Јас пак ќе речам дека ова не е диета луѓе! Не се прегладнувајте, туку научете се нормално да јадите! Значи убаво си е пишано на почетокот и прочитајте го тоа, дека нема ограничувања што смее што не смее да се јаде, затоа што на организмот му е потребно се` за да функционира добро. Количината зависи индивидуално и јас кога си го почнав режимов си јадев повеќе количински, како што доаѓа наваму, се` помалку ми се јади, ама тоа треба да ви го покажи самиот ваш организам. Не му скратувајте до истоштување, затоа што еден ден кога ќе каснете нешто повеќе ќе ви се врати изгубеното од 3 дена, а тоа не ви е целта, нели? Значи јадете (особено) за доручек, нешто што ќе ве држи сити до ручек. Не е финтата да се прегладните, затоа што за ручек или ќе внесите тон храна и ќе го оптеретите желудникот, или пак ќе скратувате и ќе гладувате постојано и за кратко ќе го прекинете овој режим. А финтата е да продолжите низ целиот живот со нормален начин на исхрана, не тоа да трае неколку дена. Значи ова не е диета според моево искуство и никој не може да ме убеди во спротивното. AngelOfArch, како оди? Колку имаш ослабено до сега? Имаш мерено Keep it up
Се немам мерено, но сега и не е меродавно бидејќи сум потечена и надувана од тој проклет ПМС. Денес го завршувам вториот циклус и сега засега битно ми е што сум тргнала, а знам дека имам малку смкнато, си осеќам по фармерките и по прслучето. Ко што кажав, јас имам голема бројка за симнување, 20, па затоа се одлучив за оваа диета (УН), планирам потоа да продолжам со Иренна како начин на живот, како што кажа ти, не како диета.
Малку по малку! Јас така си викам и не ми е тешење, туку баш си се радувам на тоа и јас имам машала за симнување, некој си 13-14 килограми, ама ќе го биде Се немам јас па ич мерено на вага, мене во обем одма ми јавува, а на вага ми е малку демотивирачко да се качам, пошто и порано кога сум ослабувала, не ми јавувало многу во килажа, пошто ова салцево не тежи, ама кога ќе се стопи во обем јавува Јас сум задоволна од постепеново одвивање на работиве, што е најбитно мотивирана сум максимално, дечко ми исто така си го навикнав вака да јаде (заедно живееме, сака - неќе тоа му е ко не знае да си готви) и плус еве денес со вежбиве, ќефови сум! Ептен ми се погодени И уште најголем плус ми се вакви луѓе како сите вас на форумов, со кои секојдневно се поддржуваме по неколку пати МА ВЕ ОБОЖАВАМ
еве ме и мене. јас сабајле пиев едно кафе 3 во 1 и чаша вода. потоа кај 11.00 јадев една мандарина а малку покасно си изедов симит погача . потоа за ручек во 17.00 кога се вратив од работа јадев две сарми и едно тенко лепче, а сега за вечера ке јадам марула и сирење. пиев и вода околу 1.5л, а сега ке се напијам и еден чај. инаку јас треба да симнам околу 10 кг, ама од среда ке почнам со хормонална терапија за инвитро па ке видам како ке биде и да не ослобнам баем да не се здебелам, оти овие 10 кг ги качив лани кога го правев првото инвитро кое беше неуспешно.
Епа во браво бевте, не се издржува со 2 банани до 16. Околу 9 часот ја изедов едната, па во 10 се симнав и си купив едно ролатче со вишни. до 16 , 2 чаја и едно кафе, втората банана ми остана за утре. За ручек околу 16 и 30- имав исто сарма , две со кришка леб и малку павлаче. За вечера малиџано салата..2 парченца кашкавал.. и сега 1/2 пласкавица од 7-ца . За утре ќе видиме.. Иначе и јас сум за срамота 20 кг вишок ќе ми требаат едно 2 години со режимов да ги симнам.. Ќе ми треба многуууу среќа и волја да се издржи
Супер сме ајде ајде јас си ги пишав маките вечерашни и во темата за морална поддршка, изедов 3-4 кругчиња тиква печена, без додатоци, а не знам дали е јх или протеини содржи, ма појма немам.. Од вчера почнав да вежбам, вчера 15 минути, денес 2 пати по 15 и пешачев 5 километри плус. Си викам малку од малку ќе помогни. Инаку јадев за доручек неколку кукис од оние малите (мини) од кам, 1 парче ресана, кафе и чај без шеќер (и на сабајле не можам шеќер ни во чајот ни во кафето). Сите денес сарма сте имале за ручек, што убаво.. само јас овде терам недомајќинлук се скапав шетање, за ручекот не ми ни текна вода имав денес за ручек, ете тоа не бре, ќе излажев за малку, сега ми текна дека каснав од тостот на дечко ми и за вечера еве тиквата што ја изедов и ондак то. И уште 2 кафиња плус во теков на денов. Сега ќе пијам еден чај си ја пуштам новата епизода од Декстер и спијам Поздрав и имајте пријатен ден утре и со лесно!
вчера не се измерив пред почетокот на диетата ама сабајлево имав 73,3 кг. Денот ми почна со кафе 3 во 1, и моментално пијам вода, на рабтоа сум па кај да е ке ми варат чај. Околу 10.30 ке јадам една мандарина а околу 11.00 ке доручкувам една крофна со крем на сите што им ја кажав диетава ми викаат ти сама да не си ја измисли за ручек уште не сум решила ама најверојатно ке јадам грашак
Луѓе јас други бројки сум гледала од некој ден потоа за моиве мерења А бе јас еден куп сум ослабила просто не можам да си поверувам, проверував да не случајно е продолжено метрото од почетната страна што вака ми јавува... Почнав на 14ти, а јас сум си правела споредба од некој ден покасно дека низ цело тефтерче така ишкртано ми е и од 101 во стомак сега сум 94,5 а од 88 во половина сега сум 81,5 цм... Незнам како сум се испомешала јас со пишувањава, ќе морам да ги средам по ред да ги напишам, ама шлог ме удри сабајлево (позитивен!) ME HAPPY!!!
AhThatFemaleProblems, баш ми е мило за тебе, само напред и фала ти што ни даваш и на нас мотивација. Јас вчера имав стресен ден па малку прекршив ама денес се трудам да се корегирам и планирам да одвежбам убаво. Викендов нема да можам да си го планирам јадење ама ќе се трудам да се придржувам колку толку. Уште еднаш браво за женскава над мене.
Значи диета не значи да преглднуваш, туку храната да ја намалуваш количински а не пак одеднаш да престанеш да јадеш!!!
Фала tigerlady! Јас од среќа денес дури и се разболив ненадејни емоции чуда ми прават Не е ништо страшно, ќе се калапам сега со овоштија.. Останете мотивирани и ви посакувам на сите во најскоро можно време да ослабите и дупло од ова моево! Фала ви женски на поддршката, многу ве сакам!
Јас од денеска ја почнав, а до сега ја држев УН . Мислам дека не е проблемшто сум преминала од една во друга диета. Мислам дека е супер само гледам дека веќе не пишува никој на форумов па се замислив дали да ја држам хаха
Каде не пишува никој, тука!? Па еве сууум За ослабување во килажа појма немам, да не ве лажам пошто немам ни вага. Ама ете за 2 недели некаде во обем симнав 6.5 цм и во половина и во стомак. Значи функционише и покрај тоа што јас си јадам количински колку што ми се јади секогаш и не се стегам ако ми се јаде. Иначе како што доаѓа времево наваму се помалку јадам количински и така се навикнува желудникот и потоа и да пробаш да се најадиш еднаш како стока, џабе ти е, од пола од тоа што претходно сум го јадела (количински) сега се прејадувам. Така да ич не му ја мислете и тешете се еве со мене дека и покрај тоа што сум болна не си барам изговор да прекинам да се хранам како досега, супер ми е и голем поттик ми дава да оздравам за пак да почнам да вежбам. Не се мачете со диети (какви и да се) терајте го овој режим и нема да зажалите!
Денес: Доручек : 1 зелено јаболко и житарици од јагода,вишња.. околу 6 ипол саат. Ручек : посно тавче со ориз,компири и патлиџан-без леб и цвекло малку не дека се ограничувам туку толку имав хаха- 13 часот. Вечера : планирам една чаша јогурт и салата. И да прашам од поискусните да ми кажете дали може пример само салата за вечера ,ако не ми се јаде или нема да има ист ефект?- околу 6 планирам да јадам.
Појадок- шејк од ванила и пудинг од чоколадо Ручер- е тука малку зезнав работа. Прво планирав вечерва да излезам и решив да не јадам многу за ручек па поминав со микс од тиква, варена пченка и ореви. Ама кога дојдов дома од факултет накај 5 бев мртва гладна и решив да не излегува па каснав јаболко, уште малку тиква, три бисквитчиња и малку костени. Ќе вечерам подоцна, и така имам за учење салата со парче месо ептен убаво едно најдов тука со рузмарин, абе прсти да си излижеш а плус не е воопшто масно. И стандард си пешачев до факултет на дождот и превоз сум одбила, до врх брда и назад пешки.
Може да јадеш само салата jockaa не се секирај. Ако не ти се јаде не јади протеини. Ама поубаво е како што пиша погоре и AngelOfArch, да почнеш со поголема количина за да понатаму немаш проблем да намалиш.. Јас денес не сум за пишување што јадев баш, пошто главата не знам каде ми е.. ама ајде: доручек: еден мафин (чоколаден) ручек: немав вечера: не се знае баш, изгледа некоја салата и јогурт. Поздрав
јас денес доручкував варени макарони со вегета, за ручек јадев оризи едно парче леб и зелка салата, а за вечера планирам да јадам зелка салата и батаче. Ве молам ако некој знае нека ми каже во кои производи има пченкарен скроб за да ги избегнувам бидејки сега примам хормони кој содржат пченкарен скроб па би сакала да го избегнувам инаку ке се здебела.
ооо тука никој не пишува. . мене ми е денес 4 -ти ден и супер се осеќам. малку ми е проблем што касно ручам дури кај 17.30 - 18.00 па после за вечера дури во 22.00ч. вцера не ми се ни јадеше ама јас морав да каснам нешто бидејки пијам апчиња па за да не ме закопа желудникот. денес за доручек јадев геврек ама се зафркнам не ми се бендиса, за ручек јадев супа со зеленчук и зелка салата ( и си каснав едно наполитанче од европа многу е слатко ) и лепче црно интегрално а за вечера ке јадам мимоза салата
Еве ме се вратив скрос сум испоразболена уште, ама дојдов за да ве известам дека се придржувам до режимов без разлика на се вчера: -појадок малку чоколадо. -ручек стандард од обврски го пропуштам :/ а не ми се ни јаде нешто посебно.. - вечера: стек и шопска салата.