Сакам да прашам дали може на утро откако ќе каснеш на пр.Кроасан,дали може после тоа да се јаде салата?
Oвошна салата може Ејми . Или мислиш на салата од зеленчук ? Од зеленчук мислам дека не може . Од сабајле треба нешто благо , овошје таква работа .
Време е и јас да почнам со диета Имам околу 75кг. ,а висока сум 1.68,што значи имам 20кг. за симнување.Мојата цел е до 11 Јули да ослабнам 8кг (се надевам дека тоа не е многу) .Во Март ја држев УН диетата,но не слабеев,па ја прекинав.Од вчера ја почнав диетата на Ирена и се надевам дека нема да правам прекршоци .Пијам по 3л. вода на ден,а од денес ке почнам да скокам на јаже и да правам стомачни. За денес: Појадок:Шпагети Ручек:Ориз со салата Вечера:Стек
Да Ејми Од утре и јас ви се придружувам девојки. Барем уште 3-4 кг да симнам и таман ќе сум. Ќе успеам, морам да успеам.
Супер си Ејми. Инаку мислам дека можеш и за доручек да си јадеш зеленчук, нема никаква штета, ама сфатив дека најмногу се слабее ако јадеш овошје за доручек (секако заедно со другата храна). Редно време е и јас да се вратам пак. Негде пред Велигден ја држев и ослабев три килограми за недела ипол скоро две. Минатава недела бев ни ваму ни таму, си јадев се, само некои денови припазував и ослабев еден килограм. Од утре пак си почнувам озбилно, треба да ослабам уште три килограми за да си стигнам до идеалната тежина според мене (иако по правило веќе сум на идеалната тежина, -11/12 од висината). Како и да е овој пат ќе бидам поактивна и ќе пишувам како се исхранувам секој ден. Поздрав и бидете упорни, ќе успеете
Во март ја држеше УН, а не ослабна? Незнам како, изгледа не си ја држела правилно, или често си ја прекршувала, бидејќи извини што ке те разочарам, ама ако од УН не си ослабнала, од оваа диета нема ич Ч ајде, се на девам дека ке ме разубедиш, и ке го докажеш спротивното, пиши за резултати со среќа
УН диетата ја почнав од Март и не правев прекршоци,освен 2-3 пати кога си каснав малку повеќе.На пример:ако требаше 4 слатки јас јадев 7 и така,но само тоа. Секој појадок ми се состоеше од 2 јаболки.Пиев 2л. вода и зелен чај.Метаболизмот наместо да ми стане побрз тој стана побавен(еднаш во четири дена одев во вц).Се чудев каде сета таа храна се собира.За тоа време требаше барем 5кг. да намалам,но јас си бев иста. Не знам ни јас зошто е така.Секој организам е различен и не е ист како кај другите.Познавам една девојка која ја држеше УН диетата 3 месеца,но не и помогна многу.После УН диетата ја држеше диетата на Жан Митрев,но и покрај толку диети таа си е пак иста. А зошто мислиш дека нема да можам да ослабнам од оваа диета
искрено незнам, јас ја држев УН диетата 2 ипол месеци,и со прекршоци ослабнав 7 кила, толку и ми требаа, со ниедна диета не ослабнав толку,бев скептик, но по 2-3 недели килограмите сами исчезнуваа, мислам дека ти неси била доволно упорна, а оваа диета ја држев повеќе како режим на исхрана, но немав резултати, во 1ден се меша и благо и солено, и протеини и јаглехидрати...затоа мислам дека не се слабее, може сум грешка
Девојки од денес ви се придружувам и јас Појадок: во 8ч изедов половина празна кифла, во 10.30 планирам една праска да изедам Ручек: некаде околу 14ч ќе јадам шопска салата Вечера: планирам во 19ч да испијам 1чаша јогурт (со 1% масленост) Во ред ли е мојов режим на овој начин, или треба да сменам нешто?
Денес ми е веќе трет ден како сум на овој режим, и се чувствувам прекрасно не гладувам, ништо посебно не ми фали, освен тестенини со болоњезе, ама и без тоа се може... се мотивирам кога се гледам на слики со 18 килограми помалце од мојата моментална состојба, знам дека ќе треба време со овој начин на исхрана да си се вратам во топ форма, но подобро ова одколку нездрави диети, апчиња, препарати со кои ќе ослабнеш 3 пати побрзо, а ќе ги вратиш килограмите 5 пати полесно.... така да феминки кои сте на овој режим на исхрана, ја имате и мојата поддршка... САМО НАПРЕД!!!
Јади повеќее . Озбилна сум. Со волку малку јадење само едно ќе постигнеш - ќе завршиш онесвестена, со ужасна крвна слика. За ручек јади компири, грашок, грав, ориз итн. И сето тоа комбинирај го со некаква салата или супа. За вечера можеби можеш и со јогурт да поминеш, ама барем пиј полномасен. Запамти, не е се во квантитет туку во квалитет. Како што кажав пред Велигден ослабев 3 кила за една ипол недела, а јадев богами доста. За ручек најчесто компири или ориз или некоја манџа, обавезно со супа. А за вечера секогаш јадев протеини, дали јајца, виршли, пилешко месо (може било какво), сирење и со сето тоа пиев јогурт. Можеш да си јадеш и таратур, житарици со јогурт, шопска салата, што ти душа сака, се додека се тоа протеини, или минимални јаглехидрати како житариците.
ќе те послушам за јадење повеќе . Сметав дека ако се опуштам ќе имам контра ефект како што некои од девојките напишаа, односно дека ќе качам некое кило плус наместо да симнам . Ама еве водена од твојот пример, ќе јадам повеќе во граница на тоа што е предвидено (јаглехидрат, протеин... ) Фала многууу
Јас режимов го практикувам веќе трет ден, и сабајле гледам мешето ми се присобрало. Еве, сега за ручек имавме компир со ориз, половина чинија изедов и земав леб од кој два пати штрбнав, и дури се осеќам прејадено, па и нервоза ме фаќа. Ептен ме бендисува диетава, а и башка прикажува права слика на диета, значи правилен режим на исхрана а не изгладнување. Ај ќе видиме шо ќе биде. Спојлер мразам ко сум вака демотивирана ко сега, и се си мислам нема да има ефект. Него дај бе пофалете се шо како резултати сте имале од диетава, за колку време..
Не знам што ми се случи вечерта во сабота.Си седнав на маса и си намачкав на лепче маргаринче,си зедов сиренце и патлиџанка и си јадев. .Но тоа како да не беше се.Во недела целиот ден ми беше со прекршоци. .Но што било,поминало одиме понатаму...Во нови победи Затоа од денес почнав одново,со голема мотивација и овојпат нема веќе грешки.Решена сум да ослабнам и ќе го направам тоа. За денес: Појадок:парче зелник Ручек:печени тиквички и салата Вечера:таратор За утре: Појадок:пак парче зелник Ручек:печени компири и салата Вечера:краставица или млеко Добро е ова или треба да сменам нешто,да не јадам многу?
И јас ја почнав диетата пред 4дена. Еден ден направив утка за ручек бидејќи кога мајка ми готви невозможно е да одбиеш . Читав што кажала ирена да се јаде, па по тој режим одам и јас. Таа кажа дека за ручек може и кришка леб, но јас никако не јадам. Чувствувам дека не е тоа тоа што бев, но сеуште е рано. И не се мерам подолго. Ќе си почекам, сакам да се изненадам. Секако ако има резултати, па ќе пишам.
3 ден од режимот на Ирена За појадок: 2 празни крофни со шеќер во прав одозгора, 1 банана и 1 кафе со мааалку шеќер Ручек: стандардно ми е шопска (додека не ми здосади ) Вечера: 1 чаша Јогурт и 1 јајце Инаку воопшто не ми е тежок овој режим.... јадам благо (што е најважно ) а сепак се чувствувам полесно. Планирам да се мерам во недела и ќе пишам колку имам изгубено за 1 недела. Позз
Малце ме снема не бев во Скопје вчера. Во понеделникот јадев: доручек: поп кек и една банана ручек: печени компири и супа вечера: таратур Е сеа вчера ја утнав вечерата. Бев кај баба на гости, си каснав лепче, еклерче . Денес бев кај другата баба на гости и си каснав сладолед за ручек. Ама не ја прекинувам диетата. Се регулирам за вечера. Не сум здебелена ни грам, дури и сум ослабена. Мислам дека сум едно кило ослабена или 500 грама . Како и да е утре ќе ви кажам. Сега бев најадена и не покажува точно вагата. Не се разочарувајте, продолжете напред. Со среќа девојки
Почнав и јас пак,еве насабајле јаглехидрати јадам,(а ако мешам корнфлејкс со кисело млеко? ) поручек пак нешто полесно,ама со 1-2 лепчиња 'ржени,а вечер сега треба да се навикнам салата да јадам,да не јадам глупости.Ќе видиме колку ќе успее.А да и вода повеќе пијам,благо избегнувам.Само сладолед чат пат