Подобро е да јадеш месо и салата или компир и салата, отколку компир и месо. Јаглехидратите е препорачливо да се внесуваат што порано во текот на денот, за да се истрошат, да не се таложи вишокот. А компирот спаѓа во групата на јаглехидрати
Здраво девојки!се враќам на диетава за кило-две,се мислев кога да почнам ама се решив од утре,посебно поради една репортажа што ја гледав денес на тв.Па и како се погоди само што уклучив тв почна репортажата,си викам ова е знак Беше тоа експеримент со две идентични близначки.двете беа околу 170 цм високи и по 68-69 кг,сакаа малку да ослабат.На првата и беше одредена диета со броење на калории (1200 кал на ден,и тоа распоредени на секој оброк), на втората и беше одредена оваа диета (тука е позната како диета ‘слабеење во сон,имено ако се јадат наутро само јаглехидрати се трошат во текот на денот,а ако се јадат навечер исклучиво протеини тогаш масното ткиво се ‘отвара‘ и хормонот за раст,кој се лачи во спиење,го напаѓа масното ткиво и го ‘цица‘. е баш вака беше објаснето,ептен како за деца,ама воглавно е тоа). Пред да почнат со диетите ги мереа и им правеа крвна слика. Почнаа со диетите и се гледаше ептен разлика во тоа што го јадат. Првата близначка на пример,јадеше за појадок црно лепче со путер и домат,ручек крем супа од домати,вечера двопек со крем сирење и слично..така се некои суви работи. благо надозволено,ни сокови. Втората,со нашава диета,имаше за појадок на пр. 5 (!!!) големи тостирани лепчиња со путер и нутела,ручек шницла со сос и помфрит,десерт пудинг и сок,вечера голем телешки стек со салата или појадок два големи француски кроасани ,пресечени и намачкани со путер и мармалад (еден мал таков кроасан има иначе 500 калории) ,па ручек пица,десерт чоколадце,вечера виршли. После недела дена ги прашаа како се осеќаат,првата со броењето вика гладна сум,нервозна,агресивна,немам енергија,одвај чекам да заврши,барем да сум ослабела некое кило.Вторава вика супер се осеќам,имам енергија,поубаво спијам,со тоа дека навечер само протеини јадам имам голем апетит за појадок и имам некаков ред во исхраната. Единствен плус кај првата ,а минус кај втората беа меѓуоброците. Со броењето на кал беше дозволено некој крекер измеѓу или јаболко.кај другата со оваа диета,не смееше ништо тие 5 саати меѓу оброци,само вода,ни сокче ни ништо. После еден месец ги мереа и им направија крвна слика.Првата имаше ослабено 1,3 кг а нивото на холестерин и беше качено втората имаше ослабено само 1 кг ама крвната слика и беше подобра од пред диетата,нивото на холестерин намалено! Кажаа дека тоа е реално очекување,1-2 кг месечно со диетава,со здрави диети се губат 0,5 кг неделно.и може да се практикува цел живот,ова е здрава исхрана. Сега за мене тоа е многу,5 тоста ни на сон не можам да изедам,или пак толкава порција свинско печење,па и сосеви и десерт на крај најважно ,тие 5 саати да се запазат и да не се меша,значи појадок само јаголехидрати,ручек мешано,вечера само протеини,5 саати пауза и тогаш само вода.не да се дели појадокот,едно колаче во 7 сабајле па друго во 9,тогаш нема ефект. Е така,се надевам ќе успеам да го држам овој режим,едно време вака се исхранував и бавно ми идеше дека имав бајаги за симнување,сега немам толку и не се замарам многу. од пораѓај ослабев 18 кг сега за едно-две не е итно
Ми се јаде многу благоо веќе сум 5 дена на диетата денес доручкував геврек ручек грав вечера 4 виршли да апнам малку нешто блачко или да си сварам кафе неможам без благо....
ама без леб и тоа ми беше од 7и30 вечерта до сабјле сакам да прашам дали може да јадам за доручек варени макарони ??
Можеш, ама да знаеш многу ти се калорични. И четирите виршли ти се исто многу за вечера. Ако имаш комбинација на храна немој да постилаш софри и да мислиш дека ќе слабееш. Најдобронамерно ова.
Јас не сфатив баш, зошто е ова? Јас па редовно ручам месо со компир или месо со варен ориз. Оризот воопшто не дебелее и почесто него го јадам, ама исто месото го комбинирам и со компир или пире и секогаш без леб.
Полесно се вари храната ако се јадат намирниците посебно,или месо или компири,јаглехидратите се варат поинаку и подолго од протеините,и затоа ако се јадат посебно побрзо се слабее. а тоа месо компири и леб само ние и Турците,друг народ така не јаде,еве веќе 5 години како не јадам такви комбинации. оризот дебелее иначе,и само со вода да го вариш,тоа си е јаглехидрат. Земав денес глина за пиење и против целулит,каква е гадна уфф ама здрава е,ја имам пиено и многу позитивни промени ми се случија за само 3 недели,ова кажувам кога имав 17 години,подослабев малку,кожата ми се исчисти и тенот ми се смени,потемен ми стана и немав менструални болки долго време потоа.за за целулит ја немам пробано,не може да штети,освен што ќе направам лом по дома
Па не знам дали беше баш таа марка,знам дека беше зелена опаковката и пишуваше глина за орална употреба. Може се за ручек,мешан оброк,и десерт Денес за доручек лепче со нутела,сок и кафе, ручек леб и паштета (не знам што ми стана), вечера печено сирење во фолија со домат и оригано и зелена салата (ептен вкусно,и брзо се прави)
сакам да прашан дали може да се јаде сончоглед заразна сум од него инаку 1 недела сум на диетата и вежбам секој ден немам никакви резултати уф... јас никако неможам да ослабнам имам 65 кг сакам да имам 58
и јас истото сакав да прашам, али јадев 1-2. мислам дека е дозволено да се грицка бадеми, сончоглед или лешници, ама ако грешам нека ме поправи некој. а за слабеењето јас не вежбам скоро ич ама еве како сум на диетава 2 недели и мешето почна полека да се намалува, па се надевам на подобри резултати