може ли да се јаде оваа за вечера ??Препечен сендвич со сирење: Препечениот сендвич со сирење не содржи многу калории, но внимавајте на маслото кое го ставате. Може да додадете и зеленчук, така што оброкот ќе добие на обем, а нема да штети на вашата линија.
За вечера само протеини - месо, риба, јајце (пожелно белка), јогурт, млеко, сирење... лебот оставете го за наутро. Она што најмногу дебелее, јадете го што порано во текот на денот. Вие ако мислите дека од мрсно се дебелеете, погрешно мислите - мастите му се потребни на организмот, но во поголеми количини го замастуваат црниот дроб и ги покачуваат вредностите на холестеролот и триглицеридите во крвта. Оние кои се најголеми виновници за дебелеење се ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ чиј вишок во организмот се складира како масни наслаги. Пожелно е да се јадат за доручек, затоа што се трошат во текот на денот, но сепак, не во претерани количини. А во јаглехидрати, кои ги има и прости и сложени спаѓаат сите слатки работи, овошје, тестенини, житарки и зеленчук кој содржи скроб (компир и слично). И пожелно е да не се мешаат протеини и јаглехидрати бидејќи взаемно си го отежнуваат процесот на варење во желудникот. Затоа е подобро да се јаде компир и салата од свеж зеленчук отколку компир и месо. Или пак шпагети (или кои и да било други тестенини) со сос од зеленчук и кечап е подобро отколку шпагети болоњезе. Се извинувам за примерите, ама гледам дека доста грешки прават оние членови кои се релативно нови во оваа тема
e сега се ми е појасно, а се надевам и на другите мене дури денес ми текна дека во лебот има јагленихидрати и за првпат за доручек јадев леб (и тоа сосема малку, не бев сигурна дали можи) ... и значи навечер нема леб така ?? јас па со секоја салата си јадев мала кришка леб, само вчера јадев шопска без ништо xD
Абе луѓе, една збунка се деси кај мене Овесните снегулки насабајле би ги јадела, така? И ако од сабајле ги јадам, со што би можела да ги искомбинирам? Јогурт несмее, млеко несмее.. М? Може малце глупичко прашања, али стварно не ми текнува ама баш ништо друго освен ова.. Инаку, јас сум на некој ваков режим, али не да слабеам туку да ја одржавам тежината . Од сабајле гледам да јадам јх, за ручек тоа што има дома, за вечера протеини.. За доручек понекогаш и малце повеќе си дозволувам, заради физичките активности во денот.. И така
^ Овесните снегулки слободно јади ги со млеко или јогурт, секако со најмалку масти што се. Јас овесни снегулки или мусли јадам наутро веќе може цела година со млеко и цело време си ја одржувам истата тежина. Така да слободно јади ги со млеко или пак со јогурт
Анабела и јас многу се мислев за овесните снегулки,некако ми немаше смисла со нешто друго освен млеко или јогурт да ги јадам,сепак млеко е дозволено само две големо лажици насабајле во кафе.и читав дека ги јадат со сок од портокал дали е вкусно не знам,знам само дека кога му правам на бебуш каша од овесни снегулки, превриена вода и овошје дека не е така лошо Кој праша за книгата не знам дали ќе биде од помош,колку што знам не е уште на англиски преведена или на друг јазик,еве официјален линк http://schlank-im-schlaf.de/ . Ја сум и не сум на диетава,поради промени во денешни активности последен оброк ми е во 5 попладне така да и не пазам секогаш.почнав да работам и околу работното место врие од ресторани за брза храна,како ќе успеам да останам нормална не знам,ќе си носам од дома ослабена сум и ништо не ми е точно,два пара панталони однесов на шнајдер да ми ги стеснат,друга гардероба ќе морам да купам,ептен ми е тешко
почнувам и јас од утре, посакајте ми среќа ќе појадувам - 2 банани ручекот зависи од мајката иии ќе вечерам патлиџан и рендано сиренце
И пак јас на оваа диета малце паузирав тоа поради одморот, ама сега повторно се трудам да се вратам на овој режим. Појадок - 1 праска и парче така подебелко торта, тоа додека да ми се навикне организмот потоа пак нормални парчиња ќе јадам ручек- не се знае што ќе зготви мајка ми вечера- ништо или ако ми се пријаде чаша јогурт
Анабелке, а ти да видиш колку калории треба да внесуваш најмногу за да ја одржуваш тежината?И да си внесуваш по толку дневно?
Јас почнав од денес со диетата. Претходно само внимавав на исхраната, но слабо ми одеше. Појадок: 2 сливи и неколку парчиња диња Ручек: сарма од лозов лист и 1 парче леб Вечера: шопска салата Меѓу оброци изедов и овошје знам дека не треба, но не можам без овошје. Ветувам постепено ќе намалувам. Обично вежбам на степер, но денес многу жешко беше.
И јас исто така од денес ја почнав диетата. Лани ја држев знам ослабнав,задоволна бев. Е сега незнам дали ќе издржам ама сакам до крајот на месецот да ја држам за на школо да бидам тип топ Денес за доручек јадев 2 фафли со мармалад од јагоди ,зелен чај. Ручек Шпагети ама само со ќечам и сиренце. Вечера Житарки Се надевам дека ќе постигнам некои резултати плус одам 4 пати во неделата на зумба па ќе видиме. Ќе се трудам секој ден да пишувам што јадам ,така мислам дека и не би ја прекршила диетата А сакам некаде околу 5 килца да скинам ,не се баш малку ама ако си упорен ќе биде зар не
Неколку страници наназад прочитав дека никако житарки и млеко наутро ...затоа за вечера ги јадев. Да продолжам да ги јадам за вечера или ?