ех, и јас тоа се чудам. ама според она што сум читала, може навечер ако седиш до касно и ако осеќаш глад. Подобро такво нешто отколку леб. Ама пази и тие имаат масти. Немој да претеруваш. мене повеќе би ми одговарало наутро со појадокот да каснам. Ем за концентрација се добри ем ќе ги потрошам во текот на денот.
Млекото и јогуртот не мора да бидат нискомаслени. Погрешно ви е верувањето дека мастите, меѓу другото, дебелеат. Инаку, јаткастото овошје е најдобро да го јадете претпладне, ако ве фати глад, и тоа максимум еден грст, непечени, несолени
Зошто да не се препорачливи? Зависи како ја сфаќаш диетата. Според мене, тоа е режим на исхрана, а не откажување од јадењето. Јаткастите плодови во умерени количини се доста корисни, и само ако се непечени и несолени. Богати се со Б витамини, неопходни масни киселини и заситуваат прилично. А тоа е она што се бара од одреден продукт во исхраната при диета
Палента се јаде исклучиво за појадок, никако за вечера, по можност со кечап и слично, со павлака или сирење не
Девојкиии да ве прашам што јадете кога сте втора смена во училиштееееее? Nе би сакала да ја прекинам диетата
Не да се препорачливи, туку се задолжителни! Што ќе прави кожата, слузокожата, косата, ноктите, се! На метаболизмот му се потребни здрави масти за да може да се функционира. Со обезмастена храна се доведува само до проблеми. А јаткастите плодови имаат Омега масни киселини и железо како да се излезени од морето. Ако мислиш дека е подобро да земеш еден грст вештачки апчиња да испиеш за истата намена, ОК, секој си има свој избор. Подобро цела година за губам 10 кг ама здраво, отколку веднаш па да се слукам после кој орган прв да го оправам...
Не мора да јадеш на училиште,јади пред да тргнеш и кога ќе се вратиш,а на одмор сокче нешто ако сакаш,ја изгржувам,немам проблеми,за тебе не знам
Aха е па фала многу, туку дома јадеш нормално или? Дека сеа е сезона на ајвар и џемовии и такви, многу ми е тешко да се воздржам И да те прашам колку време ја држиш диетава и дали има ефекти?
не можам да ја оставам диетава најдобра од сите што сум ги пробала и пак ќе ја држам.ослабев 2 кг ради промена на обврски и слично,ама не се исхранувам добро,сакам вака да продолжам. Ја имам сега и книгава така да нема шанси нешто погрешно да направам.принципот го знам,ја земав ради многуте рецепти,супер се.има и многу идеи што можеш да јадеш а да не готвиш,тоа е уствари издание за вработени. Ако некој не слабее како што очекува,тоа е дека јаде премалку.значи двопек со нутела,ориз,салата,ништо од тоа,се слабее пола кило и се стагнира,или пак јојо ефект на крај.во книгата има и поени кој колку треба да јаде според тежината и верувајте дека има МНОГУ за јадење,количински.може за некој нема смисла,за мене има,ако е така распоредено се преку денот.со среќа на сите!
Марина ај те молам кази ми од каде ја купи книгата за диетава што ја спомна во твојот пост и колку пари те молам баш такво нешто ми е потребно во препуниов мој распоред. фала ти однапред и со среќа на сите диеталки
Јувентина ја купив на амазон за 15 евра на германски.Не знам дали има преводи,мислам дека нема ама побарај ,еве линк од книгата http://www.amazon.de/Schlank-Schlaf-Ber ... 357&sr=8-1 Со среќа и на тебе!
Пак ја почнав диетата. Јас сум обратна од сите, во лето се дебелеам, во зима слабеам Не се придржувам многу строго до правилата, ми се случуваат отстапки, ама се редки. Бев изненадена кога застанав на вага. За 5 дена имав симнато килограм и половина. Глад не чувствувам воопшто. Немам проблем дури и ако некој пред мене јаде нешто, едноставно знам дека не мора да го јадам тоа сега, можам да го вклучам во некој друг оброк или некој друг ден.
Ја разгледав диетава и баш ми се чини супер. Јас некое време си поставив режимче (не дека строго се придржувам ама бар припазувам што јадам,не бутам сешто и во секое време),кое се состои од-овошје за појадок,за ручек-било што само без лебче,вечера-нешто од ручекот или салата. За околу 9-10 дена си симнав 4 кг. Like a boss.
Може од време на време некогаш наутро хамбургер? После дома секако некоја чорбаа и за вечера чаша јогурт или млеко, или кувани виршли..?