За оние кои не можат да јадат колачи, торти, кроасани и слични слатки наутро, најубаво е да јадете тестенини (макарони, шпагети, јуфки, тарана, палента), или пак леб со маргарин, мед или мармалад од сливи, плус чајче, кафе без млеко, какао
супер е диетава,прв пат држам диета со која се осеќам супер вчера за доручек од истиот колач,ручек потпечени јуфки со пилешко,вечера зелена салата со пилешкото. денес две крофни,ручек месо и пире,вечера не се знае.планирам да си ја нарачам книгата за диетава.а најважно е да се остави простор меѓу оброците по 5 саати,значи без ужинка,сокови и слично. некој пиша погоре за диетава и вежбање,ја би правела вака,два саати после ручек вежбање и после тоа протеински оброк,или протеински шејк,порано кога вежбав во едно студио сите така правеа со шејкот,одма после вежбање. па само што почнав со диетава добив ваучер за бесплатно вежбање во истото студио за две недели мора да се искористи. па ако сакате може да пишуваме и рецепти за оделни јадења,мене најмногу ми требаат идеи за вечера
Jas denes pocnav, sabajle izedov kroasan 7-days i edno belissimo, za rucek ke jadam sarma i lepce i za vecera jajce vareno valda.. morav da pocnam dieta t.e zdrav nacin na ishrana zato veke od jadenje zeludnikot me boli (ama ne sum debela 1-2 kila sakam da simnam) kolku vreme treba da ja drzam?
Абе има некој на форумов што не ја држи диетава? Туку ај да не бидам исклучок, почнав и јас од понеделникот, што значи денес еве ми е трет ден и полесна диета до сега не сум држела. Последниве неколку месеци набацив неколку килца плус кои мораат да се лизнат до Јуни и затоа решив тоа да го направам на здрав начин, со правилна исхрана и многу вежбање. Појадокот овие 3 дена ми е ист, значи половина благ колач од Винчини, чаша зелен чај, кафе, едно јаболко и еден портокал - околу 12.30ч Ручекот ми е по рандом избор (во понеделникот варена зелка, вчера варени колбаси и ајвар, денес би требало мусака) со пола кришка леб - околу 17.30ч Вечерата ми се состои од варени јајца 2-3, парче сирење и чаша јогурт - околу 22.30ч *Знам дека оброциве ми се малку доцна, посебно вечерата, но не можам да ручам на работа и морам да темпирам да биде после тоа. Така се ми се одложува (нели заради просторот од 4-5ч помеѓу оброците), но легнувам накај 01ч, па најверојатно не пречи тоа. Скоро 2 недели како редовно вежбам на Орбитрек по 40 минути, се измерив вчера и немаше ниту грамче подоле. Планирам да продолжам со исто темпо, плус диетава и за 2 недели пак да се качам на кошмарот наречен вага. Ако пак покаже исто, или ќе се самозапалам, или ќе почнам да живеам само на вода
И јас сум на работа од 8 и 30 до 16 и 30 и никако неможам да ги распоредам оброците некако да ми одговараат. Дајте предлог кога да доручкувам ,кога да ручам и вечерам. Артемиссион а како издржуваш до 12 и 30 ништо да не јадеш. Мене па некако ми е касно за доручок тоа време..
^ Па кога доаѓам на работа денот ми почнува со зелен чај, омега 3 капсула и после тоа едно кафенце (без шеќер) што го лигавам до кај 12ч. Во меѓувреме пијам многу вода така што не осеќам глад и плус ако се погоди да имам многу работа, времето лета, и воопшто не ни помислувам на храна. А можеш да пробаш да речеме пола саат порано од моите времиња, јас си гледав мене да ми одговара зашто сум од 9-17ч на работа, и до 12 без храна сигурно ќе издржиш (или еве 11.30 нека биде). После тоа е лесно, ќе гледаш само другите оброци да ти бидат временски правилно распоредени и да не легнеш да спиеш веднаш по вечерата.
дали од сабајле со доручекот може да се пие и јогурт не прочитав ? вака сум долго време само јадам до 5 после 5 не јадам имам резултати само што некогаш јадам многу благо па забушавам
Еве од денес ја почнав со мајка ми.. За доручек јадев кифлица со крем и кафе, за ручек имавме макарони, а еве сега јадев две јајца и една чаша јогурт. Преку денот пиев 2 чаја без шеќер и мноооооооогу вода
Јас од понеделник сум на диетава. А дотогаш да се најдам ко свиња. Бев на пица, а сега си пијам кока-кола, и се спремам да јадам две чоко бисквити, кроасан и 2 крембананчиња. Гнети сега ко ненормална, демек ке ми држи ова 2 месеци па да се изнајадам сешто нешто.
Ова јадачка диета е. Добро е што сум физички активна инаку ќе се здебелев. Сеуште не ми е јасно како слабеете. Се надевам и јас ќе бидам меѓу они што ослабнале
Лакримоса фала што ме потсети на полноќ дека постојат крем-бананчиња на овој убав бел свет ќе се стрпам до сабајле за благо Карра книгата ја има само на германски,цело време барам на нет на англиски,ако ја најдам,или ако најдам барем некој документ ќе го постирам. За сите што имаат полно работно време-јас доручкувам во 8,ручам во 1 и вечерам во 6,овие три дена после 6 не ми се пријаде,вчера малку топло млеко се напив дека не можев да заспијам,иначе не бев гладна,чудо. легнувам околу 12, така да мислам дека е добро така,последниве неколку години се навикнав така,иначе и ја бев порано со доручек во 12 и ручек во 4,вака ми е поубаво. За вечера имав салата со месо од мисирка,превкусна беше,со триста сваштарии,мм си нарача пица,ми остави пола за ручек за утре
ZENSKI NOVA SUM OVDE STOTUKU GI CITKAV KOMENTARIVE ! SAKAM DA VE PRASAM DALI SO TABLETKI ZA SLABEENJE KE IMAM NEKAKOV EFEKT INACE IMAM 96KG I MORAM POBRZO DA OSLABAM
Ова јадачка диета е. Добро е што сум физички активна инаку ќе се здебелев. Сеуште не ми е јасно како слабеете. Се надевам и јас ќе бидам меѓу они што ослабнале JuLleE Хммм и мене така ми личи пробав ама некако на таму ми иде , ваљда дека сме држеле често диети или не сме јаделе претходно многу
Диетата е супер ако може да се каже дека е диета битно е што не мора да си готвиш нешто посебно се си имаш по дома . Денес ми е втор ден ама бидејќи касно станувам околу 12 па го прескокнувам појадокот место него пијам 400 мл млака вода некаде читав дека на гладно била добра наутро за да се забрза метаболизамот ама некако и го убава гладот па некако цел ден се чувстувам ситно за просто чудо никогаш тоа не ми се случило . Ручам околу 3 и вечерам околу 8 знам дека е касно ама сум будна до касно обично до кај 2 така да мислам дека ќе ми се опрости доцното вечерување . Па ќе видиме за резултати се надевам дека ке ни успее девојки
И јас касно доручкувам, вечера, ручам, ама и до касно останувам, неможам порано, уста не ми се отвара... Сакам да ве прашам Таан незнам дали сте користеле заедно со мед што се меша, кога можам да го јадам, наутро, навечер...? Можам и на лепче и без тоа не ми е проблем само кога? Има и протеини и јаглехидрати и масти и ај сега Ве молам помош кој знае
Во алвата има воглавно јаглени хидрати, значи од сабајле, ама пази колку ќе изедеш зашто е многу калорична- во 100 грама има 500-600 калории.
Јас да ви кажам дека за 3 дена симнав едно кило, се радувам ко улава ама се решив. Доручек- мусли со овошен јогурт и лажичка мед. Ручек 1 - пржени тиквички со сиренце без леб. Ручек 2- супа од печурки плус додадов мала конзерва со мешавина од печурки. Вечера 1- зелена салата со свежи шампиони, маслинки, домати со маслиново масло. Денес за вечера планирам едно мало пилешко стекче ќе го исечам на мали коцки и потпечам со зачини, и ќе си направам ѕаѕики си купив краставици, павлака, копар, лукче, павлака, маслиново и малку лимонче..
Мене ме интересира, на кои делови има наголеми резултати диетата и колку време мин. е потребно за да има видни резултати? Планирам да ја започнам диетава,ама не сакам да ослабам целосно ,бидејќи имам крушковидно тело и на површината од екстремитетите сум релативно слаба.Голем проблем ми се бутовите и стомакот(поточно спојлерите) . Има спас за нив ,без да ослабам и на другите делови?
Јас сабајлево изедов еден кроасан и еден ред чоколадо, За ручек леќа и за вечера се мислам или туна или кашкавал