Јас од денес почнав со диетава. За доручек изедов потпечено лепче со мармалад и чај, а за ручек сега му ја мислам. Туку сакав да прашам дали смеам да пијам исцеден лимон без шеќер преку целиот ден?
Моето мени за денес: Доручек- мусли со брусница од Виталија, мандаринка, крембананка и кафе без шеќер Ручек- Каша ќофте сигурно ќе каснам пола кришка леб, не иде тоа суво :/ Вечера- Марула со туна и чаша јогурт... До сега само доручекот го изедов ама мислам ќе повратам од прејаденост, ако ослабам вака, цел живот веќе вака ќе се хранам... Сега чекам 4 саат и да вежбам, па во 5 да јадам и се така... Се надевам и мене ќе ми биде ефективна диетава
Cакам да ја почнам диетава имам вишок килограми околу стомаков и многу ми сметаат,само тешко ми е во диетава што мораш сабајле да јадеш благо,не можам да јадам никако благо,овошје воопшто дури од самата помисла ми се гади,корнфлекс,мусли не можам ни тоа ми се гади од млекото,и сега што да јадам сабајле?
Не би ти препорачала да мешаш туна со јогурт, не поради калории туку што риба и млечни производи не се мешаат возможна е ерупција во стомакот
Да дополнам... Леб премачкан со кремче т.е еурокремче , пита со јаболка и цимет, со вишна, благи кифли, кроасани, парче торта, попкејкови, колачи...голем е изборот, немате маки, плус задоволтвото е огромни, благичко. Мераци
Како и неколку диети досега што ги имам држено така и со оваа претпоставувам ќе биде, првата недела губам 3 кг. и после стагнирам, може цел месец да помине а јас да си останам само со тие -3 иако продолжувам со диетата, з'ш така? Сега сум втора недела па ќе пишам натака за резултати. Салдо- минус 3 кг. А сум тргната 5-6 да ги скинам...
И јас мислам дека можи мусли со млеко а мене ми се омилени и само тоа јадам за појадок. Мислам дека неможиш дефинитивно да ги оделиш ј.х.,масти и протеини затоа што како некој што кажаа јаделе поп кек,кифлички,чоколадо да и во чоколадото има млеко,кифлите колку што знам и во нив има млеко има масти(маргарин или путер).па според мене главно појадокот треба да бидат ј.х но можи да има помал процент на протеини и масти.па исправете ме ако грешам
Немам многу за слабеење 2-3 кг ама сакам да продолжам со ваков начин на исхрана за да не се здебелам пак( ах пуста зима) Јас летото ја држев УН диета и за 3 недели ослабев 7кг и бев многу задоволна ама сега си вратив 2 кг и оваа диета ми делува совршено А тебе која ти е целта колку сакаш да ослабиш?[/quote] Нема да ти се верува ама баш истиот случај е и кај мене. Толку од прилика и јас, и јас ја држев УН ослабев 8 килца ама поради празнициве пак си накачив, сега да почне потопло време па ке фатам ке трца, тоа кај мене најдобро влијае ама ке ја држам диетава да си ја регулирам тежината [/quote] ехе супер имало некој ист ко мене па ке си се дружиме со диетава да ни биди полесно.А и јас ко тебе едвај чекам да се стопли времево па на трчање и пешачење,ама зимава никако да не напушти
Нема да ти се верува ама баш истиот случај е и кај мене. Толку од прилика и јас, и јас ја држев УН ослабев 8 килца ама поради празнициве пак си накачив, сега да почне потопло време па ке фатам ке трца, тоа кај мене најдобро влијае ама ке ја држам диетава да си ја регулирам тежината [/quote] [/quote]ехе супер имало некој ист ко мене па ке си се дружиме со диетава да ни биди полесно.А и јас ко тебе едвај чекам да се стопли времево па на трчање и пешачење,ама зимава никако да не напушти [/quote] Еве ви уште еден во клубот Почнав од денес, а сакам да намалам 4 килограми. Моето мени за денес беше : појадок: Благо домашно некое, кафе без шеќер и едно јаболко ручек : риба и компир салата вечера : фета ќе биде и јогурт, сирењето со лајче, без леб
Благодарам на советот, ќе те послушам, тогаш ќе биде само марула и туна за вечера... Инаку јас сакам 6 кила да симнам... Ќе биде
Ми се допаѓа диетава, повеќе ми е како правилен начин на исхрана. Само се мислам за нешто. Од пред неколку недели сум физички активна 5 пати во неделата, вежбам кон 8 и пол-9 часот навечер. Е сега, дали со ваков режим на исхрана ќе имам доволно енергија за вежбање? Нели пред вежбање пожелно е да се внесуваат јаглехидрати за енергија, а според диетава тие се јадат наутро. Тоа што ќе го внесувам за време на ручекот ќе ми биде доволно? Или нема врска? Може е малку глупаво прашањево ама стварно се замислив, страв ми е да не треснам на сред вежбање
Епа вака: ја држам УН веке 45 дена до сега ослабев околу 6 кила (не сум се мерела скоро) ама сега кога ја видов диетава сакам да ја почнам оваа, а од друга страна се навикнав веќе на УН. Сакам да ослабам уште некое килце, ама ми е страв да не ги вратам и овие до сега ослабениве Оваа ми е некако по симпатична има повеќе за јадење во текот на денот, нема овошни денови (кои ич не ми се омилени) , а и ми треба енергија од сабајле дека на факултет, а вака до ручек само на овошје И сега прашањето ми е, што мислите ќе продолжам да слабеам ако се префарлам на оваа диета?
Некако ручекот да го прескокнам ми е најтешко,често се откажувам од диетите само заради тоа.Се демотивирам што еден или два дена сум гладувала за следиот ден да се прејадам. Интересна ми се гледа диетава, само што редовно не сум дома за ручек.Што да јадам?!Некој предлог ?
И јас ја почнав еве втор ден, за доручек земав мусли со овошен јогурт и една лажичка џем од малини, за ручек немав време да јадам, вечерава ми се состоеше од едно парче свинска кременадла, со зелена салата..
Јас веќе една недела ја држам диетава, од минатитот понеделник, а и почнав да вежбам секојдневно по околу 1 час, насабајле и пред спиење. Изгубив 1 кило во текот на неделава и стварно сум задоволна. Се чувствувам и одвнатре поубаво при самата помисла дека здраво се хранам. Ми се свиѓа ептен овој начин на исхрана зошто не е нешто строго кон што треба да се придржуваш, туку е само начин поздраво да се храниш. Наутро најчесто јадам овошје, житарки..на пример сабајлево појадував банана исечкана на ситни парчиња во чинија, искршив малку бискивити и додадов млеко. За ужина начесто купувам од муслите на виталиа (тоа е негде пред ручек и пред вечера). За ручек гледам претежно протени да внесам, а ако сум ептен гладна земам највеќе 2 до 3 кришки интегрален леб. За вечера главно јадам јајца варени, парче сирење, салати..зависи гледам секој ден различно да биде. Решена сум да бидам фит за летово, и ептен чекам да се подзатопли за на кеј. Кога ве фаќа криза голема, само пуштете си некои слики од згодни манекенки, одма ќе добиете мотивација хахахах А, и ќе заборавев, од 1,5 до 2 литра вода на ден обавезно ги пијам иако малку со сила.
Мене денес ми е втор ден со диетава, и сега за сега не се жалам, добро е Е само што не очекувам чуда од неа, па затоа кога веке сум решена да слабеам нема да лежам и да чекам да дојде време за следното јадење, туку ке си го испотам малку газето Диетава + еден саат на Орбитрек + половина саат од вежбите за стомачни што некоја феминка погоре ги имаше постирано и се надевам дека за еден месец ке има добри резултати и уште поважно ке си го навикнам организмот на поздрав живот па со срека на сите со диетава
AAAAAAAAAA falaa mn za ovaa,stvarnoo mi bese potrebno,ke ja probam i se nadevam deka ke ima rezultati i kaj mene! *