И јас се немам измерено, ни со метро деновиве, за да проверам до кај сум утре ќе се мерам ведаш штом станам.. инаку денес појадок мандарини 3 и едно крем бананче. Ручек за денес немам испланирано уште, ама за утре планирам сарма да си направам (за ручек). За вечера таратур најверојатно, одамна немам јадено, баш добро ќе ми дојде.
Смеам ли да јадам од онаа салатата со макарони,салама,сирење и краставички? И похувани зденки, голем прекршок ли се?
Дручек- житарици со суви смокви Ручек- чинија грав без леб тоа у 1 часот пред школо Около 5 изедов пуцки Во 7 -јогурт 1 чаша,сиренце и еден патлиџан. Ако правам прекршок кажувајте , и нешто столицата ми е супер инаку вака едвај
Феминки само што се вратив од кај баба ми и дедо ми и тамѕ земи си внуче ова земи си она и никако немозев да бидам на дита затоа од утре продолжувам
Срам ми е да си го погледнам метрово доле, последниве денови партал направив. Ама денес се повратив. Појадок: пудингче од ванила, мало парче торта и јаболко. Ручек: 4 кифлички Вечера: малку кашкавал и млеко Искрено, воопшто не бев гладна, за кифличките повеќе стрвна, ама другите ги пикнав во замрзнувач сега само по потреба ќе одмрзнувам. Се опремив со салата и туна, утре и мевце ако донесат со супермаркетот и тераме. Уште да се натерам да вежбам и добро ќе биде. Се тешам дека пешачам доста.
јас мислам дека ќе почнам да правам тешки бељи наредниов период... ми следува доста тежок период со мноооогу големи глупости и тешки стресови и искрено да ви кажам, исплашена сум дека ќе ослабам од нервози и дека под стрес ќе јадам ко сељак.. ќе ве посетувам колку што можам до в година, мотивирајте ме во вашите резултати аман! оти готова ќе бидам... да не звучам депресивно само, оти таква сигурно ќе бидам наредниов период, деновиве сум ок, има и нови резултати -2 цм. ама ич не ми е битно деновиве тоа покрај нервозите, не успеав ни да му се израдувам држете се женски и дочекајте ме ослабени!
AhThatFemaleProblems, спремај се од време кога знаеш како реагираш на стрес. Не купувај залихи од не здрава храна полна шеќери и транс масти, земи една зелка и направи си ја салата, ќе изедеш количински мнооогу исто како да си отворила едно фамилијарно пакување на чипс Или друг вид на салата, протеини, готвено јадење... Вежбај кога си нервозна дополнителна мотивација ти дава а и полесно ќе заспиеш. Кога веќе имаш резултати не би сакала да ги уништиш, нели Не е лесно ама нели затоа сме тука да се поддржуваме.
Yup! Ќе мора да се наоружам за да издржам.. Се случуваат глупости постојано, некогаш поголеми некогаш помали, ама греота е да се уништат досега стекнатите резултати.. не дека нешто тешко ми беше додека сум ги стекнала, ама криво ќе ми биде да си ги вратам назад и залудно да ми поминало времето со пробување и издржување за џабе.. Ќе ви идам овде секој ден сите вие сте ми огромна поддршка и никогаш немаше ништо да успеам бев ваква морална поддршка како вашава девојки
доручек-овошна салата(банана,јаболко,мандарина),капучино и околу 13,30 бејк ролс од лук ручек-ориз со батак и салата зелка вечера-чај и чаша млеко пред спиење
Појадок: пудинг и јаболко. Ручек: равиоли со спањаќ и рикота, малку зелена салата. Вечера: зелена салата со пола домат, туна, маслинки. А да и чаша млеко и малку кашкавал, ова ми беше награда за да не јадам благо.
оваа недела ослабнав 1 кг и 300грама. а јадев еееее многу. доручкував, симит погача, еднаш, голем кроасан 7дејс, еднаш лиснато стапле, еднаш штрудла со јаболки, еднаш крофна со еурокрем, ама стално заборавам овошје, ама утре ке си земам уште од дома. ручав, ориз, грашак, два дена пастрмјлија, за вечера не ми се ни јаде бидејки ручам во 18.00ч ама обично јадев цврс јофурт од з брегов - виндија, ,најубав е ама кога видов на опаковката дека им повеке јаглехидрати од белковини се откажувам, вечер ке јадам зелка салата ако ме фати глад.
со доручекот ја утнав работата денес а и целата измината недела.......јадов една пирошка и пола перек ,имам уште пола ама нема шанса да го изедам па шо сака нека биди покасно ќе јадам еден портокал и една мандарина,за ручек ќе видиме,шо и да има малку ќе каснам и нормално без леб а за вечера само млеко!од денес па натаму секој ден ќе давам отчет тука,полесно ќе ми биди така да се придржвам а и ќе се осеќам моќно дека не сум сама во слабеењето позззз
Според мене ова не е диета туку здрав начин на изхрана. Под диета подразибарм за строги диети и со кои за брзо време можеш да симнеш многу.Ама со овој начин на исхрана исто така можеш да симнеш исто за подолг период,важно нема да се вратат килограмите и ке се научам здраво да се хранам.Па затоа од денес почнувам. Уште не сум појадувала ,ама и тоа ке биде.За појадок планирам лиснати коцки со чаша јогурт иако е касно веке.Ке ручам некаде кај 5 саат парче варен стек,малку варен ориз (со морков,магдонос и вегета) и чинија супа.А за вечера некаде кај 8 саат ке си каснам еден портокал и едно јаболко и најдана ке си бидам. Имам некоја грешка? Ако имам некоја поправете ме да ја испаравам пред да ја направам.
Да знам дека имам грешки. Појадокот веке го згрешив,ама нема и ручекот и вечерата. За ручек само ориз без месо,а за вечера некоја салата и парче стек. Од горешките се учи.
Пошто не можам да прочитам коментар меѓу двата твои ќе ти дадам еден совет, не ја имам држено оваа диета, односно режим ама мислам дека од толку многу проучување ја имам сфатено, за појадок беа ЈХ, за ручек стандард кој мислам дека не треба да се мешаат врстите на храна, односно скроб со протеини како твојот план што е, а за вечера повторно се препорачуваат протеини. Мислам дека твојот ден денес е скроз утнат ама тоа нека не те демотивира, имаш уште можности да започнеш здраво да се храниш, секогаш можеш всушност. Утре глеј појадокот да ти биде ЈХ, ручекот да не мешаш, а вечерата протеини. Иако можеби не пишува дека не треба да се меша, не ти е лошо да започнеш така да се храниш, многу повеќе ефекти ќе имаш. Можеби месо само како месо нема да ти биде вкусно, ама месо со салата некоја, со некој прилог кој нема да ти вкулучува скроб, ќе ти биде супер комбинација. И доколку можеш, појадувај овошје, оние лиснатки се полни со масти, односно путер или маргарин со што ги премачкуваат, јас ако изедам една ладна таква, мислам дека во устата имам исто чувство како да сум изела една лажица маст, ми се лепи за непцата, сите кои некогаш сте пробале ладно свинско сте го осетиле тоа чувство во устата, да ти се лепи за непцето, ужас И да овошјето не се јаде навечер, подобро да изедеш некоја салата, тоа се шеќери кои не се разградуваат лесно, ако ќе кажеш здраво е, овошје, ама пак не е препорачливо.
Го згрешив само појадокот и не ме демотивира,од грешките учам.За Појаок јх,за ручек скроб,за вечера протеини,од сега така. И фала за советот.
За доручек може лиснато ама без јогурт. За вечера овошје не, овошјето може за доручек. За вечера можеш да пиеш јогурт, млеко, да јадеш месо ( на пример ако ти остане од ручекот), сирење, зеленчук.
Денес мислам ја исправив грешката. За доручек еден кроасан севан дејс,за ручек еден варен компир и кисели краставички и за вечера печена риба.Денес не ја унав нели?
Трети ден. Доручек едно лиснато,за ручек варен ориз (со веѓета,магдонос и морков) и за вечер две парчиња стек (затоа што се мали).