Девојки...нека не ви матат памет со овие искомерцијализирани нездрави диети со многу низок калориски внес, наменет за мрцини кои ги мрзи да бидат физички активни, па бараат утеха во магично едно месечно слабеење. Најдобриот и најефективниот начин за намалување на вишокот масти и градење на мускулна маса(обликување на телото - задник, раце, гради, стомак, нозе) е преку балансиран внес на протеини, јагленохидрати и масти во комбинација со физичка активност. СЕ ама буквално СЕ освен ова е ветер во магла. И некој да ослабе 10 кг за 1 месец без физичка активност, ќе изгледа пивтосано и на ништо повторно нема да изгледа. Ќе изгуби на телесна тежина да, но најголем дел од тоа ќе биде поткожна вода и мускулна маса, а најмалце масно ткиво. Од таму доаѓа тој пивтосан изглед...Затоа, палете патиките во локалната теретана или пилатес центар, фаќајте се сериозно во кујната и очекувајте убави резултати, нема да кажам за брзо време затоа што ништо маѓично не се случува за месец два. Потребни се најмалце 5-6-7 месеци за убави, видни промени и обликување на телото. Hope this helps
Доручек чоколатце сигма две јаболка две мандарини амам ме фати криза и изедов малку смоки и неколку солени крекери ме фака пмс Ручек домашно пире и вода од гулаш без месо За вечера планирам топло млеко со цимет Инаку за постот погоре јас ова не го сметам за диета туку како режим на исхрана зошто има внес на се што му е потрбно на телото а и нема низок внес на калории зоштоневе кас лично бројам калории и внесувам таман колку што ми е потребно на телото ама со распоред а мибсе случуваше цел ден да внимавам и на крај на деенот да изедем половина пакетче со наполитанки или колачи и да го бомбардирам телото со шекери баш кога не треба а вака знам ако ми се сојаде благо ке се стрпам до следниот ден кога можам без грижа на совест да јадам знаејки дека ке го пптрошам колку толку
И јас исто внимавам да внесам до 1200 калории иначе за недела дена треба да добијам и никако не можам да се контролирам нон стоп само јадам нешто ама здравје ке продолжам пак
Режим за исхрана девојче не е рестрикција со 1200 калории.За секој тоа е различно,кај некој повеќе кај некој помалку.Диетите се краткотрајно решение со вагата,но си размислила што понатаму? Цел живот ќе си на рестриктивна диета,каде што нема разновидност и не е здрава? Плус за секој е различно колку масти му требаат,колку протеини и јаглехидеати.Диетите од типот не јади ова ,јади само јаболка или семки не ја бива. На телото му треба се ,а кога е со низок внес на калории одреден период тоа почнува да складира и метаболизмот се забавува.Плус топењето масти не може одеднаш да се деси затоа што бара 7000 калории да согориш за 1кг. За разлика да стопиш 1кг мускул се потребни 1000 калории и затоа брзо слабееш затоа што губиш мускулна маса... Ај да си предебел разбирам,но без доволно есенцијални нутриенти тњлото не функционира...
Па внесувам околу 1200 калории бидејќи така ми испадна на калкулаторот на фемина, јас свекако јадам разновидна храна доручек кифла ручек мусака со салата и туршија вечера јаце варено и чаша млеко мислим дека внесувам доволно разновидна храна, можеби и грешам...
еве конечно и јас од денес ја почнувам доручек: 2-3 кифлички мали со крем, 2 киви и кафе без шеќер ручек: едно парче леб со месо(околу 150 гр) вечера: салата патлиџан со сирење
А јас пак сум за тепање...овие 5 дена се ми се испомеша цел ден до 16 часот ништо нејадев а потоа мешав се и торта и пица и денес гулаш и плус кикиритки абе што да кажам ама од утре си се вракам пак на старо
Еве ме мене назад после недела дена забусавање 1ден Доручек тиква варена и линеа подоцна и колач парен Ручек риба печена во фолија и омлет Вечера веројатно млеко со цимет Нема никој да ме дружи?? Патем има граница колку благо може да се јаде бидејки сум слаба со него и за вечера дали може чаша јогурт со овесни трици? Бидејки метаболозмот мие како полжав бавен
Секоја чест за диетава, ја почнав и јас, со намера да ослабам 5-6 кила. Еве, за три дена ослабев 2,5 кила, и планирам да продолжам да ја држам. Сепак, ова повеќе е здрава исхрана, отколку диета. Доручекот понекогаш го прескокнувам, односно не доручкувам, затоа што станувам касно, кај 1 саат, и тогаш одма ручам. За ручек се' јадам, без леб. За вечера комбинирам, еднаш шопска салата, еднаш туна.
Challenge accepted. Смешна испаднав, по сите теми имам пишано, па ајде конечно една асална „диета“ да најдам. Ден 1. Доручек- една чаша сок од праски, 2 ѓевреци. Ручек- Гравче Без леб. Вечера- Па ваљда зелка, туршија или кромид салата. Ќе видам, па ќе ви пишам Сакам дали се дозволени ѓеврекот и сокот од праски на сабајле, а и во кој дел од денот смеат да се јадат јаткасти плодови, лешници, ореви, бадеми итн. Едит- А компирите ?
јас ја почнав оваа диета од вчера денес имав на менито: појадок: 3 мали празни кифлички, 2 реда црно чоколадо, еден чај со 1 лаж. мед ручек: пире и салата со зелка вечера - незнам??? дали можам за вечера месото да го јадам со варена пченка, зошто пченката содржи скроб а скробот е шеќер
Денес појадок: 2 реда црно чоколадо и мало парче леб со една лаж. мед ручек: пилешки џигер со едно ипол парче интегрален леб и салата од зелка вечера (веројатно) : јогурт, сирење и 2 варени јајца Знам дека количински не е баш малку, ама само за првите денови додека не ми се навикне организамот после ке намалам со количината
појадок: 1 парче торта со бисквити ручек: само што јадев 1 парче двопек и една зденка вечера : планирам 2 варени јајца и павлака
Вчера појадок: 1 крем банана и 2 мали виталиа со мусли ручек: ајвар и лебче вечера: марула салата со морски плодови Денес појадок: интегрални кекси и една крем банана ручек ке биде некој сендвич зошто не сум дома и неможам да готвам вечеа: некоја салата и сирење и јогурт Инаку сакав да напоменам овој начин на исхрана ствсарно ми се допаѓа , не се чувствувам исцрпено ниту омалаксано ,, а за килограмите ке видиме како ке оди , во принцип јас мразам изгладнувања и строги диети па ке видиме како ке се покаже ова
Веќе подолго време ги читам Ун-диетата и диетата на Ирена , и ми беше доста тешко да се одлучам која да ја држам, бидејки и во двете има толку многу мислења од феминки кои многу ослабнале. Ја избрав оваа диета бидејќи обожавам салата многу, и можам да ја јадам и за ручек и за вечера, а и додуша и од тоа што мајками зготвила, ( барем за ручек нема да мислам што би јадела... ке има нешто готово ) .. Од утре ке почнам со диетата, и ке ви пишам што сум јадела ... единствено нешто ме интересира дали помеѓу доручекот и ручекот е дозволено да се касне некое овошје, или на пример краставица ( кисела-свежа) , некоја маслинка, овошје и слично ?!
Јас ја терам долго време вака (знам дека не е скрос исправно, ама кај мене е таман и со ова темпо, ма да можда побавно оди, ама гајле ми е ) 1. Доручек - ретко јадам само јагленихидрати, како што е стрикно наведено во диетата. Често мешам со протеини оти ме мрзи на сабајле да мислам, пошто касно не јадам и ко ќе станам гладна-пес сум и не можам да мислам многу, башка што, за ручек е дозволено леб, а доручекот е претходно, така да, in your face дието! ќе мешам и за доручек како и за ручек 2. Ручек - што дал господ дома (мама е господ кај нас ) и не јадам леб ако можам јадењето да го изедам без леб. Ако е некоја манџа, гледам до кај едно парче црн леб (домашен) да изедам, фазла ако ми се јади станувам. 3. Вечера - омилениот ми дел, се натрескувам салатишта квалитетно и пошто не сум голем љубител на месо, ретко го јадам, почесто јадам туна или свежа риба на скара или пржена на маслиново масло (демек понештетно ако се тешиме, ама во мојов случај навистина во 2 капки масло е пржена, повеќе во салата има масло отколку за пржење на рибата). И исто, често јадам некои ракчиња, школки ама тоа ако поседувам до покасно, за да има време да ми се свари храната пред да заспијам да не ми биди тешко. Од месо страна, копан или стек јадам. А омилени ми се (во летен период, одвај чекам!) шопска салата или таратур навечер. Убајни. Значи се на се, за време на вечертата скрос ја почитувам диетава и ослабена сум поприлично, накај 16-17 кила од ко почнав со режимов пак (пошто ми беше долго време прекинат) и сега со мали исклучоци, како пица за вечера еднаш месечно или хамбургер за ручек, околу година ја терам мислам некаде.. ^ Компирите за претходно шо прашуваше некој нагоре, се јх и се јадат на сабајле. Исто и царевката. ^ Јас не правам меѓуоброци, ама ако чувствуваш глад најверојатно немаш доволно јадено за доручек. Јас тоа имав забележано кога почнував со режимов, автоматски умот ти функционира така, дека треба малку да јадиш. Тоа е погрешно според мене, јади си нормално, не се прејадувај, ама најади се ко чоек. За да немаш потреба после од ужинки. Финтата е да се направи пауза меѓу оброците за да има доволно време желудникот да ја свари храната и да не ти се измешаат протеините со јх. Ама кај секој различно. Еве кај мене и со мешање е таман (ова не е за да ве охрабрувам и вие така да правите, само кажувам дека најбитна во мојов случај се покажа вечерата. Сигурно ако скрос се почитува ќе има и поголеми и побрзи резултати). А да, јас не вежбам иначе и ретко одам пешки (приморана сум на некој начин, лонг стори), и гледам секогаш кога можам да одам пешки наместо со кола, толку ми е физичката активност