Од утре лебче и кремче и кроасани за појадок ќе има у понеделник, среда и недела, а вторник, четврток, петок и сабота ќе има овошка.
Баш убав режим на исхрана и навистина најправилно е така ЈХ од сабајле, ручек нормален и полесна вечера со зеленчук и протеини. Планирам да го применам овој режим здравје од наесен зошто сега сум на ун диета, и таму исто имам појадок овошје и потоа 2 оброци. Единствено што би препорачала / променила во оваа диета е во ручекот да не се мешаат протеини и скроб т.е. или само месо или само компири и не ориз, грашок со месо или јадења од типот мусака. Од позитивно искуство ви кажувам, немешање на намирниците! А најлогично е од сабалје да се накркаш убаво а не цел ден пладувај и пред спиење со стресена снага да згнетиш цела милка Со лесно на сите диеталки и само убави резултати!
Еве ми текна и мене да пишам. Гледам да се придржувам до режимов иако почнав малку да прекршувам. За една недела сум на одмор и нејќам да му дојде бум на организмот од нејадење до екстремно прејадување . Не дека ќе се прејадувам ама ми треба храна за да издржам по горештините, сонцево не е за потценување . Гледам и редовно да си вежбам. Веќе кажав стигнав до некаква си идеална килажа, сега само затегнување ми остана. Ај малце за оброците. Појадокот ми е колку толку ист, јадам или по две праски, или банана и праска (праски од оние голите големи што се, облечените не ги поднесувам ), или две-три крушки, претежно овошје. За ручек кога како. Најчесто јадам ориз, варен или печен, турлитава, манџички некои, тиквици во секакви варијации (ептен ги засакав, а до лани не ги поднесував) и со него патлиџанче или краставичка. За вечера најчесто јадам варени или пржени јајца, варени виршли сето тоа со сиренце (ретко), чашка јогурт и краставичка (покасно ако ми се пријаде). А конкретно денешното мени: За појадок јадев четири мали крушки. За ручек пола чинија ориз со малце мевце во него. За вечера нешто лесно ќе каснам, јајце или нешто такво. Јогурт пиев сега, после 70 минутно вежбање ама можда пак ќе се напијам. И то..
Може да има 1 недела како се придржувам до овој режим на исхрана ама полека полека почнува стомакот да ми се намалува. Пред да започнам со овој режим не сум се мерела а и сеуште не сум, ама не ми треба вага за да видам дали делува. Мислам дека намалив 1 килце со мали прекршоци(ме фати криза за сладолед) па се надевам дека ќе симнам уште 2-3 килца. Позз и со среќа и на другите што го применуваат овој режим на исхрана да успеат
Јас денес си јадев: појадок- праска и лепче со маргарин ручек- не беше баш ручек дека јадев после 1 саат по појадокот : мусли вечера- боранија со месо како манџа и краставица и пиев многу вода иначе и вежбав на орбитрек 10 мин. пс. прв ден денес ..
Мој совет ти е боранијата со месо да ти биде ручек, а краставицата вечера, со некое патлиџанче можеби.
Еве и јас од денеска одлучив да ја држам оваа диета, За доручек изедов 2 мали лажички цветен мед, за ручек сеуште незнам што ќе зготви мама, но нема да се рпејадувам и ке јадам без леб. А за вечера планирам чаша јогурт, а можеби и некоја мала салатка Е сега сакам да прашам дали вака е добро и се надевам дека заедно ќе се подржуваме и ќе успееме да стигнеме до нашите посакувани резултати
Подобро е ако го намачкаш медот на малку леб,да не му дојде на организмот шеќерен шок не знам баш дали ова вака се вика,ама на една другарка и се слоши еднаш насабајле,на лекарот му кажала дека каснала само мед насабајле и и рекол не така чист,на лепче,макар и мало
Денес ми е 1 ден од диетата доручкував кроасан и кафе со шеќер и 1 јаболко а за ручек летна манџа без леб а за вечера планирам павлака 200 гр и шопска и ги вежбав тие вежби премногу се испотив http://youtube.com/watch?v=RmHVGgrunyU
Дали може да се јадат пилешки колбаси,и кога?За вечера или ручек? Обично си ги правам без масло на тостер,имаат малце кашкавал внатре ама многу малце
Здраво на сите форумџии јас сум нова на форумот баш оваа тема за слабеење ме поттикна да се зачленам иако подолго време го читам сајтот дури денес видов дека има и форум.Многу ми се допадна диетата на иренна и ке почнам да ја држам,сум прочитала безброј диети и со секоја што сум ја пробала ми идело да умрам за јадење оваа баш ми се допадна не е воопшто строга и доста здрава ми делува а и како што читам доста ефикасна :up: супер диета.