Ако може да помогнам и јас. Јас ослабев за 6 ипол месеци 25 кг сеуште сум на диета. Најпрвин ја држев UN диетата, Протеински, скорбен, јаглехидратен, овошен ден.Секој ден ми почнуваше со цеден сок од портокал,цитрон и лимон се мешано, потоа секое овошје што ми беше на располагање го јадев најчесто секој ден комбинирав, киви, јагоди, лубеница, круши, јаболко, малини .Со мали модификации во овошниот ден, затоа што не јадев цел ден овошје јадев и салати,а овошје и во тек на цела диета јадев до 12 саат. Протеинскиот ден ко комбинирав бидејки се четири дена, едниот протеински ми беше месо- пилешко, ќофтиња на скара, кременадли и сл со салата, а следниот протеински ден после три дена значи јадев млечни производи- млеко, јогурт, сирење. Обавезно салата. Во јаглехидратниот ден јадев симит погача бидејќи е се тоа тесто без сирење, месо и сл,празна кифла, посни кифли, лиснато без сирење, месо и сл, но во текот на денот обавезно салата, кога јадев леп, јадев црн леп. А во скробниот ден сите манџи, и компири, но бидејќи ми здосади тоа си јадев често тиквички. Во тек на диетата пиев многу чаеви, пиев чај за детоксикација, брусница, пу ерх од биокулт малце скап но сепак ефикасен, нане, камилица, слим чајот на виталија, кантарион и секако многу вода. Единствено од што не се откажав во текот на диетата е нес кафе со малце млеко (0,5%) неможев . Првиот месец симнав 10 кила наеднаш, потоа се мачев 3 месеци и едвај 5 кила симнав. Диетава ја држев 4 месеци, потоа направив пауза од една недела со тоа што во текот на таа недела се јадев само не ја мешав храната. После една недела почнав да ја држам кардиолошката но ми беше многу тешка, бидејќи со УН диетата бев навикната на повеќе јадење, затоа во третата недела си дозволував повеќе да каснам од тоа што го пишуваше внатре и ослабев некаде 2-3 кила. Потоа напраавив повторно пауза од една недела и почнав една диета што ми ја имаа напишано од Вита диет два пати по ред ја држам со пауза меѓу од 5 дена и симнав 8 кг за два месеца, со тоа што од први октомври и вежбам. Не можев одма со вежбање да почнам бидејќи имав проблем со колената, но ослабев и потоа полесно ми беше но во текот на овие 6 месеци пред да почнам да вежбам многу се движев. А кога ми се јаде благо најчесто знам да си напраам, неколку толчени сирови бадеми со мед, во текот на денот и така може да се јадат 10тина сирови бадеми. А кога многу ми се јадеше и неможев да издржам јадев сончоглед жива зараза. Обавезно си пијам по една шумеча таблетка во текот на денот. Денес ми е последниот ден од диетава, и точно знам што ќе јадам следниве 5 дена пред повторно да почнам со диета. Секој ден вежбам по 30 мин на орбитрекот. Поздрав од мене
Може јајца и сирење нормално, бидејќи се протеини. Особено јајцата. А кашкавал би ти рекла да тргнеш од менито, затоа што содржи транс масти кои верувам и не се така пожелни. И, се што јадеш - јади умерено!
Рапорт за прв ден: -појадок- 2 препечени интегрални лепчиња со мед, цимет и мускатно оревче, зелен чај и минијатурно чоколатце -ручек- еспресо и парче лиснато со морков, спанаќ и рикота (home-made) -вечера- таратор од пола краставица И дополнително пиев вода и црн чај цел ден, ојде тоалетната
Пошто планирам да ја почнам диетава ако воопшто може така да се нарече.. сакав да ве замолам ако може да ми дадете повеќе идеи за комбинации за доручек, ручек а најмногу за вечера. И тие девојки што се и втора смена во школо да ми кажат што поточно купуваат, јадат или носат од дома (иако веќе скоро никој не носи, а тие што носат ги гледаат под око и им се смешкаат).
Спојлер Извини за изразов, не е лично кон тебе упатен, но тие што мислат дека е „сељачки“ и глупаво да се носи јадење на школо се најпростите луѓе на светот според мене. Како прво, таквите луѓе треба малку да погледаат филмови и да сфатат дека тоа е сосема нормално низ цел свет и да ги прифатат малку и позитивните влијанија од запад, а не само негативните (како тепачки по училишта и автобуси, како последни шумски луѓе слезени од планина). Се извинувам за оф-топиков, ама многу ме фрустрираат ваквите размислувања на младите генерации (поточно на тие што викаш дека под око ги гледале другите). Јадењето здрава храна треба да биде основно, и редно време е и кај нас да престане „трендот“ да некој си типац кој јаде најголем хамбургер да биде „џекот“ во школо, а оние кои си носат ЗДРАВА ХРАНА од дома да бидат бубалици или сиромашни! Уште на тоа да почнат да се лепат жените и ќе се отрујам со Ленор! Не можам и ќе пукнам од тоа колку прост народ сме ова македонциве, секој ден се повеќе го колнам штркот што ме фрлил овде на грешка! Да му се плукнам во клунот недодржувачки! е така, после спојеров каде си се изнавикав тро, да се соземам во врска со темава пак. Значи, бидејќи од режимов на ирена мене најомилен дел ми е вечерата почнувам со идеи за нејзе: ВЕЧЕРА: 1. марула салата со јајца и пресно кромидче. 2. стек (печен на скара или тостер) + салата марула / краставички / туршија/ итн било која салата (битно зеленило да е најдобро е ). 3. таратур. 4. марула салата со златна мешавина зеленчуци + риба ослиќ или било која (само не похована, мислам без брашно). 5. плескавици на скара + доматен сос од доматно пире + некоја маслинка може да потфрлиш, не е страшно мене супер ми оди таа комбинација. 6. печурки полнети со кашкавал/сирење/урда печени во релна + можеш доматно пире (пукнав веќе до доматново пире јас па во секоја комбинација го користам, 100% природно домашно) 7. риба на скара + лимонов сок + некоја салатичка од зелка со бибер (исто мислам забрзува метаболизам). ......... и значи секаков вид на месо и риба, секаков вид на зеленчук, јајца, млеко и млечни производи во сите можни комбинации (нормално избегавај риба со млеко да комбинираш, не се препорачува). ПОЈАДОК: 1. овоштија колку сакаш и од кои сакаш, нема гајле од нив и тон да изедеш, нормално доколку се јаде во одредено време (до 12 најкасно да ти е изедено тоа што планираш за појадок). значи во режимов не се исфрла ништо, само гледај во која група на јадења спаѓа и во тој дел од денот јади го. мене тоа најмногу ми се допаѓа што не мораш ништо да исфрлиш од исхрана, освен, фала богу, газирани сокови и чипсови, кои и онака јас не ги јадам. 2. чоколатца некои помалечки, да не се натрескаш нормално претерано со чоколадишта. палачинки - без јајца - само брашно и вода (посни) + мармалад / еурокрем / мед 3. ржан/пченкарен (не знам кој е подобар ако знае некој нека пише, јас каков ќе начекам таков купувам, само бел никогаш) исто со мармалад/еурокрем/мед + чајче, кафенце и слично.. 4. некои тортички (гледај да не бидат збуфтани како некои мафини со 400 калории во едно парчуленценце). 5. природни сокови, цедени дома, или домашен на растворање. комбинација вода со цедени лимони и мед... и се што ти душа сака благичко или ако не јадиш благо празни кифли, макарони/шпагети итн.. не ми текнуваат многу солени комбинации пошто јас сум за благово појќе од сабајле а и дава повеќе енергија 1 мандарина отколку 1 кифла. Исто, сушено овошје е препорачливо, суво грозје/ананас/папаја.. РУЧЕК јас практикувам тоа што ќе ми текни. некогаш јадам и тешка комбинација од јагленихидрати со протеини ама при такви случаи не вечерам протеини воопшто туку само мала салата од марула или кисели краставички од пред некој ден.
Појадок: шејк од ванила, 2 чоколатца (ама од тие за служење гости, малите што се) и една мандарина Ручек: исто како вчера, тоа што го направив вчера беше големо за на еднаш да се изеде, а јас карактер два дена го јадев. И едно рендано јаболко со цимет за десерт Вечера: печена риба без масло, марула со краставица, домат, мандарина и сенф. И една мандарина малечка. Ова мандаринава не знам дали ми беше грешка или не, некако мене ми е цитрусно овошје и нема толку шеќери. Или јас си смислувам оправдувања. Дополнително сум се изнаодела пешки, прекрасен беше денот и пешањев цели три часа, да си до откријам гратчето. И пиев црн чај, има тука еден убав поголем чајник таман доза ми доаѓа од две шолји да ме расони попладне. А да и имам едно прашање за поискусните: сакам да си направам проја ама не знам тоа ќе му дојде за ручек или за доручек бидејќи има и сирење (моцарела во мојов случај) а јас си ставам и спањаќ???
Ден три (во заробеништво ) Појадок: јаболко, 2 мандарини и две мали лажички нутела. Плус шолја чај. Ручек: 6 проја-мафини со сирење и спањаќ. Не беа многу големи ама беа 6 а јас се зезнав и ручав многу доцна заради серија настани па затоа вечера не јадев, само шолја чај за подобро варење оти претерав со пројава. 1 час возев точак и то е то.
Вчера: појадок: 3-4 парчиња ресани, една мандарина и турко кафе. ручек: спанаќ со малку леб и јогурт. вечера: соја шницли. Денес: појадок: еден грејпфрут, едно мало чоколадце, турско кафенце (стандард него без шеќер си го пијам одамна) ручек: имам планирано грашак, треба да си го зготвам само вечера: некое рибче + салата од зелка. Од почетокот (од 14.11) до сега имам ослабено вкупно 4,5 см во струк и 3 во долниот дел од стомакот. Бутовите не ги имам измерено, не ми се критични некако, па не ги мислам За килажа не можам да кажам, немам вага, се немам мерено, наредниот викенд ќе ве известам. Почнав со 70тина некаде, според сите мерења, мене ми одговара килажа од 56-57, како идеална, па ќе видиме како ќе оди. Прекрасно се чувствувам, не сум никогаш гладна, си јадам се` од ништо не се скратувам, само внимавам колку што можам да внесувам поздрави работи и нормално да не се претрупувам навечер пред спиење, туку да вечерам некој саат претходно и тоа само протеинска храна без никаков јагленхидрат во неа. Не се чувствувам дека воопшто сум на „диета“ туку баш дека правам нешто нормално, што од секогаш требало вака да си биде. Keep it up ladies!
јас планирам да ја пичнам диетава од утре, само незнам дали смем наутро да пијам нескафе оние кесичкире 3во1 бидејки само такво пијам, ако неможе тогаш ке го исфлам .ако знае неко је нека ми пише фала ви.
епа супер ,само дека во тие 3 во 1 има и малку млеко во прав и шекер затоа прашав. од утре почнувам и ке ве известам што ке јадам
Појадок: јаболко и една чашка пудинг од чоколадо и едно парче торта (ептен не можев да одолеам, кој знае дали ќе можев друг пат да ја пробам) Ручек: 2 мафини проја и 2 мандарини Вечера: планирам зелена салата со домати и моцарела Сум се изнапешачила денес како идиот повеќе од 4 саати си лутав низ градови па сега не можам да се помрднам. Иако ми е само четврти ден морам да признаам дека ми годи диетава. Никогаш не сум гладна и немам тегоби во стомакот. Плус интересно ми стана да си смислувам јадење, посебно за вечера со оглед на тоа дека не сум голем љубител на месо троа инвентивна ќе станам.
немај воопшто гајле за кафето, јас некогаш правам и исклучок и пијам и навечер нескафе (дури и со малку шеќер ) истото го правев и порано кога бев на истиов режим и воопшто нема никаква улога искрено да ти кажам. Значи не си ги скратувајте работите во кои уживате затоа што тоа не е целта на овој режим, треба да се јаде се (нормално освен нешто што е штетно како чипс, кока кола и слични работи кои никогаш во животот не требало да ги јадиме, не само кога сме на режим). Најбитно од се додека сте на режимов е да не се чувствувате како да сте на диета, оти знаете и сами, психата е страшна работа... јас претходно кога сум држела диети, веднаш штом ми текнеше дека сум на диета ми доаѓаше да се убијам од јадење од самата помисла.. уште повеќе кога знам дека во диетава не ми се вклучени некои работи кои ги сакам и од кои треба да се откажам. тогаш ме удираше психа и директива прекинував со диетата. но со овој режим (можеби и затоа покрај другото не сакам да го викам диета) се чувствувам прекрасно и никогаш не ми ни паѓа на памет дека држам диета, освен кога ќе го погледнам имево на темава ) P.S: еве се наредев и јас со мотивациони слики и кројачко метро за да ме потсетува колку време си уживам во слабеењево и не ми е тешко, помага дополнително, сигурно!
devojki jas pocnuvam od denes. Eve sega go pijam moeto kafe so casa voda. Sakav da pra[am dali ima vrska sto ke jadam prvo, ovosjeto ili pecivoto ili obratno.
И јас почнувам од денес.. Се надевам и очекувам друштво уште од 2 придружителки( систерот и колешката ). Пиев кафе досега со млеко во прав, а си носам 2 банани ,со нив ќе мора да издржам до 4 часот.
Тоа ти е премалку во диетава, и во било која диета, до 16 часот, до кога мозокотќе ти работи турбо, премалку е. Колку што знам диетава предвидува ЈХ за појадок, зошто да не си дозволиш еден геврек или парче нешто слатко? Започни со повеќе за да можеш да ја намалиш количината подоцна. Јас сум на УН и почнав така, денес ми е последен ден од вториот циклус и веќе видно се забележува колку помалку храна јадам.