Да ве прашам сега ако има во некој производ и ЈХ и ПРОТЕИНИ и БЕЛКОВИНИ од кај да знам кога да го јадам .. да гледам ли што има највеќе па да го класифицирам или ? И ако може тие забранети комбинации да ми ги пишете како скроб и протеин таму месо и компири .. Благодарам многу Иначе AhThatFemaleProblems гледај ручекот не го заборавај , а заборавај ја вечерата хехе
а бе јас за тоа се изнервирав пред некој ден, читам на јогуртот во составот и не ми се веруваше! на 100 грама имаше на пример 25 гр. јх а само 13 гр. протеини. скрос се изнервирав и реков повеќе не гледам етикети. сега се ориентирам само вака: млеко, риба, месо, јајца и сите производи од нив за мене се протеини. сите житни производи, овоштија и производи од чоколадо се јх. толку. и полесно ми е, не можам ко некоја будала да читам етикети насекое.. главната поделба ми е таа.
Имам дома една книга, 'Ослабете додека спиете' ... си ја порачав од Младинска книга. Според неа, слабеењето се базира токму на овој режим на Ирина, наутро само јагленихидрати кои ќе ни дадат енергија, ручек нормален (што има зготвено тој ден), а вечера исклучиво протеини бидејќи тие не поттикнуваат ослободување инсулин навечер (кој инаку ги 'затвара' масните клетки и не дозволува нивно разградување) и додека спиеме телото ги троши масните наслаги. Одлична е книгата, има се детално објаснато за тоа како дејствува одредена храна врз организмот, за хормоните и сл., има рецепти за појадок, вечера..
Луѓе јас незнам што е работава,нема и нема резултати на вагата .. Вака се гледам сум ослабела али вагата не покажува така . Вежбам кардио секој ден од понеделник до сабота по саат и 15 минути или пола саат (трака,степер,орбитрек1,орбитрек2,грбни,стомачни,со тегови за внатрешен дел на нозе и овој кај бутовите,потоа има една за бутовите , и за раце на справи само вклучувајќи ги градните мускули) . И значи ненормално е да не ослабнувам кога вежбам и сум на диета и не правам пауза меѓу оброци по 4 часа туку по 5-6(не ми се ни јаде). Ја имав држено УН и ослабнав 10 кг. и сум уште на тие 10 ослабнати килограми , значи многу се нервирам и стварно незнам што е проблемот. Вие гледам напредувате,а јас стагнирам.. Извинете за долгиов текст, морав да си ја истерам нервозата хаха
имам пишувано јас погоре зошто не се качувам на вага = ради демотивација. затоа што салото/масните наскаги не тежат, а мускулната маса што ја добиваме со вежбање тежи. затоа немој да те зачуди и ако имаш неколку килограми плус наместо минус, затоа што вежбаш, мускулите ти се зацврстуваат, а масните наслаги полека си се трошат, но не можеш да забележиш на вага за брзо време. најдобро да се мериш со кројачко метро, најсигурно ти е јас се немам измерено на вага, ама во обем, поприлично сум ослабена. така да не му ја мисли на тоа, ќе биде патем, liljana15, колку чини книгата? баш е добро да се има, ради инспирација и мотивација
Појадок: кроасана + празна кифла. Ручек: ќе да е некоја салата, нешто полесничко. Вечера: прилагодлива верзија на цезар салата, со состојки кои смеам да ги јадам според режимов
Девојки јас не разбирам,ај малце појаснете ми ја диетава насабајле мора да се јаде стално јагленихидрати и шекери???Па како,читам некои и банани јадете,нели бананите се како забранети во диетите,велат се од овошје може да се јаде само не банани и грозје??? Не може ли солено да се јаде наутро...и значи мора да се прави пауза од 4 часа до следен оброк...после појадок смее ли да се пие веднаш или.....???? Потоа ручекот разбрав тоа што имаш зготвено тоа да се јаде во мала порција,со салата или.....може ли истовремено на пример и месо стек и компир да се јаде???? Навечер мора ли да се вечера,неможе ли да се заврши со овошна салата или една банана пример,мора ли салата солена...???? Ај ве молам појаснете ми и јас да подржам малце зашто имам намалена функција на тироида и многу тешко слабеам,дали ке имам ефект од оваа а вака ми изгледа доста нормална диета.... Фала ви многу и извинете што ве удавив
прочитај се` на назад, ќе сфатиш како точно оди цел режим. значи 100 пати имам речено и пак ќе речам, не е ова диета туку правилен режим на исхрана и НЕМА ЗАБРАНЕТИ јадења. има само забранети комбинации на јадења. а може да се јаде се, само во одреден дел од денот и со одредена комбинација. било кое овошје може да се јаде за доручек може и солено но да не е комбинација на јх со протеини (пример празна кифла може ама не со сирење или салама на пример). може да се јаде леб со мармалад ама не леб со јајца на сабајле. значи на сабајле јх било какви ама само јх без мешање со протеини. ручек тоа што имаш по дома, препорачливо е без леб, кој како може. и препорачливо е салата исто да се јаде. за вечера исклучиво протеини + салата по можност зелена. значи се` си оди нормално, само внимаваш на комбинации.
Феминки еве ме мене назад на темава од последното мислење поминале 4-5 месеци али еве ме пак со нови сили во нови победи.Иначе од тогаш качив 4-5 кила и со моментални 75 пак сум на диетата на Ирена највеќе ми прилега таа и да ми посакате успех зошто мора да го има.Висока сум 180 и 75 кила и не е толку страшно али сакам да направам преобразба на цело тело и изглед не само во погле на килазат така за до полуматура треба да бидам тип топ.И од денес конечно сум на диета оцабајле се мерев 75.5 планирам секој ден да се мерам и ке ме има скоро секој ден на темава дефинитовно.Денес како прв ден го пропуштив овошјето за доручек али си изедов еден перек прелиен со нез кашкавал или нешто али многу малце за ручек свински врат и сирење беше глупо без леб да се јаде али пројде некако и оп послем грешка бев во бисер со една другарка и влеговме во бомбоњера требао да купи нешо и си изедов едно 5 колачиња али ја без благо исто као да не сум жива и затоа каква ска нека е диетата ја благо мора да јадам,за вечера планирам пак свински врат со жолта пиперка од туршија па добро е како за прв ден мислам .Ако некој сака нека ми пише во лп ке си кажуваме што јадеме и колку намалуваме од килажата позз
А да намалеше ти малку со свинскиот врат вечерва? Вака не ја тепаме мечката Мислам стварно, дозволено е да се јаде се`, ама 5 колачиња си изела и наместо вечерва да си речеш сама ај салата ќе јадам и нешто помалку калорично со протеини ти свински врат :/
леле чоек многу беа убави колачињата а ја за благо и човеке ке убијам и да не јадев свински врат туку еве си грицкам пиперка и го пунам желудникот со вода али мора да признам лапнав две парчиња салама али еве сега иако премногу гладна грицкам пиперче и уште малце па ке ја гледам мојата омилена серија на компјутер и ке ме отргне малце тоа од големата желба да отидам до кујна и да ставам рака во фрижидерот али се надевам нема да биде тоа !!!утре подобро.Иначе може мислиш дека сум разгалена али ич не сум само ми треба малце период на забушавање па да си ја фатам работата како што треба иначе пред пола и повеќе година дена ја дрзев диетава и ослабев 4 кила за 10 дена али тогаш и вежбав а сега не и многу пијам вода .И да те прашам нешто ја мислам првин да ослабнам со диета (така е го ослабнам масното ткиво???) и послем да се стегам мислам да вежбам добор е така или грешам во нешто
И јас се придружувам од денес Јас сакам 3-4 кила до Нова година да симнам , и еве ќе пишувам редовно за секој ден , па поправајте ме каде грешам. Појадок ( кај 9) Ѓеврек, витанова и 2 мандарини кај 1 часот малку тиква Ручек ( кај 5) Палента Вечера ( кај 9 ) 2 чинии супа П.С и 1 ред милка
Викендов забушавав, ама не многу. Од денес си терам понатаму, па до Нова Година ќе видиме што ќе биде. Појадок: интегрални мусли со млеко и ореви, парченце торта Ручек: солен мафин, портокал, ролатче Вечера: омлет од сирење и две јајца, супа само со зеленчук. Се зезнав за ручек што јадев малку, инаку ќе поминев само си супа вечерта ама цел ден трчав некаде, ова во воз го јадев Памет за утре.
^stojanovskata супа е супер опција за на вечер, но гледај да е бистра, без тестенини, а може со месо. знам дека е безвеза супа така ама тоа е според диетава. јас забушавам понекогаш и мешам за доручек и ручек, ама по малку не многу, али на вечер се држам до протеини 100%тно. ^strawberry супер ти бил денов, ама милкава на крајот искрено покажува слаб карактер. јас сакам да се сите кон мене вака директни и да ме поправат, оти инаку ќе си забушавам и понатаму Како за мотивација, пред да изедеш благичко на вечер, помисли си дека цел ден си се „мачела“ да мислиш што да комбинираш и што си јадела и сега на крајот на денот да се зафркнеш за некој час плус? не вреди! помисли си дека доаѓа утро, и можеш да изедеш и 2 реда милка сабајлето, наместо тој еден ред за вечера да ти го зафркне цел ден и да ти отиде директива во газот и целулитот. Јас така размислувам барем, кога ќе ми се насмее некоја милка или друг примамлив продукт навечер. Имаше добра идеја една феминка, не знам точно која беше по име, јадеше краставички кисели навечер кога ќе ја фатат кризи. Јас го прифатив тоа и го применувам, и богами функционише. Во врска со вежбањето, супер е да се вежба кога и да е. Само подобро е на почетокот додека да го снема масното ткиво да се вежба кардио вежби - забрзуваат пулс и се топи салцето, плус тоа добиваш на кондиција. А потоа вежби за затегнување постепено.
доручек-банана,портокал и јаболко со чајче и кафе ручек-спанак вечера-салата со канче кисело млеко прочитав се во постовите али пак некако не ми е јасно,комбинациите...доручекот го разбрав али ручекот и вечерата читам некои палента велат за ручек,некои за вечера.........значи ручекот е она што го имаш дома,без некое посебно мени....?има ли комбинации недозволени?
Дона-Арес значи Појадок-овошје со блако ИЛИ пециво без мешање на мечни и месни производи и зеленчук Ручек-било што само не леб друго це може Вечера-зеленчук со месен ИЛИ млечен производ Иначе моето јадење за денеска доручек-перек(јаболката ја заборавив дома ) ручек-стек со салата вечера-две варени јајца и салата благо денес нема сигурно да јадам т.е. мора да нејадам а да и сега ми текна да се измерам и вчера пцбајле пред јадење бев 75.5 а еве денес послем доручеток и пред ручекот сум 74.2 невозможно !!!!!
Возможно е, затоа што во првите денови се исфрла вишокот вода од организмот, затоа некогаш и вакви резултати се добиваат при пазење што внесуваш. Јас во првата недела некаде 6.5 см стопив во половина и стомак исто. А ништо посебно не правев, ептен си јадев количински колку што ми се јади и си слабеев. Само си пазев што со што јадам и да не мешам. Навечер ептен стрикно се придружувам, па што сака нека биде! Некогаш се случува тек-тук да се напијам 1-2 чаши вино (навечер) полно е шеќеришта, ама па 2 и кусур недели сум на режимов и ми се припива, тоа ми е гревот, и еден хамбургер еднаш за ручек и во друг ден тиква за вечера (тоа можда и не е утнато многу, оти не и го знам составот, а знам дека е нискокалорична храна). Како и да е, можно е ослабување со режимов скрос. Само на човек да му биде умот тука во првите денови кога треба да внимава на комбинациите, потоа самото си доаѓа, јас сега не размислувам што треба да јадам, туку по дефолт ми доаѓа што да извадам од фрижидер и во кој дел од денот. И плус тоа, благото сосема ми е намалено, ма да јас бев манијак за благо порано, сега не ми се јаде толку често. Со сила некогаш дури го јадам на сабајле ако ми верувате! Искрено, најискрено! Преферирам една-две мандарини да изедам сега отколку благо. А во други диети каде не смееш воопшто да го јадеш, по цел ден сум мислела на благо и тешко ми било, сега кога знам дека можам да го јадам на сабајле не го сакам Видиш инает.. Ми се има навикнато мозоков на некои тврдења, и сам си знае на што да му притекни и на што не треба
фала ти супер ми објасни сега,конечно почнувам да свакам гледам сите за доручек јадете претежно благо,барам повеке комбинации за солено наутро зашто јас сум љубител повеке на солената храна,ако некој знае нека ми пише инаку сега за сега се задоволувам наутро само со овошје цел ден и малце бејк ролс,две три крукчиња.. сепак фала ви
Браво еден ден може и јас тоа ке го кажам ....ма дефинитивно ке го кажам али до тогаш пазење што се јаде!!!!
Станав доцна и болна сум, па го поминав цел ден со два оброка. Околу 12 и пол/1 јадев парче торта и едно и пол печено јаболко со суво грозје и малку ореви. Околу 4 и пол каснав два портокала и пред малку вечерав две парчиња риба и потпечен патлиџан со кромид и сирење. И да ви кажам карактер јачам, имам две торти дома и им одолевам навечер, пикнати една во шкаф една во фрижидер чекаат доручек да дојде.