18 ден. Појадок:2 кришки црн леб со малку маргарин и веѓета и една праска Ручек:леќа и салата Вечера:таратор или само краставица Едно прашање. Дали вежбате во текот на диетата?
Ginger, кажи ми колку време ја држиш диетава и колку ослабе. Истово важи и за другите, сошто гледам дека пишувате што јадете, а не колку сте ослабнале. Јас се мислам меѓу УН диета и оваа и додека се решам ќе заврши летово и јас ќе си останам прасуле.
Петти ден веќе, еве за десетина минути, комбинирано со физичка активност. Има резултати кај мене, намалив две кила за три дена, тоа беше во Вторникот кога се мерев, од тогаш се немам мерено ама стомачето ми се повлекува.. А исто и лани ја држев, само не толку строго, си правев прекршоци, и скинав пет кила. Мислам дека е ефикасна, т.е. сигурна сум, ама, треба трпение и да се придржуваш стварно. Со физичка активност уште поубаво.
И јас си го практикувам овој режим веќе некое време, само од време на време си правам прекршоци , ама добро се чувствувам, не сум надуана во стомакот како понапред, а и намалив 2 кила до сега добро е, се држам
За појадок:1 краставица Ручек:Грав За вечера:Едно јајце варено и 1 краставица. Иначе се трудам да не јадам благо ,мислам дека повидливи резултати би имале Секако ако ти се пријади некое утро ќе си поткасниш
20 ден. Појадок:1 кришка црн леб Ручек:Пире Вечера:таратор Sweetheart87 ти да се мериш утре и да ни кажеш колку си ослабнала. И вие другите што ја држите оваа диета пишувајте колку сте ослабнале и за колку време.Дајте малку мотивација.Кај мене се уште не забележувам некои големи промени.
Појадок:Лепче со еурокрем Ручек:Мусака и салата од зелка. Вечера:Веројатно чаша јогурт. Епа вака се немам мерено бидејќи немам вага.Но можам да забележам дека стомакот ми е намален.Некогаш наутро не јадам благо туку салата или овошје .Ајде женски можеме ние
^^ Знам дека треба овошје или нешто благо,само работава е што не сакам да јадам благо а овошје не ми држи до ручек
Џинџер колку кила имаш ослабено? Јас денес за појадок се напив едно благо какао,за ручек печени компири и за вечера веројатно некоја салата
Појадок:2 кришки црн леб со малку маргаринче и мармалад Ручек:2 пиперки и ориз со тиквичка Вечера:краставица
Се немам мерено една недела, тогаш кога се мерев беше трет ден како ја почнав и имав 2 кила скинато, не знам колку сум до сега, ама се мачам, еве гледам се топам по малце. Ти?
^^ Јас немам дома вага и ич се немам мерено,ама стомачето ми е намалено.А и почнува да ме собира омилениот фустан,кој со години не ме собираше
Ќе не биде. Прочитав таму Иренна кај шо имаше пишено дека не може одма резултати драстични по првата недела, мора организмот да се привикне, после лесно ќе оди. Да ти кажам право не ни имам намера да се мерам најмалце наредниве две недели. Полошо ми е кога ќе видам дека не сум мрднала од килажата а очекувам. Вака салам прво да тргне работава, па после.. Колку време си на режимов?
Скоро 2 недели,ама понекогаш на утро не јадам благо туку зеленчук.Некако повеќе ми држе до ручек.На пр каснувам еден до два моркова и така.Благо јадам само некои утра кога стварно неможам да издржам,преферирам црно чоколадо Можеби не е исправно што на утро јадам зеленчук ама сигурно нема да накачам кила од тоа .Ти колку време си?
Една недела и два дена. Ама сепак потруди се да го оставиш зеленчукот за навечер, намачкај маргарин со мед, па и со вегета... Јас утре Појадувам : Кроасан и Нескафе, и една кајсија. Ручам : Компири со ориз и две корнишони. Вечерам : Шопска. Кардио ќе правам најверојатно кај 6-7 вечерта, дека тогаш ми е поладничко и покомотно за вежбање.