Овој начин на исхрана е многу ефикасен јас ослабнав 2 кг за 10 дена ама бев болна многу ,имав некои проблеми,па прекинав ,сега сум добра и од утре се вракам на овој режим
Денес не бев многу гладна.Затоа наместо чаша млеко вечерав само едно парче сирење. Јас оваа диета ја почнав од Јули,но имаше денови и кога прекршував ,па затоа не сум многу ослабнета.Но,забележувам како мешето ми се намалува и да се пофалам дека има две недели како не сум ставила благо во уста .Сигурно имам ослабнено 3 кг.
Денес за појадок јадев 2 кришки леб со паштета,оддамна немав каснато и денес кога купи мајка ми,ми се присака и си реков подобро тоа што сакаш касни си го отколку утка да направиш И крекери каснав,ама тоа малце порано бидејќи бев од 5 часот утрово станата,берев тутун и каснав од крекерите а подоцна појадував.За ручек ќе имам варени компири и домат ќе каснам.За вечера јогурт Иначе вчера денот ми идеше супер се додека не појдов на роденден Каснав таму кифла и торта,затоа не вечерав. Иначе денес појадував кај 9 часот а сега ќе ручам уште малку,не чуствувам глад ич Цели 6 часа немам јадено значи
Вчера решив да терам воден ден да се прочистам.Добро е преживеав . Денес Доручек-парче домашна торта со пудинг и бисквити,праска и банана (тоа до 12) За ручек -грашок Вечера шопска салата
Девојки два дена ја утнав диетата,пуста си јас некоја криза ме фати Еве од денеска сум повторно на овој режим на исхрана и се надевам до крајот на август ќе издржам. Денеска доручкував корнфлекс и капучино За ручек дома има некое си тавче со ориз тоа ќе јадам без леб И за вечера некоја си салата а може само краставица или патлиџан. Па со среќа нека ми е ,како на мене така и на сите други среќно !
За негде околу 2 недели -2кг.Во обем слабеам екстра,ама тоа мислам дека се должи на вежбањето.Вежбам секој ден, дома по 30тина мин.Правам отстапки ама па мислам дека тотално го менувам начинот на исхрана.Е сега јас немав многу за слабеење.Имам уште едно кило кое најверојатно ќе оди најтешко. Само што ќе станам јадам 2 лажици мелен лен со лажица сок и 5 зрна аронија. До 12 сабајле, вчера јадев праски и парче торта за ручек - чаша јогурт за вечера- салата Не бев посебно гладна па малце храна внесов ( освен тортата ) Денес, нормално почнав со ленот,5 зрна аронија,3 мали праски и 1 јаболко до 12 За ручек планирам печени макарони(мала порција) За вечера варено јајце со патлиџан салата Од понеделникот почнав да си правам ароматизирана вода.Во 2л вода цедам 2 лимони, кората ја сецкам на парчиња и ја ставам во садот,рака свежо нане и лажичка мелен ѓумбир.Една вечер преседува во фрижидер.Секој ден си носам на работа,а си пијам и дома.Многу освежува а и ептен е здраво се во него.Гледам и секој ден да испијам бар еден зелен чај.
Бидејќи направив неколку прекршоци,решив вчера одново да си ја почнам. За вчера. Појадок:Нескафе и две кришки леб со крем. Ручек:Домат,парче сирење и кришка леб. Вечера:Исто. Јадев леб бидејќи количината на храната ми беше мала.Подобро леб од колку нешто што не треба иначе вечерав во 18 часот и до 23:00 пиев само вода. Денес Појадок:Средно парче торта,нескафе и 5-6 соленки . За ручек ќе имам грав,а за вечера веројатно домат/краставица и сирење/јогурт. Незнам до вечер има време
- Феминки, јас сеа сум на Ун диетата, ама после неа би продолжила со ова, само ме интересира дали се враќаат килограмите одкако ке ја прекинеме диетава, тј режимот на Ирена?
Вчерашниот ден помина во најдобар ред.Мислам дека од понеделникот не сум каснала леб .И кога јадам преферирам црн.Денес за доручек -лен,5 зрна аронија,шака боровница,до 12 на пладне 3 праски и неколку зрна грозје.Додека сум на работа до 4 кафе и еден зелен чај,вода со цеден лимон,ѓумбир и нане,и нормано обична вода за ручек планирам чаша јогурт е за вечера веројатно салата и сирење Се надевам и денес ќе се натерам на плус 40 да извежбам бар малце. Да не се повторувам со менијава секој ден.Ќе пишам во понеделник тогаш се мерам .
Јас диетава ја држев во мај месец и ослабев 6 килограми и до сега немам ништо вратено а јадам нормално. Не ја држев строго(јадев благо после ручек, вечерав касно...) и пак имав резултати. Приметив само дека јадам помалку од порано и обавезно вечерам.
До пред 3 месеци ја држев УН диетата, и ослабнав 7 кг, овие 3 месеци со нормална исхрана, немам покачено многу, околу 1 кг, а сакам да симнам уште 2-3 кг, па ке ја почнам оваа диета, па ке пишам за резултати. Денес за појадок изедов 2 сливи и 1 мала наполетанка, за ручек пржени тиквички со кисело млеко и 1 парче црн леб, и зелен чај, за вечера пак зелен чај може и 1 чаша јогурт... а може ли вечер да се грицка сончоглед?
И јас би се придрузила кон сите оние кои ја дрзат оваа диета. Но, Ве молам, бидејки имам внучиња и неможам многу да размислувам околу комбинациите, дали некој може да ми даде листа на јадења за една седмица. Многу сум Ви благодарна
Волшебна Иако велат дека сончогледот имал многу калории не верувам,мајка ми неможе без сончоглед ни ден па грам нема накачено повитка е дури и од мене Слада Најпрво добре ни дојде,мило ми е што има и постари жени кои сакаат да се одржуваат во форма Иначе како што знаеш за појадок можиш овошје,благо,листано и сл.За ручек можеш да ручаш компир манџа,печени/варени компири,супа,леќа,грав,пиперки,варени јајца,салати,месо печено,копани и имаш доста голем избор на храна За вечера се знае протеини и салата,можеш сирење,јогурт,стек и сл.Е сега најважно е да не ги мешаш продуктите на пр.компири со месо,или грав со колбаси.. Со среќа! Иначе моето мени за денес: За појадок:2 мали кришки леб со слатко од сливи и чај. Ручек:Грав За вечера планирам шопска
Еве ја мојава приказна во врска со Диетата на Ирена Диетава ја почнав негде фебруари-март ја дрзев 10 дена и од 78 се симнав на 74 набрзо потоа кога ги видов резултатите ми здосади и престанав да ја дрзам.Ослабнатите килограми до сега не ги вратив.Послем неа ја дрзев една 7 дневна диета ја дрзев 4 дена и ослабнав 2 килограми и тие не ги вратив.Кога почна летото си ветив сама на себе дека до 3 септеври (односно утре) ке ослабнам 10 кила и да дојдам до 62 но тоа не се случи не бев истрајна и ги прекрушував диетите.Ја прегледав цела Фемина и најдов некои совети за брз метаболизам (лимон и мед) за рамен стомак ( 6 пати да се јаде ) и така ама и до неа се отказав.Следна беше Аткинсовата бидејки немаше овошје и зеленчук и таа ја отсакав.Потоа смислив и моја диета на која ослабував по 600-700-800 грама на ден али и таа ја оставив.Во главно подобра диета од ДИЕТАТА НА ИРЕНА НЕМА!!!!!! И еве од вчера па сум на оваа диета. Вчера на мени ми беше -доручек-банана и баничка со сирене(знам дека утнав со сиренјето) -дека доручекот ми беше во 1 а и дека вчера ги мејававме плочките во кујна не јадев ништо за ручек -во 22 кога седнав да јадам бев мртва гладна и сакав да си намачкам 3 кришки маргарин со кашкавалче ама се отказав некако од тоа и земав краставица и кашкавал.Грешка ми беше тоа што послем вечерата изедов 4-5 наполитанки и испив 1 чаша сок али идеме понатаму. Денес за доручек поп кејк,едно квадратче месено со крем и малку грозје,за ручек чајна со јогурт без леб и за вецера краставица со сиренје или чајна. Спојлер Луге сум заборавила како е да не си гладна а да си на диета. Почнувам од 70.7 кила ке видиме со колку ке завршам и сите што во моментов ја дрзите пишете што јадете позз.СЕ ИЗНАПИШАВ !!!!