Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. atlanty

    atlanty Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки каква е оваа диета со благо? Не се залажувајте дека држите диета бидејќи со оваа "диета" нема да ослабнете. Јас практикувам еден начин на исхрана кој е многу ефикасен. Го прочитав во една книга Здрави и витки се вика и таму си пишува како правилно да се комбинира храната и во кој период од денот да се конзумира. Значи ова не е диета туку начин на исхрана кој можете да го практикувате до крајот на животот. Зошто постојат толку многу диети? Затоа што ни една не е ефикасна на долг рок. Ќе ви помогне да ослабнете но кога ќе престанете да ја држите ќе си ја вратите претходната тежина за многу краток рок.
     
  2. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    напиши ни ја таа диета, т. е режим на исхрана
     
  3. queen88

    queen88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4

    Здраво Атланти дали ќе сакаш да го споделиш со нас тој начин на исхрана :$
     
  4. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    32
    3ден.
    Доручек: две кришки крем
    Ручек: Варен ориз и гулаш
    Вечера: Само месото од гулашот и свежа краставица
    Физичка активност: 2 часа пешачење и трчање

    4ден.
    Доручек: Чоколадо за готвење и јаболко
    Ручек: Само варен ориз
    Вечера: Најверојатно шопска
    Физичка активност: 2 часа пешачење и трчање

    И ај нека ми одговори некој дали правилно се хранам.
     
  5. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Од ова што го читам сите океј се храните, меѓутоа во книгата има табела само за пијалоци, кои во кој дел од денот се дозволени. Млекото и млечните производи не се допуштени навечер. За нив вели: Тие не претставуваат пијалак туку висококалорични прехрамбени производи кои содржат животински белковини и многу шеќер.
    За вечера дозволени се само вода, чаеви и кафиња (без шеќер), лајт варијанти на сите пијалоци кои немаат многу јаглехидрати, и пиво и вино во исклучителни случаеви - само имајте на ум дека го успоруваат слабеењето.
     
  6. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Јас денеска почнав со ова диета на иренна само малце утнав за ручек.

    Појадок [​IMG] --- 2 вафли ( појма немам дали се викаат вака на македонски :D ) со кафе без шеќер,без млеко.

    Ручек Mc Donalds :| ! Утнато малце повеќе ама од утре водам сметка и на ручекот.

    Вечера - Таратора.

    Е сеа во текот на денот помеѓу оброциве не јадев ништо. Може некое овошје на пример или не? Или што било . Пошто ручав во 13 часот... а сеа само што вечерав... али спиев три саати и затоа не ми се јадеше :D :D
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ја испринтав диетата на Ирена и им ја поделив на колешките од работа и сега сите сме си на групна диета :D Почнавме од вчера па ќе видиме како ќе тераме и какви ќе бидат резултатите :)
     
  8. juventina

    juventina Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Девојки како иде со резимов на исхрана? Јас еве неколку недели веке припазувам во комбинацијата на храна и верувајте има резултати и тоа воопшто не се лиШувам од ниедна храна благо солено се си јадам само припазувам во кој дел од денот. Воопшто не се осеќа дека си на диета. Ослабена сум околу 4-5кила. Пробајте нема да згрешите ;)
     
  9. queen88

    queen88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки
    Јас сум презадоволна од овој начин ја исхрана сега конечно сфатив како треба да се исханувам за да изгледам така како што сакам , стигнав до 45 килограми и сум презадоволна не знам ни како затоа што јадам и благо и многу други работи што мислев дека се забранети ако сакаш да симнеш килограми, просто не можам да поверувам кога ќе се качам на вагата :) мислев дека е невозможно но сега гледам дека се е возможно ако се сака :) Сакам да симнам уште еден килограм тоа е мојата цел и знам дека ќе успеам, Ве подржувам сите кои сакате да ослабнете, со упорност се се постигнува :D
     
  10. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48

    А со колку кг почна да ја држиш диетата? :*
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    од утре и јас ја почнувам оваа диета... да видам дали колку и за колку време ќе ослабнам, ма да не ми е толку важно да ослабнам туку да не се поправам, 1 месец откако ја прекинав УН, и досега добро се држам, имам само околу пола кило вратено, ослабнав 7 кг за 2 месеци, но секој ден јадам цитрон, се доливам зелен чај...сакам да ја одржам оваа тежина со нормална исхрана, а оваа диета ми изгледа како нормална исхрана
    ќе пишам за резултати
     
  12. queen88

    queen88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4

    Со 48.5, и не ми се верува :lol: на почеток и нема да забележуваш некоја голема промена, но не се откажувај после 10 дена кога застанав на вага не ми се веруваше :) значи само упорност и не строги диети туку избалансиран начин на исхрана кој дава трајни резултати :*
     
  13. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Jas od denes ja pocnav dietata
    sabajle jadev 3 mali domasni kifli,piev kafe
    bidejki sum vtora smena,neznaev sto da kupam,pa zedov bejk rols dvopek
    koga se vrativ doma jadev 1 krastavica i sirenje,i nekoja zelencukova supa
    aj kazete mi sto mozam da kupuvam dodeka sum vtora smena na skolo
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Втора смена опфаќа ручек време, а за ручек е дозволено да јадеш што сакаш. Без претерување, ви се молам, нели сме на диета сепак! :!:
    Пециво, бурек, што ќе ти се најде во радиус од 30 метри од школото. :wasntme:
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Јас почнав со овој режим на исхрана минатиот вторник (значи веќе 10 дена). Кај мене нема некои брзи и видливи резултати (имам ослабено само 1кг), но сепак сум задоволна бидејќи си јадам се‘, а сепак не се здебелив повеќе, туку ослабнав 1кг ;) . Е сега почнав и да пешачам по саат, саат и пол на ден (но не секој ден- многу залади) што сигурно имаше удел во ова намалување од 1кг. Она што посебно ме радува е тоа што се чувствувам подобро откако почнав со овој режим на исхрана. Ќе продолжам вака, да видам што ќе се случува понатаму (треба да добијам деновиве, па си мислам можеби затоа нема некои поголеми резултати).

    Најмногу ми фали: СЛАДОЛЕД :( (Има шеќер и млеко- не можам никаде да го сместам, а овошните, водните, воопшто не ми се допаѓаат) :(
     
  16. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ете ме и мене во ова тема......значи висока сум 170 и имам 70кг ;( а многу се,јас никогаш во овие 23 години не сум била толку кила,секогаш бев 65,64,63 значи варирав......последната година ги закачив килата и то од шо се шо ќе стигнев пикав в уста :D признавам!и сега бе феминки толку мноооогу се нервирам,па ми прелива од сегде бе,јас имам природна гума за пливање :D ама почнав да трчам во парк и да пешачам со брзо одење,и има резултати,сега ќе ја почнам и диетата на Ирена.и уште нешто,за брзо топење на мастите пијам во една чаша потопла вода(колку потопла,толку поубо,само да не биди врела) една супена лајца мед и една супена лајца цимет,се меша и се пие,нема гаден вкус ама е мн благо,пробајте нема да зажалите.а и вие ако имате некој совет за мене,шо и да е ПИШЕТЕ.мојата единствена цел-да си ги вратам мојте 65кг :*
     
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ова навистина не е фер! :( Не е можно, поминаа цели две недели а јас воопшто не ослабнав. :( До пред два дена се фалев со килограм помалку, денес се мерев - пак се вратило ;( Ме уништи. Ми ја уништи самодовербата. Се мислам дали да продолжам вака, или да барам друго чаре :?: А и гледам никој веќе не пишува на оваа тема, ми се чини сите се откажале.
     
  18. juventina

    juventina Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Феминки гледам дека некои што не гледате резултати се отказувате-немојте!! значи ја го имам следново искуство со овој резим- доколку си јадете најкалорично се а пазите на комбинацијата на храна како во резимов мозе да симнете кило до две три ама сигурно нема да качите значи на тој на начин ке си ја одрзувате тезината,меѓутоа доколку сакате повеќе да ослабите наместо симитки и премногу чоколади насабајле ке комбензирате со интегрални пецива и овошје навечер повеќе салати или јогурт.значи во зависност од тоа колку сакате да ослабите или да одрзувате тезина толку калорични јадења ке си одбирате тоа е бар моето искуство ја на почетокот припазував поише и ослабев 4-5кила доволно ми беше сеа си јадам се само припазувам на комбинацијата и немам вратено ни 1 грам еве месец дена скоро без везбање!! известувајте како напредувате среќно!! :)
     
    На milosavljevski му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milosavljevski

    milosavljevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    10
    читајќи го форумов, ме предизвикувате и јас да го почнам овој режим (диетата на irenna), до пред 2 недели ја држев УН диетата, за 2 месеци ослабев 9 кг, а целта ми е сега да ја одржам тежината. сабајлево (во 11 часот) јадев портокал, чај и 2 лепчиња со крем, ручав (во 17 часот) печени компири со едно парче леб и вечер ќе пијам јогурт баланс од 500 мл. ве прашувам поискусните што ја држите оваа диета подолго време, дали е правилна комбинацијата што ја имам направено денеска. однапред ви благодарам и со среќа на сите. 8)
     
  20. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    i јас ја имам истата цел...се надевам ќе успееме да не ги вратиме килограмите, јас веќе месец ипол успевам, но постојано пазам што јадам... :( некогаш сакам да појадувам како човек, не само овошје :(
     
    На milosavljevski му/ѝ се допаѓа ова.