диетата отприлика.Овие дена ја згрешив малце,пошто имав напорни денови,ама еве денес пак :)

    Доручек парче пица :)
    Ручек еден мал тост со кашкавал и кафе
    Вечера незнам :D Ако не едно јајце да пржам,на тефлонското тавче...
    И сок литар денес отприлика.
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Девојки, планирам и јас да ја почнам диетава. :lol:

    Но, ќе ми треба помош.
    Оваа и следнава недела сум втора смена на школо, па затоа сега незнам што да јадам за ручек. Досега ручекот си го јадев кај 8 навечер, кога ќе се вратев од школо. :tmi:

    Предлози, комбинации некои може да ми кажете? :?:
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.715
    Допаѓања:
    253.572
    Девојки, ви ги читам постовите, пишувате што јадете и велите дека ја држите оваа диета?
    Сето тоа што го јадете нема врска со она што е пропишано во диетава. Само неколку од вас се придржуваат, другите си јадат нормално, би рекла и повеќе отколку што треба. Со тостови и леб не се слабее. Диетава воопшто не е тешка, вие сакате да ослабнете, а никако не се придржавете до неа.
    И ја полните темава со оф топици, некој навистина сака да ја држи диетата правилно, а овде стана невозможно да прочиташ некој кој ја држи правилно.
    Ова најдобронамерно, за да не се разочарате зошто нема резултати ;) .
     
    На Pipee, SunFlower94 и enca.69 им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Епа сеа,нели се беше дозволено за ручек? А и тостот беше од обични мали две парчиња леб,не како во сендвичарите.Ако е тоа многу незнам...А и не мислам ригорозна диета да држам или да гладувам.Оваа ми се бендиса пошто не е толку строга и е како начин на исхрана.Ако нема резултати нека нема,ќе се види тоа,не можи одма.Ако не па,и не пишам поќе во темава,ете пишете вие што јадите,да не ви давам јас погрешни идеи.
     
  9. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    9кила за 14 дена


    Примерен план
    Појадок: ананас и вода со сок од лимон.
    Ручек: супа.
    Вечера: пилешко месо.
    Ужина: белки од јајца и овошје.
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    wooooww... 9 kila za 14 dena :o ... se e toa vo red i ubavo zvuci.. samo dietata e mnogu stroga. Koga ke se vratis na normalna ishrana da ne se vratat i kilogramite |(
     
  11. marice123

    marice123 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    диета?.... диетата е всушност промена на начинот на исхрана што значи дека не треба да се оптеретуваме со напишани диети.многу едноставно,јадете повеке зеленчук,како прилог во секој оброг,кој ке биди комбиниран со не мрсна храна.се разбира од прилика секој знае ,по чиста логика колку е мрсна храната.исфрлете ги од вашето мени сите сосови, слатките и газираните сокови,пијте многу вода, и бидете активни.....само еден пример , ако треба да одите со лифт, одете по скали....и сл.немојте да јадите касно на вечер, или пак доколку сте гладни, направете си само салата.промената на исхрана од почеток можеби ке ви биди тешка, но со текот на времето стекнувате навика, зависнос, истовремено и задоволство, затоа што загарантирано ке изгубите килограми, ке бидите поздрави и посрекни,и никогаш повеќе нема да ги вратите прекумерните кила,затоа што сте научиле правилно да се храните.пробајте......од лично искуство оваа диета е најдобрата.
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Ветив дека ке пишам резултати и ај да го исполнам ветувањето :)

    Со диетава успеав за 15 дена да симнам 4-5 килограми без гладување. Дневно пешачев по еден саат, но затоа количински не се ограничував со храната. Колку што си јадев предходно, толку и сега со тоа што леб избегнував да јадам. Јас дека без вечера не можам малку си ја сменив диетава спрема мене, ручекот да ми биде посиромашен (понекогаш дури и не ручав ) а вечерата која е протеинска да ми биде пообилна. И таман ми доагаше. Првите два три дена само тешко ми беше. Мој совет е да не се истоштувате да гладувате, јадете си умерено, подобро да сум три недели на поблага диета отколку 10 дена на некоја ригорозна.

    Ви посакувам успех на сите што ке ја држите диетава, јас мојата цел си ја постигнав, се надевам додека да стигне летото нема да се здевелам пак :)
     
    На delvi, Lacrimosa и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.715
    Допаѓања:
    253.572
    За ручек се е дозволено, но не подразбира тостови.
    Иренна има убаво објасенто што да се јаде за ручек. Значи претежно готвена храна треба да е, печена или варена. Може грав, грашок, компир, ориз, леќа, спанаќ итн. Плус салата и едно парче леб може.
    Вечера, ако неможете да издржет,е едно парче печен стек или канче кисело млеко, плус салата.
    Ако и од ова сте гладни, тогаш друга диета не знам дали и постои, да си најаден, а да слабееш.
    Појадокот, еве на пример нека ви почне денот со една овошка и кафе, потоа каснете некоја кифла со мармалад или крем, или парче торта, што и да е, битно јаглехидратите се за наутро.

    Се надевам дека ви помогнав малце околу оброците, не е тешко да се држи диетата, јас иако не сум на диета, се обидувам на овој начин да ги распределам оброците.
     
  14. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Диетава стварно е добра, се придржував на неа некое време и многу сум задоволна
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Еве јас што јадев тие две недели кога бев на диета.

    Доручек: Кроасан, кифла што во себе нема млечни производи, сокче, чоколатце, овошје ... Не јадев бејк ролс многу е калоричен, а газирано понекогаш се напивав малку
    Ручек: Иако често го избегнунав, понекогаш јадев ама малку... Печурки, компир варен или печен, манџи без леб, супа, малку шпагети (без сирење секако), соја печена...
    Вечера; пилешко, јајца варени, риба, зденки, сирење, кисело млеко, јогурт, виршли, урда со јајца...

    Избегнував само леб и пржено јадење колку што можам повеке . Не гладував ама некако се навикнав помалку да јадам, и еве две недели поминаа навиката за помалку јадење ми стои се надевам уште долго.
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    не се вракаат коога ке правис две недели пауза па пак две недели, твојот организам ке се навикне и толку.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ја почнав од денес петочки :D , само незнам колку ќе има ефект морам да ослабам 20-тина килограми :tmi:

    Незнам дали е правилно па некој нека ме упати дали немам згрешено:

    Доручек: брускети марети и витанова од брусница
    [​IMG]

    Ручек: Каша со ќофте и 1 кришка ’ржан леб со ленено семе(дома си го месиме) и една цела марула со 1 младо кромидче :)

    Вечера: Две патлиџанчиња мали (и плус пластични :D ) и парче сирење


    Ама морам да кажам дека едно време ме фати криза за храна (дека сум навикната само да грицкам нешто :devil: ), ама се налевав чаеви без шеќер и многу вода.
     
  18. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас на 3-4 пати сум ја држела диетава и секогаш се покажувала како успешна.Летото,на пример ја држев 3 недели и симнав 3 килограми.Можеби се малку,но јас и така немав многу за симнување,а нели колку помалку имаш за слабеење,толку побавно е.За појадок јадев по 2 мали празни кифли,2-3 утра поп-кејк или макарони со овошје-портокал или праска.За ручек:мусака,полети пиперки,грав,боранија,...со мешана салата(кромид,пиперка,домат и краставица).Па се знае што се јаде за ручек,а не тука читам тост,пица,смоки.Не се слабее од тоа.И вечерата ми беше таратур или краставица со варено јајце.
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Да бе ќе се навикне организамот со една супа за ручек и со ананс за доручек да ти раскопа желудник.
    Резултат намален имунитет и слаба крв :^)
    Многу фина си е диетава на Ирена,што фактички и не е диета туку те учи правилно и здраво да се храниш.
    Резултат намалени килограми на здрав начин и научен желудник на помалку храна без притоа да гладуваш.
     
  20. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Девојки да ве прашам на сабалје житарици со млеко се рачунаат ко јаглехидрати, ради млекото прашувам, и навечер млеко со несквик и натрен, ваљда во протеини спаѓа? :^)