ајде нека е за добро, доручкував 2 мандарини во 8 30, 2 кроасани со чоколадо во 10 20, и испив многу вода пред тоа (2 големи чаши), околу 12 ќе пијам кафе, ручек во 15-15 30 часот, планирам да јадам гравче со парче леб и салата, и за вечера јогурт. доколку нешто не е во ред со мојот план за денеска, ве молам корегирајте ме. однапред благодарам
Јас ќе сум лоша и ќе ти кажам - стави го гравот на тавче и јади го без леб со салата (затоа што сум голем противник за јадење на леб а инаку можеш и како што си пиша)
драги мои диеталки и диеталци како поминувате денес? јас утрово појадував најпрво 2 мандарини во 9 45, во 10 45 2 гевреци и 1 ред чоколадо за готвење, а ручав во 3 30 печени компири со 1 парче леб "нутри". вечера во 7 30 пола литар јогурт.
Здраво форумашици! Нова сум на форумов и морам да признаам многу ми се допаѓа. Иначе како и вас и јас имам проблем со вишокот кг. По долго анализирање сфатив дека можеби најповеќе ми одговара ирена диетата. Од утре почнувам, се надевам ке наидам на Ваша поддршка. Ме интересира , дали ќе е преголем проблем ако кафето го пијам со шеќер а исто и какаото. Колку најдоцна може да се вечера? Иначе на висина од 150см, имам килажа од 64 кг. Со 55 кг. изгледав ептен згодна, а јас би била задоволна со 58. Имам 37 год. и мајка сум на две мали (2 и 5 год.) деца. За колку време со оваа диета би ослабнала 4 кг? Ви благодарам однапред, и се радувам на другарувањето што следи.
^ Неодамна бев на режимот на Ирена околу 2 недели. Ослабнав 1 кг. Можеби требаше да бидам упорна, ама ми се чинеше премногу бавно, па се префрлив на УН диетата (па ќе видиме). Придржувај се до зададеното: наутро јаглехидрати (овошје, леб со мед и сл.), ручекот нормален, а вечерата протеинска. Мене можеби ми беше грешка што тоа: ручекот да е нормален, си го сфатив ептен слободно, па мешав многу месо во сос, со ориз или со компир. Да припазев малку на тоа, можеби ќе имав поголеми резултати. Ти посакувам многу среќа и издржливост. Се‘ на се‘, ова не е брза диета, -4кг можеш да очекуваш по месец-месец и пол, а може и два (зависи каква физичка активност имаш и колку овој режим се разликува од досегашниот твој режим на исхрана). Поздрав!
јас овие денови правев некои грешки, бев на факултет по речиси цел ден, ама од утре почнувам како што треба. инаку се чувствувам многу поубаво
аман бе дај казете колку сте ослабнале, а не сто сте јаделе. ги бараме ефектите, а не сто сме јаделе.
Нова сум на форумот и најмногу се регистрирав за да и се заблагодарам на ирена за диетава,со неа ослабев 30 кила за 7 месеци,уште еднаш благодарам..
Благодарам првиот месец ослабев 8 кила,ја почнав диетава во јули минатата година до март стигнав до мојата идеална тежина,и се уште го применувам истиот начин на исхрана само знам сега да направам некој отстапки,инаку мене појадокот ми беше кифла со крем,многу овошје(знаев да јадам две банани,два портокали и плус на крај лубеница и пак ослабнав)јас место кафе пијев црн чај бидејќи како што знам црниот чај ако го пиеш после секој оброк не дозволува да се здебелиш,ручекот во почетокот бидејки беше лето и топло немав многу апетит па знаев да јадам краставица,домат и малку кашкавал,варен ориз,варен компир(после кога дојде зима јадев и мусака,ориз и копир печен,компир и месо)вечерата ми беше јајца,јогурт,татратор салата,ако имаш потреба држи ја диетава не е тешка а дава неверојатни резултати.
почнав од пред недела дена и не се осеќам ослабната ,само стомакот малце ми се поднамали инаку јас сабајле јадам геврек со тие плочките од витанова или пак леб со мармалад ,за ручек месо со салата или пак ориз ,компир печен/варен и слично ,а не вечерам ,еднаш само пуканки си испукав се надевам да ослабнам барем 5 кг со диетава за 1 месец ....фала ти на советите и уште еднаш браво за упорноста!
поручек : варено јајце парче шунка и сиренце и салата ручек : салата , парче месо и една кришка леб вечера : кришка со мармалад и млеко ја почнав пред некој ден добра ли е ?
^ Сосема погрешно! Концептот на режимот на Ирена е наутро јагленохидрати, а навечер протеини. Ти сосема погрешно си направила.
јас само да прашам пченицата што содржи јаглехидрати или? Каде би можела да ја вметнам како доручек или ручек? Некој ако знае?
Пченицата е концентрат на највредните прехранбени состојки и тоа: 70% јаглехидрати, 10,2% протеини, 2% масти, 1,7% минерали (фосфор, магнезиум, калциум, железо), витамини од Б групата, витамин Е и провитамин А... а за доручек може леб? не дека мн сакам,ама гледам некои јаделе...
Според мене лебот треба најмалку да се јаде,јас не знам дали бидејки не јадам леб наутро гледав само благо да јадам бидејки сум манјак по благо