Диетава ја држам негде месец дена (со многу малку отстапувања околу празниците) имам ослабнато 6 кг. И задоволна сум, бидејќи тоа ми е првиот успех во слабеење. Е сега оние поискусните сакам да ги прашам дали ореви, бадеми, лешници, дали спаѓаат во јаглехидрати или во протеини?? Јас поима немам. И дали тие се многу калорични?
Ја почнав диетава пред 2 дена плус тоа почнав и да вежбам па да видиме како ке биде. Ме интересира само дали за доручек може на пр. празна кифла, банана ( или некоја др овошка) и кафе или треба само едно да се конзумира?Да не ми е многу тоа?
Мислам дека можеш, јас така правам си комбинирам секогаш различно а и во зависност од тоа колку сум гладна и имам ослабено. Е сега јас баш банани многу не јадам, но сепак кифли со овошје си комбинирам.
ви се придружив пред неколку дена.... одлично ми иде сега за сега со оглед дека воопшто не сакам строги диети, само со јајца и портокали, ова смееш .... по 2, 3 грама од друго НЕ - НЕ ТОА НЕ МОЖАМ !!!!!!!! сакам да прашам само дали можам благце на сабајле и што точно ??
Најубаво е наутро затоа што имаат јаглехидрати а за калорични точно не се секавам ама знам оти се над 100 калории сигурно.
Девојки ограничена ли е количината на храната која треба да се конзумира??За ручек знам, дозволено е само една кришка леб со ручокот, а на сабајле може ли повеке да се јаде еве на пр. 2 геврека или чинија макарони и некое колаче или мн е тоа? Мене насабајле најмногу кризи ме факаат за јадење, после некако се привикнувам.
Дури сега приметувам дека за диетава имам цела книга дома. Книгата се вика "Ослабете додека спиете", а диетата - инсулинска комбинирана исхрана. Внатре има се`: рецепти, вежби, примери, количество на храна... Е сега, прво има неколку правила кон кои треба да се придржувате ако сакате да имате резултати: Правило бр. 1: Дозволени се САМО три оброци дневно. И тоа разликата помеѓу нив да биде најмалку 5 часа. Ова е потребно за инсулинот во крвта да се намали. Правило бр. 2: Заситување со јаглеродни хидрати. Мастите се согоруваат во огнот на ј.хидрати, затоа е потребно доволна количина секој ден. Правило бр. 3: Обавезно вежбање. И тоа најдобро навечер, пред последниот оброк. Правило бр. 4: Дозволени се отстапки. Но секако, не смеат да прејдат во навика. Ве читам, во врска со едно парче леб за ручек - значи не е тоа правило. Правилото гласи: ручекот да биде избалансиран помеѓу јаглехидрати и протеини. Така, ако јадете месо на скара, а притоа јадете печени компири мислам дека леб не ви е потребен. Меѓутоа, ако не внесувате јаглехидрати со месото, дозволено е и повеќе парчиња леб. Еве, во книгава како пример за доручек има дадено 3 лепчиња од цело зрно со 3 лажици мармалад, 2 лажици маргарин од маслиново масло (?) и едно јаболко. Сето ова изнесува 103гр јаглехидрати. Иначе храната не е ограничена. Меѓутоа треба да се внимава на внесот на јаглехидрати. При тоа да не биде ни премалку ни премногу.
Девојки јас почнав со диетава и денес ми е петиот ден, смалив еден килограм и пол сакам уште 3, се надевам се ќе оди во најдобар ред, сега не знам дали е во ред ова што го јадам но јас се чуствувам добро, само вчера ме фати некоја криза затоа што другарка ми нарача пица во 21 часот и ме убедуваше да каснам но издрзав не се дадов Моето мени Појадок лепче со мармалад од јагоди и кафе без шеќер или 2 малечки мафини и кафе без шеќер Ручек супа и мало парче препечен леб Вечера јајце и салата со малку прелив понекогаш и јогурт Е сега ваше мислење дали да продолжам со ова мени или да променам нешто, сакав да направам и еден ден пауза дали мислите дека е во ред
не можеш само тоа да го јадеш секој ден... мора да јадеш и друго, најдобро за појадок овошје, или 1-2 парчиња леб со нешто, за ручек нормално со салата, без леб ако можеш, и за вечера само салата или јогурт...и зелен чај пиј, ќе имаш резултати
Ја почанав диетава вчера. Еве мени: 1ден. Доручек: Макарони со кечап и вегета и банана Ручек: Три варени компири(без сол, без леб) Вечера: Тартур Физичка активност: 2 часа трчање+пешачење. Сум внесла 810 калории, но кога ќе се земе и физичката активност не знам колку вкупно излегува. 2ден. Доручек: Две кришки еурокрем Ручек: 5 кебапчиња и свежа краставица(без леб) Вечера: Најверојатно таратур пак или само чаша јогурт. Физичка активност: 2 часа zumba cardio party+ zumba sculpt & tone Спојлер Не можам да најдам калориска вредност за ќебапите 3ден. (план за утре) Доручек: Јаболко и три медени срца Ручек: Ориз(без леб) Вечера: Зелка салата и еден копан. Физичка активност: 2 часа трчање и пешачење Јадам во поголеми количини затоа што навечер со физичката активност ги губам делумно калориите. 2л вода пијам во текот на денот и за понатамошни работи ќе бидете информирани. И ај некој нека ми каже дали го почитувам режимов и што рестрикции треба да направам, please?