Јас од утре планирам да ја почнам. Е сега нов член сум па некултурно вака ви се уфрлам сред муабет буквално, затоа прво Здраво. Инаку имам некои прашања до вас. Бидејќи цел викенд дремам на странава и читам за диетава некои работи ми се нејасни. Прво би сакала да ве прашам за ручек што точно се јаде? Гледам некои јадат мешана храна додека другите не. Па би сакала да ми објасните околу тоа
Ден 14 Појадок:една рибанка со крем Ручек:чаша и пол млеко и малку зелник (знам,подобро е да не се мешаат протеини и јаглехидрати,но не можев да одолеам ) Вечера:ништо За ручек тоа што има дома.Се случи и јас еднаш да мешам протеини и јаглехидрати,но во повеќе случаи внимавам.Пример ако за ручек има компири и месо,компирите ќе ги оставиш за ручекот со некоја салата,а месото за вечера. Не може. За доручек можеш само мусли,а млекото за вечера. Ден 15 Појадок:појадокот ми почна уште во 6:30,9 дренки,а потоа кога се вратив од училиште во 13:00 јадев малку зелник. Ручек:бидејки јадев зелник во 13:00,за ручек ќе имам само зелка салата и толку за овој ден.
Вчера 10 ден, само појадокот ми беше како што треба, т.е. 2 овошки. Другото го утнав и затоа не ни пишувам Денес, 11 ден Појадок - 2 киви Ужина - кроасан Ручек - кришка леб со пржен пипер и јајца Вечера - веројатно ќе биде чаша млеко
Прв ден Појадок: 1 портокал Ручек: Ориз со прокељ Вечера: 1 чаша јогурт ( и како што прочитав пред малку на јогуртот повеќе јаглехидрати отколку протеини содржи) Првиов ден лесно помина, а за другиве ќе видам
12 ден Појадок - кива и портокал Ужина - кроасан Ручек - парче пастрмајлија Вечера - краставица и 1 виршла
Втор ден Појадокот и ручекот ми се совпаднаа станав прилично касно : 2 парчиња леб со мармалад Вечера: туна
Здраво на сите! Нова сум на форумот иако ги имам прочитано голем дел од темите, бидејчи сум вечен диеталец-за жал! И токму поради тоа се регистрирав да го поделам моето искуство за диетите со вас. Прво да кажам дека имам таков метаболизам што многу лесно накачувам килца а многу тешко симнувам па затоа кога сум на диета навистина сум на диета-што значи не само што крајно се придржувам на диетата, туку и кратев многу од неа-се со цел да имам што подобри резултати, а тоа секако значеше и многу измачување, гладување и исцрпување.... Доброто во сето ова е што немав некои поголеми проблеми како хоспитализирање, инфузии и сл., за среќа се се завршуваше со мали вртоглавици, омалаксаност.... Но, да преминам на главното:бев на аткинсонова диета 20 дена - резултат 1-2 кг минус бев на медицинска диета 15 дена - резултат 1-2 кг минус бев на диета 20 дена-8 кг околу 15-16 дена -резултат 0 кг минус бев на УН диета цели 4 месеци - резултат 11 кг минус Е сега вака:како што напоменав се држев до диетите крајно ригорозно и речиси без ниеден прекршок, а сепак со првите 3 диети немав никаков резултат а кои ги сметав за екстремно брзи и ригорозни диети а крајно штетни по здравјето. На крајот се решив за УН диета за која бев голем скептик, бидејќи секоја трета ден беше јаглехидратна-дозволено беше само тестенини и благо. Но сепак се решив, ја почнав и издрзав до крај. Резултатот беше и повеќе од одличен-ја достигнав посакуваната тежина! Но за жал неможев долго да уживам-од тогаш до сега за 1 година вратив 8 од тие 11 кг. Свесна сум дека за тоа најмногу сум виновна јас самата, но ако зборуваме реално кој диеталец после секоја диета не го прави спротивното од тоа што го прави! Па драги мои феминки од ова сватив дека не ми е потребна брза и ригорозна диета со која ќе ослабнам незнам колку кг а потоа веднаш ке си ги вратам туку ми е потрбен правилен начин на исхрана-нешто како диетата на ирена со кој не само што ке ослабнам туку ке стекнам навика како да се хранам и после тоа за да не доживеам разочарување повторно. Ниеден човечки организам неможе цел живот да биде лишен од нешто што најмногу го сака а сите диети го забрануваат, без разлика дали се работи за тесто, благо, мрсно итн... Диетат на ирена вметнува се што подразбира зборот храна, само предупредува на начинот на кој таа се комбинира. Затоа се решив за оваа диета која, знаејќи го мојот метаболизам, не ми е многу надежна дека ќе ги намали моите кг но ќе се обидам бидејќи не ветува измачување и бидејќи ако не друго барем да се навикнам на тоа како треба да се хранам. На крајот се извинувам за моето исцрпно излагање. Ако бев досадна простете ми, а ако некому бев од корист-ке ми биде мило.
Jovana123,диетата на ирена мене ми е ептен погодена,само незнам зошто кај тебе и овие добро познати диети не помогнале,знам дека колку килограми имаш повеке ,и ако стварно внимаваш повеќе губиш за разлика од оние кои се послаби,во секој случај добар избор е диетата на ирена, јас за десет дена имам помалку 3 килограми,,и многу сум среќна,со среќа и на тебе
...а за да се мотивираме уште повеќе ти како нај активна како што гледам не е лошо да пишуваш и килограмите, мислам минус колку ?
благодарам на подршката! Дека диетата е добар избор не се сомневам во тоа-ако ништо друго барем поздраво ќе се храниме А за претходните диети токму тоа сакав да го кажам дека колку по строги беа јас помалку слабеев-скоро ич Значи мое мислељњ е дека не е поентата во тоа што помалку јадеш па да слабееш, туку во тоа да јадеш "доволно" но правилно да ја комбинираш храната, па тоа нека биде и на подолги стази но барем подолготрајно. Па како и да е веќе ја почнав диетата, ова ми е втор ден па нека ни е со среќа на сите што ја држиме-ако јас ослабнам ќе ослабнете и вие. Ќе ве известувам за резултатите како и за оброците-а ве молам и вие за да имаме повеќе мотивација и повеќе идеи за оброците. Еве ги моите 1.ден доручек - 1 геврек и турско без шекер ручек - пола тањир грашок без леб вечера - 200 мл баланс јогурт 2.ден доручек - една кроасана и турско без шекер ручек - планирам 2 варени компири со салата вечера - 200 мл баланс јогурт П.С. турско кафе без шекер пијам повеќе пати во денот бидејќи не можам без кафе Уште еднаш среќно на сите
И јас нешто за диетава нешто плус да кажам. Имам доста килограми да симнувам, а цел живот сум си дебела и досега сите диети ги почнувам и до пола ги завршувам. Мразам диети кај што морам сите калории да ги бројам да запазувам кој ден ми е ( дали протениски и сл). Оваа е единствена која ме мотивира да продолжам да ја држам само поради тоа што се си јадеш, но правилно комбинираш што е плус за понатамошно навикнување на организмот и практикување на истото за да се задржи идеалната тежина. Мене проблемот ми е што обично не доручкувам, а сега полека си го навикнувам организмот на доручек, а не на касни грицкања на чипсови, смоки и чоколади. А и вода слабо пијам па сега со чаеви и неколку чаши вода се обидувам да ги надоместам оние 2л кои ни се потребни. Сега е ред на менито Трет ден: Појадок: 1 портокал Ручек: супа Вечера: 1 чаша јогурт Четврт ден: Појадок: 1 парче леб со мармалад Ручек печени компири и зелка салата Вечера: Зелка салата или марула (сеуште не сум одлучила)
jas okolu dva meseci ja drzam dietava i sakav da vi kazam so ogled na toa deka dnevno treba da se vnesuvaat 1500 kal pa i poveke zavisi toa e individualno , znaci moze slobodno da jadete povekje a inaku so tolku malku vnesuvanje na kalorii mozno e povtorno da gi vratite kg znam od licno iskustvo, jas jadam duplo od ova sto gopisuvate i pak slabeam i golema upornost treba i da ne se otkazuvame
Вчера, 13 ден Појадок - Бејк ролс Ручек - помфрит Вечера - стек Денес, 14 ден Појадок и ручек, 2 во едно бидејќи станав доцна денес - кришка леб со мармалад Вечера - салата Инаку, намерно не пишувам килограми затоа што не сум се мерела откако ја почнав диетава. Јас сакам да ослабнам некои 6-7 кг, па ќе видам колку ќе успеам во тоа. Правам исклучоци во оброците, не дека сите ми се како што треба, ама не секогаш успевам да истраам. Блиските веќе забележаа дека сум ослабната малку, а и јас си приметувам по облеката. Сепак, рано е уште да зборам за резултати.
3.ден доручек:1 геврек и турско ручек: 3 варени компири и зелка салата вечера: марула салата За резултати не пишувам се уште е рано дури ни стомакот не ми е разлабавен За утре сеуште немам испланирано.
5 ден : Појадок: две кришки леб со мармалад Ручек: печени компири и зелка салата(од вчера ми останаа) Вечера: ништо (не сум нешто гладна) Инаку денес ме фалеа дека сум ослабела Но сепак рано е
Правев некој грешки последнава недела, од утре како што треба! Прв ден: доручек - торта -400кцал ручек - стек и салата -300 вечера - стек и салата -300 Ќе гледам да биде малку количински. И бтв, некој случајно да не знае едно стандардно парче стек колку калории има? Одприлика?
Јас би сакала само стомакот и бутовите да ги ослабнам малку дека таму сум по пуна,а стомачни ми се смрт,би правела по 20 на ден ама неможам а немам ни време повеќе да вежбам,дали овој начин на исхрана би ми помогнал малку да намалам кај стомакот и бутовите?
Колку што јас знам кога слабееш, слабееш подеднакво во секој дел од телото. Можеш само да ги затегнеш мускулите со вежбање, ама тоа е скоро незабележливо. А ти треба здраво вежбање од 3 месеци, со постојани тренинзи, а и сама велиш дека немаш време.. А за стомакот е лесно, само стомачни и припазувај на исхраната