Јас повторно се враќам на диетата на Ирена Си ја држев пред 3 месеци и неделно симнував по 1 кг, ама сега ќе видиме како ќе биде. За вишок... си имам и тоа доста. Денеска 1 ден Појадок: геврек и пола банана Ручек: бидејќи сум на работа, од дома си зедов 2 варени јајца, малку кашкавал и јогурт Вечера: најверојатно ќе биде или јогурт или шопска салата Wish me luck girls.... I'll need it
Ја држев оваа "диета" претходно и бев задоволна од резултатите, скоро 2 кила за 10тина дена! Сега веќе 5 дена ја држам и за среќа немам вага тука Немам многу за слабеење но сепак...намалувањето особено во обемот на стомакот не е возможно да не се забележи Вчерашното мени: појадок: компот од јаболка ручек: салата и пилешки стек вечера: само јогурт Веќе и да не паѓам во искушенија за нешто чоколадно иако е дозволено наутро потребна е само упорност девојки!
девојки а ајвар кога може да се јаде или не спаѓа во ниедна комбинација ? и дали има шанси за 10 дена да симнам 3 кг?
можиш зошто да не ако практикуваш и вежби.. а ајвар како ајвар јас кога ќе ме фатат кризи едно црно лепче си го печам и си мачкам
Вчера Појадок: 1 колаче, 1 банана и кафе со малку шеќер Ручек: Спанаќ, без леб Вечера: 1 парче сирење Денес: Појадок: Геврек, 2 мандарини и кафе (плус 1 шумеќа и 1 шоља чај во паузата до ручек) Ручек: Повторно спанаќ од вчера Вечера: 2 јајца, сирење и јогурт Се надевам дека ќе се придржам до планот денеска Заедно со диетава имам и физичка активност: Во саботата скокав јаже (околу 500 скока) + вежби со пилатес топка, вчера пешачев 5-6 километри ама по угорнини , а денеска планирам на орбитрек да вежбам едно 45мин
Здраво, Многу ми се допаѓа диетава, мислам дека е супер. Имам само еден мал проблем: Навистина незнам што да јадам за ручек, а да не отстапам од правилото.Баш во тој период сум на работа, сеој ден од 07:30 до 17: 30 и навистина незнам која би била здравата замена за домашно готвените јадења.Ве молам за сугестии.Поздрав
Некои луѓе штом видат диета веднаш ги асоцира на изгладнување. Гледам и низ темата огромни рестрикции си ставаат некои девојки. Со толкаво намалување на внесот на калории вие пак му правите шокови на организмот. Организмот смета дека сте го оставиле да гладува, па кога се решите барем еден ден да каснете малку повеќе, сето тоа ќе си го претвори во резерви. Така се појавува јојо ефектот. Од друга страна, диетава е совршен начин на исхрана. Криво ми е што стресот ми ја уништи, да се стабилизирам малку и здравје, пак ќе почнам.
Се согласувам. Читкав низ страниве на темава до сега и јас, и и јас тоа го забележав, дека голем дел од девојките што ја држат јадат многу мали количини и си скратуваат се повеќе и повеќе количински, што можеби предизвикува побрзо огладнување и желба повторно да се јаде, па пак ќе бидат изгладнети во тој размак од 4-5 саати. Јас бев на овој режим (не сакам да го викам диетата на ирена, туку претпочитам режимот за правилна исхрана на ирена) пред една година некаде, може и повеќе да има. Ослабив поприлично многу, некои си 10 килограми (од 65 на 55 и таман си бев, колку што сакам да бидам) за брзо време, не памтам дали беа 2 или 3 месеци, затоа што јас не се чувствував како да сум на диета, си јадев нормално, само внимавав на комбинациите, што всушност е основата на овој режим. Бидејќи обожавам благо, супер ми доаѓаше од сабајле, но секогаш прво јадев, а потоа пиев кафе, затоа што пушам и цигари и ако го испијам прво кафето со цигара, потоа ништо не можам да јадам. Затоа прво јадев благичко, мармаладче, крем бананчиња, овоштија и слични убајни На ручекот ама ич не му се замарав. Ако сум излезена знаев и пица да си јадам и сендвич од 7ца и салата и готвени јадење да си купам или ако сум дома да си направам и така. Вечерата ми беше втората омилена работа после доручекот. Имам една комбинација од марула со варени јајца и младо кромидче што ја обожавам, или пак туна со марула и пченка и маслинки, или пак таратур и супер се чувствував и ослабив. Е сега, признавам, на вечер ме фаќаа понекогаш кризи за благо, ама си викаш дај да си легнам порано за утре побрзо да дојди и да каснам благичко и така ем ми се регулираше биоритамот, ем јадењето, ем крвта ми беше на највисоко можно ниво, а бе се` најнај. За жал сега имам качено некој си 5 кила, пошто јадев ко стока од пред 5-6 месеци оти бев со огромни обврски и изгледа врз нервна база ми доаѓаше да јадам на вечер многу и да не пазам на ништо.. Затоа, официјално од денес сум пак на овој режим и не планирам да го напуштам додека сум жива, затоа што ова е најправилното нешто од исхрана страна што сум го прочитала и применувала во целиот мој досегашен живот. Патем, до сега имам само доручкувано - кога станав една банана за по пат накај работа, по саат некаде марети од домати и маслинки (демек) и чоколадна бисквита после маретите. И нормално ќе ручам накај 16 часот и вечерам накај 20-20.30. Ручек - супа, салата од зелка ми е во план
Не можам да го редактирам последново мислење, затоа пишувам ново. Еве само што вечерав, стек во фолија па во тостер направен, со бибер, малку маслиново масло и сол, салата од зелка и сос од печурки со павлака. Од се по малку и на крајот испаѓа дека количински ништо не сум изела, но прекрасно сум се најадила и вкусно што е најбитно. Па женски, кој што е на режимов моментално, нека дава предлози за јадења. Јас можам да пишувам и секој ден, само да имам друштво во темава Поздравчичи
Само да ве поздравам Сабајлево се мерев (со кројачко метро, на вага незнам дали покажува пошто немам да се измерам). И едно 2 - 2.5 cm. во половината, стомакот, бутовите ги нема Ова мотивационо малку за тие што планираат да го почнат режимов. Па фалете се ако има нешто и кај вас. Поздрав
било што можеш да јадеш за ручек. Можеш и од дома да си земеш јадење во кутија доколку имаш услови да јадеш така, јас така правам за на работа. Или пак да стануваш порано, па доручекот да ти биде порано - околу 8 па потоа накај 13 пред школо да го јадеш ручекот и откако ќе се вратиш да ти биде вечерата. Кога бев на режимов пред година и повеќе знаев да јадам и тост, хамбургер или пица за ручек, не се замарав многу, и според моево досегашно искуство, вечерата и доручекот играат најголема улога. Доручекот да ти даде енергија а вечерата да не те здебели (затоа што ако нема јагленихидрати, нема што да ти се депонира во масти, само протеините ти прават мускулно ткиво, затоа што колку толку си била активна пред тоа - дури и да си пешачела, и после тоа јадеш протеини таман му доаѓа на организмот). Е сега, ако јадев на пример пица за ручек, вечерата си ја правев помалку калорична, за да не претерам, ма да никогаш не сум се ограничувала претарано, никогаш не сум се почувствувала гладна и сепак ослабив и тоа поприлично многу.
Може. Јас јадев марети завчера (додуша за доручек, ама за време на ручекот дозволено е и да си измешаш троа протеини со јагленихидрати, така да ако сметаш дека јогурт и бејк ролс би те најадиле, ондак јади тоа)
Уште една мотивација од мене -2 цм во стук и -1,5 цм во долниот дел на стомакот од 17.11 до денес. /me happy!!!
Девојки и јас ви се придружувам на темава Ниедна диета не успевав досега да ја издржам поради мојот да не кажам огромен апетит па диетава на ирена мислам дека супер би ми одговарала во тоа Па еве да ви споделам искуство што јадев денеска Доручек: едно парче леб со ајвар и едно ледено кафе Ручек: грав со едно парче леб Вечера: шопска салата, една чаша млеко и ледено кафе на крај. И уште сум гладна.. но не се откажувам ,мора да се издржи Плус тоа добро е што не се движев мн денеска, поголемиот дел го поминав во седење инаку во спротивен случај незнам колку ке издржев
Супееер имам друштво на темава! Јас денес јадев: Доручек: - пола чоколадна бисквита (не дека се воздржувам нешто, туку немав никаков апетит денес незнам што ми беше :/ ) и кафе без шеќер (тоа такво го пијам секогаш). Ручек: - 2 сендвичи (4 лепчиња - леб од житолукс, црн) со ајвар + 2-3 зденки (ги обожавам!) + две мали чаши јогурт (полномасен, таков ми се најде). Вечера: - мојот омилен дел копан пилешки (со надкопан) печен, сосче со доматен сос и маслинки + по некоја печурка, салата од марула + соја сос. Да, знам, многу работи има, ама си сметав калории за денес, испод 1200 сум, заникаде, мора да се надокнади - ма да ова го планирам сеуште ми се прави немам јадено уште. И да, ќе седам до покасно, најверојатно ќе пијам и нескафе.