1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ја започнав денес, првенствено да се вратам колку-толку во нормала, бидејќи го претерав со мрсните и лоши комбинации што резултираа со целулит на моите сакани бутки. Е ондак...

    Од сабајле мавнав еден симит, за ручек затворена пица, банана чипс и витанова, за вечера ќе сплескам 2 варени јајца со ајвар и сирење.

    Сега имам 66 кг. сакам да дојдам до 60. :) Ај па че ви шепнам што било.
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Благодарение на прекраснава диета летото ослабев 8 килограми, од кои во последниве 6 месеци вратив само 2, а јадев премногу, без никаква мерка и пак ништо, стварно е ефикасна.
    Јас додуша и додека ја држев не ја следев секогаш, често знаев да забегам, ама затоа па и бев физички активна.
    Дефинитивно нема утка со диетава, во план ми е пак да ја почнам негде во април, целосно да се стопам до лето :D

    ^ Ганшајн, еден мал совет, чипсот не ти требал, витановата со појадокот, ајвар никако за вечера. Вечер касни си некој зеленчук со сирењето :)
     
  3. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Ај и јас да си пишам,доручек сув чоколаден колач,огромно кафе со млеко.. ручек виршли,јајце,домат,сирење,едно парче леб..за вечера планирам туна салата.
    иначе барав на нет за ова одделно јадење на намирници и диетава е позната како ‘слабеење во сон‘, значи таа е,доручек јаглехидрати,ручек што сакаш,вечера протеини. со тоа инсулинот во организмот се регулирал и се слабеело и во сон,наводно.
    а може да се отвори тема за рецепти,барам сега идеи за вечера
     
  4. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Јас и обично се придржувам на овој тип на исхрана,меѓутоа јас наутро јадам мусли,оние тропикал на виталија и благо млеко.
    е сега според она сто го прочитав,некои велат дека е погрешно. :?:
    па сподед оваа диета ,дали смее да се јадат мусли со млеко и ако може ,во кој период од денот, тоа да го јадам?Дали ке биде за доручек,ручек или вечера...
    помогнете во дилема сум :lol:
     
  5. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Јас сакам да ве прашам од колку на колку килограми сте ослабеле... Јас имам 55, сакам да дојдам до 49, притоа вежбам Turbofire... Прашањево ми е чисто бидејќи со различна брзина се губат 6 килограми од 76 на 70 отколоку на 56 на 50, чисто да не се разочарам, инаку многу ми се допаѓа диетава, од утре I'm in :)
     
  6. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
  7. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    154
    ^зашо бе но можам да си го отворам линков за темата? Ми вика немате одзвола да ја читате оваа категорија :?:
     
  8. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Мусли можат да се јадат наутро,ама без млеко.Млекото е дозволено навечер.
     
  9. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    смеат за доручек :)
    млекото содржи протеини,ама има повеќе јаглехидрати и шеќер,затоа треба за доручек
     
  10. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Од денеска и јас сум на оваа диета :)
    За појадок имав цитрон и мини кроасани со чоколадо ,во меѓувреме чај од брусница и зелен чај.
    За ручек супа ,и за вечера печурки динстани со павлака и зелка салата.
     
  11. AneAnence

    AneAnence Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Зошто не можам да го отворам ликов?
     
  12. AneAnence

    AneAnence Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Подобро направо copy paste на диетата што си ја направила одошто да го ставиш линкот, бидејќи содржината во линкот не е достапна.
     
  13. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    154
    И јас сум од денес, па ке се дружиме, колку сакаш да симнеш?[/quote]
    Немам многу за слабеење 2-3 кг ама сакам да продолжам со ваков начин на исхрана за да не се здебелам пак( ах пуста зима) :)
    Јас летото ја држев УН диета и за 3 недели ослабев 7кг и бев многу задоволна ама сега си вратив 2 кг и оваа диета ми делува совршено
    А тебе која ти е целта колку сакаш да ослабиш?[/quote]
    Нема да ти се верува ама баш истиот случај е и кај мене.
    Толку од прилика и јас, и јас ја држев УН ослабев 8 килца ама поради празнициве пак си накачив, сега да почне потопло време па ке фатам ке трца, тоа кај мене најдобро влијае ама ке ја држам диетава да си ја регулирам тежината :)
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас почнав ама со мали отстапки :)
    За доручек се брзав и изедов една кришка со паштета и плус кафето од неодамна се навикнав да го пијам со малку млеко и неможам сега без млеко. Пијам по 3 дневно :)
    Другите оброци поминаа регуларно :lol:
     
  15. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Aaaaaaaaaaaaaaaaa , од утре ви се придружувам :D
    Спред ова,муслите ми отидоа јабана,затоа што ги јадам со јогурт... Ајде вие повеќе што се разбирате од диетава кажете ми дали ова би билo добро дневно мени:

    Појадок: Благо кое мамичка го смесе денес, кафенце без шеќер, 1 јаболко
    Ручек: Ориз (варен, смешан со потпржено кромидче), леб никако
    Вечера: Пиперки од туршија, фета, 1 варено јајце

    Јас би пишувала вака секоја вечер, за да не направам некоја глупост другиот ден, па кој ќе се затекне во темава, нека ми пишува дали ми е добро планираното дневно мени :)
     
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.271
    Допаѓања:
    37.884
    Пол:
    Женски
    Еве и јас почнав од денес, за вечерата внесив и двопек light црн зошто нема шанси да издржам до утре, а да не каснам нешто. Значи вакво беше моето денешно мени :
    -појадок: јаболко, чај од шипка (со шеќер) и едно интегрално лепче со еурокрем;
    -ручек: едно препечено интегрално лепче и две мали ловечки (домашни);
    -вечера: две парчиња двопек со малку light мајонез и пилешко филе и чаша јогурт.
    Почнувам со 59 кг, а целта ми е 53-52 кг. И мене ми е жал за муслите, посебно за тие од виталија со суво овошје, неизбежен дел од појадокот ми беа, а сега не можам да ги вметнам нигде. И до сите што почнавте денес, колку време планирате да се храните вака?
     
  17. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    ако не сакаш со обично млеко можеш со соино млеко да ги јадеш,ако ти е вкусно,така барем прочитав некаде
     
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.271
    Допаѓања:
    37.884
    Пол:
    Женски
    ^Да, фала што ме потсети за соиното млеко, баш гледав пред некој ден и тоа со различни вкусови имаше, ванила и јагода мислам, би можело така за појадокот. :)
     
  19. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Валво беше моето мени :
    Доручек: бејкролс од интегралните и една јаболка
    Ручек :една чинија мусака
    Вечера : едно канче кисело млеко , малку цвекло и една чаша чај
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас од денес (понеделник) се ставив на диетава, и паралелно си вежбам, сега помалку зошто не можам глава да кренам од непланирани обврски, и ме кочи тоа што неможам да си го испланирам времето, зошто дали е до периодов незнам, ама само нешто итно ми искрснува и трчи ваму, трчи таму нонстоп.
    И морав да обрнам повеќе внимание од претходно на исхрана, иако веќе од 01. Февруари слабеам.

    Денес појадував една тортичка од 7дејс, немав време да готвам ручек па јадев пржени јајца, и за вечера поткаснав малку варено пилешко месо, што го спремав за утрешниот ручек.
    Пијам доста вода, и во меѓувреме по некое кафе, без шеќер како и секогаш.

    Деновиве планирам да си направам кифлички, зошто тешко ми доаѓа благо за појадок, а овошје и немам секој ден при рака.

    Инаку цвекло, свежо, изрендано може за вечера или мора зелена да биде салатата?
    Ќе се снајдам за тоа, не е проблем, само имам цвекло во фрижидер па да искористам пред да почнам да купувам друг зеленчук.