Јас веќе некое време сум со овој начин на исхрана, само сладолед не можам да скратам. На жешково од сабајле само млечни кифли јадам, чат пат со маргарин и мед, а понекогаш само кафе со млеко пијам (знам, не е млекото за сабајле, ама без него не ми оди кафето). За ручек супа и салата, ако сум зготвила нешто посебно од него малку јадам, а за вечера само јогурт. И еве, обемот се намалува (на килажа не гледам, само по обем).
Па според правилото не треба да се меша корнфлејкс со кисело млеко насабајле, ама ако толку мораш јади си и така, ваљда нема многу да наштети
Епа знам,затоа и јас се замислив,млекото уствари во белковини е,навечер треба.Ама корнфлејксот па е во јаглехидрати.Ќе видам.Па корнфлејксот нема со што друго да го јадам... Епа по помалце,нема да правам цела чинија полна сигурно А да,другиот пат ќе гледам да е помалку маслено ФАла иначе.
И после малите прекшоци од вчера денеска 5ти ден Појадок: 1кришка (макробиотички црн леб) намачкана со крем, плус 1 праска Ручек: шопска салата Вечера: 1 јајце и 1чаша јогурт Инаку во текот на денот пијам 2-2.5л вода
Освен еден мал прекршок синоќа Веќе една недела како сум официјално на режимов и верувале или не, 4 кила мање, се чудам. Од денес стартувам пак малце поригорозно, мада влегувам у PMS, ама ќе го совладам и тоа.
Јас божем си ветувам секој ден ќе пишувам, вака така, мене нигде ме нема . Не можам бре заборавам, а кога ќе ми текне мрза ме фаќа за пишување . Тогаш кога ви реков мислам дека сум ослабела неколку грама или едно кило, килце било . Среќа невидена. А прекршоци овојпат редовно си правам. Морам да се ставам на земја од утре и за една недела да ги решам тие две килца, а може ќе продолжам понатаму којзнае . Како и да е, да не ве давам многу многу, денешно мени: Доручек: Третина ролат на винчини оние џамбо со вкус на лешник и две мали праски Ручек: Чинија супа и неколку пржени тиквички. Вечера: Шопска салата Меѓу оброците си каснав по едно чоко енд натс на виталија, тие никако не наштетуваат, од искуство зборам.
И повторно јас Денеска ми е 9ти ден од Диетата на Irenna, во неделата се мерев и вагата покажа -1 кило Супер е !!! А јас сум презадоволна..... полека но сигурно го симнуваме вишокот Инаку 3 пати во неделата трчам и правам вежби за стомакот. Вие како напредувате?
Немам ориентација колку време ја држам но негде 2-3 месеци ќе да е, а имам ослабнато 10 кг... и конечно стигнав до двоцифрена килажа . Во огледалото има резултати ама не многу дека стварно имав прееееемногу вишок, но вагите друго покажуваат и некако си мислам дека сите ваги на кои се мерам не се исправни ми покажуваат помалку
Денеска 10ти ден...... Појадок: ѓеврече, банана и кафе со малку шеќер Ручек: таратур и 1 парче сирење Вечера: јајце и јогурт Планирам да трчам денеска 30-45 мин и да правам вежби за стомакот. Инаку со тешка мака дојдов до бројка од 3 литри вода дневно (со оглед на тоа што порано знаев само 1 чаша да испијам ) ana-banana да знаеш само како ме мотивираше со твојот пост..... фала многу на споделената информација и честитки за упорноста и изгубените килограми
Феминки поздрав до сите вас издржливи ви посакувам многу успешни резултати. Ме интересира дали може за доручек да се јаде домашна пита со спанаќ? Спанаќот најмногу ме става на мислење? Што мислите вие? Фала ви однапред и многу среќа
Девојки јас сум денеска 3 ти ден на оваа диета и супер е, не чувствувам глад тоа ми е најважно. и пијам по 2 литри вода. па ке видиме.
Денеска 10 ден. Појадок:3 парчиња 'ржан двопек со малку крем Ручек:шопска салата Вечера:чаша млеко Sweetheart87 ние заедно сме ја почнале ова диета.Па имаш некакви резултати?
Многу ти се три литри вода дневно... доволно е два литри, не претерувај со оглед на тоа дека претходно не си пиела многу.
Еееееј еве ми друштво за диетава, во исто време сме ја почнале Инаку се мерев во неделата (на 7миот ден) и вагата покажа -1кг , сега во недела планирам пак да се мерам па ќе пишам како оди. Кај тебе има резултати? Инаку не гладувам воопшто со диетава, си јадам и леб и благо наутро + овошје, гледам вечерата да ми биде полесна.... најчесто пијам чаша јогурт, или 1 јајце и мало парче сирење. Еве ми го менито за денеска: Појадок: 1 кришка леб со малку мед, банана и кафе Ручек: Ориз и салата од краставица Вечера: 1 чаша јогурт Не, не претерувам..... мислам не пијам со сила, туку самиот организам почна да ми бара повеќе вода. Од февруари наваму се учам на повеќе вода и конечно се научив да пијам повеќе Фала инаку
Sweetheart87 јас немам вага и не знам дали сум ослабнала,но штом си ти ослабнала,тогаш и јас сум .А ти ставаш сол во јадењата ли не?И колку килограми имаш за симнување,ако не е тајна ,бидејки јас имам околу 18 . Појадок:5 парчиња 'ржан двопек со малку крем Ручек:шопска или тиквички со салата Вечера:чаша млеко
Сигурно си ослабена, гарантирам Сол си користам најнормално само не многу количински Инаку и јас имам некои 10кг за симнување (па може и повеќе). Висока сум 1,70м а имам 74кг .... мојата посакувана тежина сега за сега е 65кг. Ајде заедно ќе се бодриме и ќе успееме да го симнеме вишокот . Помотивирачки е вака во друштво
Штом ти велиш дека сум ослабена,ослабена сум . Јас сум висока околку 1.68м.,а имам околу 75кг. т.е.Имав . А,ти известувај не за резултати .
Јас од денес ја почнав диетата ја имам држано и порано и ослабев 4кг за 2 недели ама ја прекинав нели матурски и такви работи сега имам за симнување 5кг,ама не им се брзам,имам време до август ) денешно мени појадок-ѓеврек и бомбона атлантис ручек-ориз со сенф и салата вечера-батак,малку сирење и пиперка испив 2 литри вода во мај за време на диетата јадев кифли и напладне бидејки бев втора смена на школа поззз до сите ова е здрава диета )
Здраво колешки диеталки Денеска 12ти ден од режимов. За појадок: 1кришка јачменов леб со мармалад од јагоди, банана и кафе Ручек: некоја салата Вечера: млеко или јогурт