И јас малце ја утнав вчера (пошто бев на именден),а и денес,ама од утре пак строго. ДЕнес овесни снегулки доручек и едно колаче, поручек стек со пире и зелка салата,ужина 2 крофни а вечера не јадов,а не ни треба да јадам.
Сакав да ве прашам дали меѓу оброци може да се касне нешто помалку, житарка, некои зрнести плодови, такви работи?
^ според концептот на режимот не смее, но доколку ептен си гладна, пробај да пиеш вода со лимон, ако не ти успева, тогаш ептен ако мораш изгрицкај нешто ситно што според делот од денот се совпаќа во групата на јадења што треба да ја јадеш.
Јас малце потфрлив со диетата овие дена,ама не се прејадував де,пак беше во мали количини и сега пак ќе се вратам во нормала.Денес јадев доручек коприви со јајце и едно парче леб,ручек овесни снегулки,2 кафиња и вечера пак коприви со јајце А после можи вода да пијам,не треба повеќе да јадам.Ептен ако ме фати криза ќе е едно парче кашкавал растителен.
20,21,22.... се исто кафе цеден лимон со к.вода појадок:ајвар и 2 р. леб протокал ручек:тоа што имам зготвено вечера :/ затоа што доцна ручам не ми се јаде чај пред спиење и уште ништо од кг. но се осеќам лесна не сум уморна како пред тоа не сум постојано гладна и не поткаснувам ќе ослабам па што сака нека биде (си размислувам да земам + нешто за слабеење?) :angel незнам колку е паметно за да почне да ги топи наслагиве
Завршувам со Ун диетата , и го постигнав резултатот што го сакав, сега сакам да продолжам со оваа диета бидејки гледам дека би ми одговарал овој начин на исхрана, дали има некој од вас што после УН диетата продолжил со оваа, и дали се враќаат килограмите бидејки двете диети се многу различни???
уткааа напрајф -.- сабајле на улилиште си изедов еден портокал тоа е добро па кај 12 сатот јадев едно пециво и едно топче сладолед неможев да му одолеам аххх -.- и сеа земав смоки да јадам зелени -.- ова као за ручек али ајде вечер не јадам ништо ке изедам мош едно јаболко
denes resiv da odam na saem za knigata i da ja kupam knigata, oslabni dodeka sonuvas ili kako bese naslovot tocno neznam ama se nadevam deka ke ja najdam i toa so popust
Hello!!!! se prefrlam tuka,nemozam samo jabolki da jadam do 4 i pol od utre i jas so dietata na irenna,ima nekoj sto oslabel od t.n dieta posto zvuci super ???
Јас сеуште си се држам според овој режим,понекогаш по некој исклучок правам ама воглавно си одам според неа.А незнам дали сум ослабена пошто вага имам една стара и не работи ко што треба.Ама треба и да почнам да вежбам иначе нема да мрднам од кг. Еве подобро се осеќам,неподуено и се,ама треба повеќе да се активирам Важно избегнувам газирано,кога ме нудат нешто одбивам леб по едно парче,благото само не можам да го откажам,ама јадам ептен мала количина и само за прв оброк.
Јас еве, веќе трета недела се придржувам кон оваа диета. Или како што јас кажувам - здраво си се хранам. Не се држам до толку строго, меѓутоа сепак се трудам да имам редослед што за појадок, што за ручек, што за вечера. Благо јадам ретко. Првите две недели воопшто и не јадев благи работи, (само наутро си мачкав леб со мед/мармалад, и плус овошките), меѓутоа последниве неколку денови наутро поткаснувам и по малку благичко. Колку мерак да ми помине. Што ми е најчудно, јадам многу помалку во споредба со порано, а сепак сум сита. Дури и почнувам да мислам дека порано јадев само ради досада. Сума сумариум - намалив скоро три килца.
Еве ме и мене, ве читав изминативе денови, само се чувствував дека многу замарам со пораки па не ви пишував, туку ве „мањачев“ )) Инаку јас го напуштив режимов делумно, се придржувам до тоа што јадам навечер (или некогаш и не јадам после 17 часот, зависи од денот) битно на сабајле веднаш после утринското кафе доручувам (за разлика од времето кога пиев само кафе и дремев гладна по цел ден) потоа си ручам тоа што има дома, или, како што последниве денови ми се случува, си правам голема салата и леб скоро и да немам јадено асално еден куп време.. Значи за доручек мешам понекогаш по некој не многу страшен протеин со јх-ти, на пример по некоја маслинка, или едно јајце, ама тоа е, ме примрзи да планирам што треба да имам дома, освен намирници за салата, тоа секогаш го имам Си наоѓам на интернет интересни и нови рецепти секој ден и супер ми е со салативе. Само што доматите и краставиците ми се омилени, а цените им се увис сеуште )) чекам да дојди лето и да се рајатисам финансиски малку, вака еден оброк 200 денари ме кошта )) Шала на страна, ослабена сум 5 килограми, барем од ко се мерев на дигитална на гости, тогаш бев 72 а сега сум 67 килограми. Екстра задоволна сум, не правам ништо посебно, т.е не се чувствувам барем дека правам, не сум изморена, не се замарам што треба да јадам (како на некои диети од кои постојано чувствував глад) најадена сум секогаш, супер спијам, задоволна сум, позитивно размислувам, весела сум итн ) Поздравче до сите **
ќе може ли некој да ми напише, што конкретно да јадам наутро, што да јадам попладне, што да јадам навечер. ви благодарам
Спојлер Да, има нездрави состојки, ама дава резултати. И УН диетата има нездрави состојки, ама затоа нема незадоволен човек од овие начини на исхрана. Се додека се ограничуваш од нешто, на крај ќе попуштиш и ќе изедеш 5 пати повеќе од тоа што си можел да каснеш, онака малку, колку да ти помине меракот...
Здраво е да не бидеш дебел а не да се фокусираш само на здрава храна. Ефектот на забранетата храна е дека ти ги враќа хормоните лептин и грелин во нормала. Затоа се препорачува да има ден според телесните масти кога ќе си каснеш нешто од забранетото. Плус фактот дека храната што е здрава нема некој убав вкус.. И те подржувам во тоа што го кажа
Женски а јајца во кој дел од денот може да се конзумираат? Како вечера? и може пржени на маслиново масло ама малку?
^ јајцата навечер. пржено, посебно на вечер, ама ич не е препорачливо. јас ги јадам варени, како салата со марула и млад кромид, тебе како што ти се вкусни така комбинирај ги
Јас забегав малце од диетата,ради празниците,ама еве пак се враќам ДЕнес ред чоколадо и кафе, ручек пола плескавица,едно парче леб,салата зелка, а вечера пола плескавица и многу салата зелка и кафе сега ќе пијам. Ај па од утре ни плескавици нема