Јас почнав од вчера. Понеделник 24.03.2014 Доручек: 2 јајца,една лажица павлака Ручек: 1 цело црно чоколадо (кујнско чоколадо) Вечера: / Вторник 25.03.2014 Доручек: 1 банана,1 чаша млеко Ручек: 1 цело црно чоколадо (кујнско чоколадо) Вечерa: / Во текот на денот пијам многу вода, 3 л на ден. Втор ден ми е,и веке има резултати. неверојатно..
^ Што е со чоколадово? Не дека внесуваш количински многу, ама ако продолжиш вака, ќе си го уништиш здравјето. Овошје ти треба, зеленчук, месо... разновидност.
Ja ко што ја имам сфатено диетава, треба сабајле јаглехидрати да се јадам, а подоцна во текот на денот протеини. Значи би требало чоколадото за доручек, а другото за ручек И не треба да се мешаат протеините со јаглехидратите, така да банана и млеко не ти е најкомбинација. Нека ме поправи некој ако грешам.
П-рум плочка,кроасана и чоколадо Р-двопек со ајвар и сирење В-туна и зелка Во текот на денот(околу ручек) си зимам лешници и бадеми,смее нели?А за вечера тоа е забрането така?
Дечки дај некој нека каже дали има резултати, до кај сте, што сте??? Јас за отприлика две- три недели(не водам евиденција веќе колку ја држам) ослабев 3 кг. и сум мн задоволна Денес П- парче домашна пица, кафе без шеќер Ужина 1 портокал Р- овесни снегулки во топла вода и суви вишни сега земав еден крекер, колешката јадеше и ме понуди а јас пустата не можев да одолеам В- најверојатно салата со месо или варено јајце
Многу се истизавам. Бројам калории. И се исхранувам според крвната група. Црното чоколадо ме заситува некако.Има околу 75% какао .А според крвната гурпа,какаото ми е дозволено. Денес Среда 26.03.2014 Доручек:Таратор салата(краставица со кисело млеко) и една чаша Кирколина Чај за слабеење. Ручек: пак црното чоколадо Вечер: ке си каснам зелена салата
Јас еве 17 ден сум веќе и немам мрднато на килажа. Првите денови навистина ми беше забрзан метаболизмот. Ама сега еве неколку дена ништо. Внимавам кога и што внесувам, додуша со водата некако тешко ми е бидејќи не пијам многу вода :/ На сабајле ако се напијам нескафе одам во тоалет, и толку во текот на денот не. А некогаш и ниеднаш. Незнам дали да продолжам, дали ќе се смени нешто.
Добро Утро Феминки. Бидејќи денес имам некои обврски од сабајле,изгледа ке немам време за доручек. Ручек: 2 јајца,соја,1 чаша млеко или јогурт Вечера: зеленчукова салата Ви посакувам успешна работна недела. Убав Ден
П:1 ѓеврек и јогурт Balans Р: 2 јајца,1 чаша соино млеко и 1 шолја зелен чај В: 5 шницли соја и 1 шолја зелен чај
Не се измачувај себеси со многу вода, и не се изгладнувај - тоа е најважно. Од лично искуство со режимов кој го комбинирав со вежби и некои мали измени во калорискиот внес или евентуално некоја ужинка како сладолед измеѓу (за која надокнадував со физичка активност), резултатите од режимов ги забележав 5 недели од кога почнав. Нема шанси да останеш без резултати.
Таа првата недела не а рачунам ..Правев ногу прекршоци.Навечер и јаглехидрати мешав.Од понеделникот почнав посериозно и у петокот застанувам на вагата и глеам од 74 на 72.5 И ја ваква ...На градникот осетив промена..сеа на третото закопчувам
И на мене ми се допаѓа диетата,ама ќе почнам по Велигден изгледа . Денес само на проба се ставив да видам колку ќе издржам. Појадок:јаболко Ручек:супа домашна од моркови,пола чинија ориз и кришка интегрален леб Вечера:некоја салата сигурно со нешто протеинско
Јас со некој прашања Може ли панцерота за појадок? Јабола за ручек или вечера(во комбинација со нешто друго)?
И јас ви се придружувам во клубот. Еве моментално појадувам една кифличка(ониа малечки кифлички) и од сабајле испив лимон и вода. Ке се трудам повеќе без благо да јадам,па ке видиме.
Ајде од денес и јас ќе ве дружам, сакам да симнам некаде 7-8 килца. Ќе комбинирам и фитнес со диетава па ќе пишам за резултати.
Многу ти се слаби оброциве, како издржуваш со волку малку храна цел ден? Внесувај повеќе храна, вака цел ден на една банана и два тањири салата ќе си го упропастиш здравјето.