AhThatFemaleProblems - Ептен оти беше мојата омилена со лешник, ама нема веќе таква грешка да правам! Денес: Појадок: Ѓеврек, две витанова и едно Atlantis Ручек : Ориз со копан Вечера: многу малку ориз и една чаша јогурт И сега моментално чај пијам и толку за денес
Браво, браво Се јачаме џанам јас денес јадев милка за доручек 2-3 редчиња и тоа всушност ми беше и ручек пошто касно станав. Потоа вечерав 1 и пол риба ослиќ и салата од зелка. Толку денес. Измеѓу пиев 3 кафиња турски без шеќер и ондак то инаку strawberry, да не си речиш дека само тебе те карам оривчето друг пат само за ручек за да не појди кај другите маснотиички да се дружат и на оро да се фатат Јас пес сум денес иначе, спремам дипломска и полудувам, ама од пушење цигари :/ ајде карајте ме сега вие како да се спасувам од тоа зло А иначе на нервна база зачудо, не ми требаше многу храна денес.. Водичка троа си се напив, колку без ич :/ ама утре повеќе поздрав и пријатна вечер на сите, утре нов ден со нов план
ДЕНЕС доручек-овошна салата со банана,1 јаболко,1 мандарина до 12 часот-потоа малце бејк ролс неколку крукчиња,чај и кафе се подразбира ама без шекер и такви и ги пијам! ручек-еден пилешки стек со салата вечера-супа мислам дека ми е добро менито,ако грешам ве молам да ми кажете !!!
И јас од денес ви се придружувам на режимов. Имам 63кг, а сум висока 1.70цм па сакам да ослабам малку, да дојдам некаде околу 58-59кг. Денес за доручек јадев кроасан double со вишна и еден поп-кек, а ручав чинија супа, 1 парче стек и малку пржен компир. За вечера планирам исто чинија супа. Aко имам грешки во јадењата ќе ве молам да ме поправите.
Јас сум на УН, ама мислам дека мешање на протеини со скроб и во овој Режим не е дозволен, односно пржениот компир, кој и така не треба да го јадеш, со месото. Мислам дека наместо поп кејк си можела да каснеш некое овошје, многу благо ти е тоа
Појадок: малку интегрални житарици и минијатурно парче чизкејк. Ручек: супа од тиква, два мафини со тиква. За вечерта сега мислам се премислувам, слабо стојам со протеини и салати ќе треба да пазарам викендов. А да ве исконсултирам, житарици со млеко бива или не бива? Јас не ставам многу млеко ама тоа сепак нели е протеин? Може треба да пробам со сок да ги јадам житариците, едно време појадував овес со мед и сок и не беше лошо. За погоре што праша една девојка, најмногу треба да се пази да не се меша протеини и јаглехидрати а ориз/компир со месо е баш бомба-микс. Ние сме си ептен навикнати на ова и мислам на многумина тешко им паѓа да се откажат, ама со тек на време секоја навика може да се смени. Комбинирај компир со салата и посебно месо со салата.
се јавувам на рапорт испренатупана, одвај дишам и куцам на тастарутава. сум се надминала себеси (според количината која можам да ја внесам) си се испозачудив скрос! па јас порано без мака си јадев 3-4 лепчиња, сега на почеток на второто ќе умрев знам знам, ќе речите оваа леб се разјадила не ме мислете, морав малку и лепче да си каснам, греотка сум, немам леб јадено 100 години, а плус тоа содржи и некои убави чуда внатре што сепак му требаат на организмот (бла, бла си се правдам овде ) е сега, проблемот е што го изедов за ручек... и да, измешав протеини со јх ама си се најадов добро и си се израдував што количината што порано ја внесував не можам ни на крај памет да ја ставам сега, не можам да ја замислам ни во текот на целиот ден да ја изедам, па камоли во еден оброк за доручек изедов пак 2 редчиња чоколадо, ептен бев во брзање денес и изгледа се прегладнив пошто немав добар доручек (ова за ум за сите!) и поминав покрај специјал, ми замириса убаво лебот, земање од тие малите (кружни) на пола дома кашкавал и салама (малку) оригано и томатело и в рерна. И си реков не вечерам денес ама сега ќе јадам! си направив 3 со сиот ќеф, кога, само еден залак од второто и си подждригнав си реков оди лечи се, кај планираше толку да изедеш (и со кој ум!?) и еве сега спремно е видеото со вежбите на моделите на Вики, правец тренерки за вежбање, па кафенце, одмарање и спиење! no dinner for me tonight! Инаку tigerlady, не му се секирај па и ти за малку млеко на сабајле! Голема работа! Да не е мешањето на вечер е битно, плус тоа гледаш јас вака квалитетно си ја оплескав денес, ти за млеко му ја мислиш малку во муслите дали да додадеш! Не дека сакам да те свлечам во провалијава со мене денес, ама како сум се изнервирала пред некој ден! Читам на јогуртот (демек протеин, нели?) состав и гледам повеќе јх во составот имаше отколку протеини! Се изнапукав скрос.. така да малку млеко на сабајле не е голем грев, плус тоа, се троши во текот на денот
Еве ме и мене Појадок-крофна Ручек-копан и ориз све тоа без леб Вечера-па уште се мислам али мислам дека ке биде зеленчук со малце сирење нешто не ми се јаде јеј И да сватив дека ја без благо немозам и ке си јадам и понатаму немозам без благо иако изедов крофна оцабајле али зато шишето од 1.5 литри во рака и пунење желудник со вода ми е работа (низ учење).Денес не се измерив така да утре ке видиме што сум направила
Книгата е 1290, мајка ми за роденден ми ја купи... инаку ја зема преку една жена на рати која работи за Младинска книга, па мислам дека може и ти на рати да ја земеш (доколку си зантерсирана, нормално). Еве и еден линк http://www.mkskopje.com/emag.aspx?docid ... odeid=2439
Јас прифаќам секаква критика, не се лутам! Еве од денес: Појадок - 3 реда чоколадо, 2 мандарини и 1 банана Ручек - Една чинија леќа и две рибанки леб( знам дека се многу) Вечера- Е тука имам најмногу дилеми.Сега вечерав 2 чинии млеко и бисквити ама не сум сигурна дали е во ред ова? Дајте предлози за вечера!
Мислам дека не треба да ги мешаш,бидејќи и јас секој ден тоа појадувам со едно јаболко и никогаш не ги јадам со јогурт или млеко туку само така суви со лажичка си ги јадам , е предходно јаболко.
сваќам се од диетава, се е ок. али единствен проблем ми е ручекот. зато шо одам нашколо и голем одмор ми е во 4, а и рачунајќи времето шо се будам таман ми идет тогаш за ручек. шо можам да јадам за ручек а можам да го купам од продавница готово само да го конзумирам?
Истиот проблем го имам и јас, сметам дека диетава е прелесна и преефикасна, но дајте некои предлози за ручек, валјда неможам како прваче да си носам во пластична кутија месо нашкола ;//
Појадок: 2 мафини со тиква Ручек: равиоли со спањаќ и рикота Вечера: салата со домати и кромид и риба Дефинитивно ми прија навечер да не јадам јаглехидрати, само уште супермаркетот со ефтини салати да беше поблиску... Викендов одам во шопинг, да се опремам за цел декември.
Абе женски за колку време првите резултати? Денес 4 ден : Појадок : Сникерс, празно лиснато и вода -Кај 14 часот јадев тиква Ручек: Малку варена зелка со 1 парче леб Вечера: Салата зелка и една рака лешници пред 1 час.
доручек-овошна салата(1 банана,1мандарина,1 јаболко) ручек-ориз со 1 стек и салата вечера-марула и кисело млеко немам некои посебни измени на килажата за овие 3-4 дена али се чувствувам полесно,мислам дека имам намалено некој грам....не се мерам почнав со 72 кила па сега нека помине некое време па ке се измерам,во секој случај ова е начин на исхрана,а не некоја драстична ригорозна диета-се надевам на успех!
доручек-овошна салата со 1 банана,1 јаболко,1 мандарина ручек-стек со ориз и салата вечера-марула со к.млеко немам некој посебен напредок али не се ни мерам,се чувствувам полесна,како да сум попуштила малце-почнав со 72 кила па за овие3-4 дена се чувствувам полесно-во секој случај ова е здрав начин на исхрана а не ригорозна диета-така што не се надевам на брз ефект!