Леа гледај да не јадеш многу сенф, ти можеш да ослабеш ама тоа се се маснотии кои ќе продолжат да ти се таложат во телото Инаку мене супер ми оди, си се навикнав пак, па ќе ја држам овојпат до крај
Касно станав денес, па да ми каже некој добро ли го пројдов денот прв ми е инаку.. Во 2ипол станав испив 2 лимнади сама си ги направив и туна без леб како ручек а вечера само што завршив белки од јајце, без леб и мало парченце сирење ..Океј е?
guitar супер е..... продолжи така :wink: Мarmalade претходно пишав дека во неделата (на 7миот ден) се мерев и вагата покажа -1 кг . Сега во недела пак ќе се мерам и ќе ви соопштам како напредувам . Инаку ако се мислиш дали да ја почнеш само ќе ти кажам дека не е воопшто тешка за држење, јадеш и благо а сепак слабееш. Не е брзо слабеење како со некои диети.... ама не ни се брза нели подобро полека но сигурно !!! Позз
Грешка, сенфот не е мајонез па да накачи маснотии, во сенфот има помалце од 10калории на лажиче и плус има диетални влакна кои се добри за диеталците.
Уште едно кило минус Преубаво се чувствувам Ако успеат да ми го поправат Орбитрекот од утре и на него ќе вежбам, заедно сме посилни П.С. За сенфот мислев дека има многу маснотии, не знаев за ова. Како и да е сметам дека сепак е штетно да се јаде во големи количини
Појадок : Кроасан и едно малечко крем бананче. Ручек : Чинија леќа и можеби малку салата. Вечера : Патлиџан со сиренце.
Сакам да ве прашам у врска со сладоледот, дека сум приврзана за него емотивно Кога може да се конзумира? Прво,дека млечна работа по некоја моја логика мислам дека би требало да иде во вечера, или пак во појадок?
Пак ли јас? Едноподруго? Добро. Значи само јас крекачки се хранам здраво. Брекфаааст : РибаЊче леб сУ крем. РучОк: Варен ориз со моркови и грашок. Вечера : ПатлиЃан со сирење.
gingerchild еве ти правам друштво и јас Појадок: 1 кришка интегрален леб со мармалад, кафе Ручек: Шопска Вечера: Јајце и јогурт П.С се мерев вчера и вагата покажа уште едно кило минус За две недели -2 кг......... и повеќе од задоволна сум Девојки кај вас како оди?
Ајде Sweetheart, да видиме како ќе биде. Јас ќе почекам да заврши неделава, па ќе ви кажам резултати.
Во појадок. Што е млечна работа, млечна е, ама има и шеќер, и тоа повеќе од млеко Навечер идејата е да се јаде салата, со протеини, ама основата да биде салата.
А оние леденине сладоледи?? тие од вода што се?? Јас и по дома правам сладоледи ( не од кесичка , туку од домашни продукти) , правам и ледени со овошје исцедено и слично,тие кога може??
Леле диетава.. Супер ми тргна со килцава, веќе си стигнав на идеална тежина ама ај ќе продолжам уште малку . Само не знам зошто вчера ми требше оброкот во МекДоналдс . Ај си викам ништо не е (па и не е да бидеме искрени ) и си седнав си каснав. Сега коси кубам ради тоа . Денес мора малце рестрикција, ради оброков вчера. За доручек само една банана, после си истегнав не знам колку чаши вода (ми се прочисти организмот од водава озбилно, само си мочкам ). И еве сега тегнам едно нескафе (без млеко, ама ставив лажичка шеќер, почна да ми се превртува желудникот), жива ненаспана сум, ќе пукнам. Здравје за еден саат ќе каснам еден тањир гравче, мора малце сила да соберам. Па за вечера ќе каснам нешто лесно, чашка јогурт и краставица (таратур де) или нешто така. Исто ќе трчам саат време ко луда низ соби (не се смејте, ми го поправаат орбитрекот па мора некое алтернативно решение, се надевам до утре ќе го поправат, да не изигравам луди Милојко низ дома ). И тоа е тоа за денес. Се издржувам од диетава само вечерата . Тегнам салати, јајца, виршли, а душава плаче за пица, тост, шпагети.. Добро веќе не е толку страшно, ама првите три дена беа . П.С. Swatki4ko јас мислам дека и овие сладоледи треба да се јадат за доручек, сепак и тие содржат шеќери.
Епа девојки и јас ви се придружувам од утре. Немам којзнае колку за симнување ама па неможам вака. Сакам да симнам 4-5 кг па се надевам дека ќе успеам во тоа
Денеска 18ти ден ..... колку бргу ми поминува времево со овој режим , ама ако За појадок: кроасан 7 days со кокос, кафе Ручек: Туна и малку сиренце Вечера: некоја салатка или јогурт (сеуште незнам) И тоа би било тоа . Ќе се мерам во недела пак да видам дали има резултати од последниве 7 дена од од режимов Позззззз
Појадок: плетенка со афион и еден сладолед Ручек: туна и салата краставички или шопска Вечера: кисело млеко и краставици Ми изгледа лесно се надевам дека овој начин на исхрана, а не диета ќе ми прерасне во навика