Ммм, многу се заинтересирав.. ми фати око диетава Ирена, секоја ти чест. Е сега, колку време да се држам на следниов режим? Или пожелно е доживотно? Искрено немам проблем со количината на храна зошто една година цели 1 месец бев на 1000 калории на ден! И ослабев 10 кг.. ама потоа пак ги вратив. Сега треба да намалам околу 6 кг.. и сакам некој режим што не ги враќа лесно кг. Може некој предлози околу оброците? Се мислам што да јадам за доручек :/ Може чоколадно некое до 150 калории? Или пак.. некоја баничка(половина)..може баничка со сирење или урда? Или пак овошје?
Ден 6 Појадок:2 киви Ручек:каша и зелка салата Вечера:стек Ден 7 Појадок:2 јаболки Ручек:ориз и салата Вечера:ништо Ден 8... Денес правев некои грешки и затоа не пишувам што сум јадела. Не мора доживотно да си на овој режим. Од кога ќе ослабнеш за да не ги вратиш килограмите,ќе си внимаваш на исхраната,а не веднаш да јадеш чипсови,сендвичи итн. На прватата страна од темата ти е се објаснето за диетата,што и кога се јаде,што не може да се комбинира. За утре. Ден 9 Појадок:3 парчиња двопек Ужина:2 јаболки Ручек:2 чинии супа Вечера:марула салата и чаша млеко
4 ден Појадок - 2 портокали Ручек - кришка леб со плескавица и салата од краставици Вечера - салата марула и краставици
Чувствувам како сама да си зборувам во темава Ама морам да пишувам, така се мотивирам. А и добивам некоја идеја плус за јадење од овде. 5 ден Појадок - 2 портокали Ручек - кришка леб со ориз и кисела салата Вечера - парче погача, знам дека не треба, ама бев на гости и не можев да одбијам 6 ден Појадок - кроасан Ручек - кришка леб со кајгана и јогурт Вечера - салата марула и краставици
Не си сама.Еве јас сум овде. Ден 10 Појадок:две солени банички Ручек:грав и кисели краставички Вечера:чаша млеко
Не, не како сама има милион неми поддржувачи. Иначе јас деновиве забушавам, посебно за ручек затоа што после ме фаќа криза за благо. Ама за вечера се трудам да биде секогаш нешто без јаглехидрати. Во последно време хит ми е зелена салата со патлиџан сецкан на коцки, едно ситно сирење што го начекав тука ама за во Скопје мислам со било какво сирење или урда уште поубаво ќе биде, и ситно сецкан црвен кромид. Се мешам, ставан трофче маслиново и балсамико, маааалку сол и оригано и малку семиња некои (многу ми се интересни во салата). И зобаш. Мене ми дава ситост плус после немам криза за благо. Е само ако се планира излегување после не е најпожелна. Деновиве ептен ми беше стресно припремање на последен испит и криво ми е што немав време да вежбам, ама од утре се ставам во ред. Сега му се спремам и на кеј во Скопје, здравје од март.
и до каде сме денес а? јас денес кога се мерив на вага,,,гледам до седмицата имам нула,,,хахахахаха после два или три месеци редовно мерење ,,,,хаххах и се га со помош на овој режим 1,7,или 1,8 или 2 кг помалку за само 5 дена ,,среќна сум
Девојки да прашам еве јас сеа почнав со диетава е сега доручекот ми е во 8 и 30 а ручекот во 5 саат после вечера кај 9. Е сега меѓу доручекот и ручекот што можам да јадам дека 8 саати се многу и не можам да издржам ми се јаде исто сакав да прашам не е касно 9 за вечера или треба порано да вечерам!! Инаку еве денес за доручек јадев перек ручек манџа за вечера една чаша јогурт!
Во меѓувреме,помеѓу појадок и ручек можеш салати,во секој случај се здрав избор. Исто и навечер можеш салати. Тие се вкусни,заситуваат,а не се калорични.
Па добро се движам... плус колку многу благо јадам Јас 1 кг. помалку, бев 55 сега сум 54 Боље ишта, него ништа
dali moze da se jadat soini troski zaedno so oriz, dali e pravilna kombinacija aj ako znae nekoj neka mi odgovori ...pozz
9 ден Појадок - мало парче домашна пита Ужина - кива и мандарина Ручек - шпагети со кечап Вечера - чаша млеко
Ден 13 Појадок:2 киви,два реда чоколадо и една чаша чај Ручек:2 чинии супа и зелка салата Вечера:едно мало парче сирење