Да се придружам и јас на темава... Од денес започнувам со диетава.. поточно вчера вечер решив па за вечера испив две големи чаши јогурт. Утрово планирам да јадам геврек, веќе пијам зелен чај и мнооогу вода. Да додадам ќе пијам Инкафе без шеќер прелиено со вода и лажичка домашен мармелад од кајсии. Ја започнувам со 62кг и целта ми се -10кг кои ги чувстувам како одвишок а ги накачив со апетитот од доењето.
Не може ништо меѓу оброци,само вода и кафе без шеќер,5 саати меѓу оброци пауза.ја додржувам 4 до 4ипол Се немам мерено и не сакам да се измерам,вчера почнав пак со вежби по дома и со антицелулитни масажи,се надевам ќе донесат некој резултат
Денес ептен ја утнав диетата сабајле јадев геверек со маслинки ручев дропче а покасно мајка ми направи крофнички неможев да се воздржам да не апнам неколку крофнички и вежбав 40 мин потоа пак 3-4 крофни апнав ах тој стрв...ах ах за вечера 2 варени јајца и пиев многу вода и зелен чај а утре му е на дечко ми роденден а порачив торта за да го изненадам ќе ме натере да апнам барем 1 парче го знам јас него што ќе правам јас уф
И јас зезнав денес, доручек банана, ручек печени компири, за вечера салата од краставица и месо требаше и стигнав до краставицата и опнав мрсно после тоа. Браво за мене.
а ако дома не ни направиле ручек а сами не можеме (на пример јас с о12 год. не знам некој салам ручек да си напрам ), шо да јадиме ?? gingerchild ти спомна дека можи кајгана за ручек, значи да си напрам кајгана јас сега ? Инаку диетава ја држам веќе 4 дена и не гледам некои подобрувања - напротив, поголем ко да ми е стомакот ама веројатно е тоа бидејќи не пазам толку многу што јадам, бидејќи навечер си јадам варено јајце, сиренце, кисело млеко(некогаш) и некој зеленчук, ама со то и леб печен јадам :/ ај од утре почнувам СТРОГО да се придржувам на диетава и да вежбам, па ќе пишам резултати П.С. единствено добро од овие 4 дена е што се чувствувам подобро поради тоа што правам пауза од 4-5 часа помеѓу оброците, а не како порано на секои 5 минути јадев по нешто и цело време изморена (од јадење) бев
^^ Aко сакаш да имаш по видливи резултати одбирај поне калорични јадења...Иначе шукни,кашкавали настегај се и нормално после нема да ослабеш... И на утро гледај да јадеш некои благи работи што немаат многу калории.На пример можеби црното чоколадо има прилично онолку калории колку што има обичното чоколадо но за разлика од него има повеќе хранливи состојки кои му требаат на организмот.
Значи пак по стоти пат ќе кажам не да постилате софри оти има режим на внесување исхрана во одреден дел од денот. И јадете пржено, јадете печено, јадете благо, јадете кисело и мрсно, ВО ПОМАЛИ КОЛИЧИНИ ОД ПРЕТХОДНО. Јадете и бел леб за ручек ако сакате, и за појадок ако сакате. Поарно е да изедете парче бел леб од колку кроасан или чоколадо. Црниот леб некогаш е индустриска варка, не дека има врска со калориите. И ВЕЖБАЈТЕ. Без вежбање џабе е, резултатите ќе бидат минимални. Се слабее кога организмот согорува повеќе калории од оние кои ги внесувате. Не си бранете ни кајгана, ни месо, ни пржени компири, ама во умерени количини и во одреден дел од денот. Се слабее и со леб и со мрсно. Ако се знае како и кога, и колку да се внесе. И со чоколадо се слабее. И кока коли пијте од време на време, па се слабее. За да ослабете не треба да гладувате, туку да се храните правилно.
од денес и јас сум со вас... отприлика сакам да ослабам 4 кила..вежбам подолго време и секако ќе си продолжам во текот на диетата.. го почнав денот со овошно смуди и кафе ..посакајте ми среќа
ако ми пишуваш мене, не реков нигде јас дека јадам шунки и кашкавали И пак јас сакам да прашам нешто , питулици кога може да се јадат ? оти мајка ми денес питулици имаше за доручек направено а јас не јадев оти мрсни се, нели и се испокаравме и на крај изедов само едно јаболко мало и неколку капини инаку ако не разбирате за што ви велам (бидејќи некој ги вика питулици а некој мекици, тиганици или пак сликава ко ја зачуввав во компјутер ми се појави со името пишии) ете слика -
не бе, не ме навреди и да ми викаше мене, сепак ќе го сфатев како совет, не навреда а anabel-a ако ми викаш за питулиците, сигурна си?? бидејќи вели да не се комбинира со масти