Мислам дека може зошто да не. Еве од темата Како до секси тело како Џесика Бил. Ос јулијана совети. Јадења што се полни со здравје, и што ке ти го избалансираат телото се следниве. -јогурт обичен незаблазен, -секави бадеми, лешници, кикиритки, бразилски лешници, oреви и се во слишна форма, - путери од претходните, пинат бутер, -црн леп, -грав без масло, -лека, -секакви житарици, -секаво месо, -посебно риба и пилешко ( печено), -колку сакаш овешје и зеленчук, -компир печен не пржен, -печурки, -јајца, -млеко, -соја, - леблебија??? не сум сигурна оти така беше зборот, -фета сирење и кашкавал, ( не многу али здраво е, има калциум и протеини, -кромид, лук, јаболков оцет, -ајвари и зимници, - домашни мармалади и компоти не многу затоа што имаат шекер али секако дека мозеш по малку, -секакви семки ( сите семки се ептен здрави) -ориз не бел туку кафеан или див ориз -и од слатките црна чоколада, не млечна и алва ( алва е здрава али има многу калории така да мало парче.
Денес за појадок изедов 1 ипол тулумба,кафе и неколку зрна грозје. За ручек ќе имам саламурено свинско месо печено со компири,се мислам дали да јадам од компирите или од месото,а во никој случај не ги мешам .Си викам од месото да каснам па денес малце да внесам повеќе протеини За вечера пак од месото ќе си каснам со некоја салата Што велите?
Не,не прашав дали да јадам исто и за вечера и за ручек? А не да јадам и компир и месо Сакав по едно парче месо да јадам и за ручеков и за вечера
Деновиве сакам и јас да ја почнам диетава, само ме интересира дали може да се јаде двопек за вечера пошто не сум многу по салати, јајца итн?
Може ли да се јаде за ручек скара денес имаме за ручек скара и пржен компир нема да ми дадат да јадам друго
Денес За појадок се напив кафе и 4 чајни колачиња. За ручек имав компир манџа со телешко.Си го наполнив тањирот убаво и се се најадов,мевце само едно каснав колку за адет.Повеќе компири изедов и каснав корка да За вечера веројатно шопска И да се пофалам многу сум заслабната во стомачево,вежбам стомачни ама преку еден ден,неможам да најдам слободно време. Уште малце нека ми се поднамали стомаков и ќе земам редовно да вежбам. А имам голема физичка активност,многу пешачам
Може и компир,според мене. Инаку денеска мене ми е 6ти ден Доручек Корнфлекс и овошје Ручек Супа Вечера Салата и една шницла
Ден 8 ми си продолжувам со грозје за доручек За ручек веројатно само ориз со патлиџан за вечера копан со салата Мислам дека сум подослабена ама утре ќе се мерам
Конечно јас од денес почнав, ама мислам дека претерав,па така овој ден како пробен ќе го рачунам Доручек: кафе и чоколадо за готвење Ручек: пржени тиквички,пипер и патлиџан заедно Вечера: две варени јајца со шопска а и меѓу доручекот и ручекот изедов мала круша Како и да е од утре ќе се трудам појке
Е денес ја претерав Шејм он ми Убаво си тргнав ама трагично завршив. Појадував лиснато,ручав пржени пиперки,домат,парче сирење и 4 маслинки потоа за вечера шопска ама многу малце каснав,и за крај изедов 4 мали компири,1 крајшник леб и 4 големииии лажици пудинг. Ова со пудингов и компириве незнам што ми требаше ама Се нервирам и мака ми е Од утре малце построго и да ме бркате од темава ако уште еднаш згрешам До сега вакво нешто ми се нема случено значи
Добро е се измерив вчера -1кг(она што го накачив на одмор ). Сега најтешките две се на ред за симињање. Вчера добро поминав доручек ми е стандард грозје ручек само ориз вечера салата патлиџан со пиперка и сирење Гледам да избегнувам леб и благо кооолку што можам Денес е ден 9 грозјето е до мене.За останатите оброци ќе пишам утре