ај здраво и од мене! после година и нешто држење на секакви диети, мачење со килажата, можи со оваа диета и нешто ќе сменам. инаку скоро 2 недели горе долу се придржувам кон режимот, ама сега почнувам без прекршоци. денес: п. козињак со еурокрем р. зелка манџа без леб в. шопска 3 шољи зелен чај со малку ѓумбир во текот на целиот ден. инаку сакам да ослабам 5-6кг. за колку време од прилика можам без прекршување да ослабам???
Јас ја држев оваа диета и ослабев 4 кг за отприлика две недели, ама во комбинација со трчање и кардио вежби скоро секој ден
Да ве прашам дали може доручек: мусли или некое чоколатче ручек: секаков вид на манџи или дали може шопска салата за ручек или пак јајца? вечера : шопска со јогурт ....
Здраво,јас сум нова на форумов,имам 69 кг /172см ,сакам да дојдам до 62-3 кг, од неделата сум на слична ваква ај кажете што да додадам и што да исфрлам во мениво,еве на пример денес доручкував 1 пржено мало лепче со мало парче сирење,ручек: пола чинија зелка манџа +салата патлиџан и краставици многу,и пола кришка леб, за вечера варено јајце со салата.Испив 2л. вода денес и 3-4 кафиња
Во план сум да ја почнам диетава и ако може некоја девојка што престанала со диетата да ми каже дали по престанување на диетата се враќаат килограмите ?
Секоја диета функционира на калориски дефицит. Ако ти се вратиш назад и се прејадуваш како претходно,нормално дека ќе се вратат килограмите. Ова е животен стил,не е кратка прошетка низ паркот.
Zdravo jas sakam da vi kazam deka posle 3 meseci pridrzuvajki se na ovoj ovoj nacin na ishrana oslabnav 7 kilogrami
Ако ја држиш баш оваа диета правилата ти се: јаглехидрати наутро, за ручек што имаш со малку леб(препорачливо е сепак да не се меша месо со компири/ориз) и навечер протеини со салата. Така да од мениво што си го приложила не треба прженото лепче и сирењето за доручек, бидејќи и јајцето и сирењето ти се протеини. За доручек глеј овошје и нешто благце како крофна, кроасан,колаче, бисквити па и чоколадо малце или шпагети со доматен сос, кифла празна, лиснато тесто, геврек, перек....Имаш доста избор у секој случај, битното е да не се мешаат протеини со јаглехидрати. Јас демек ќе ја држев УН диетата али не ми иде со таа и не ми иде, така да од денес си се враќам на оваа, проверена ми е и најлесна. Па така, денешно мени: Доручек: 4 мали праски+ 2 турски кафиња Ручек: 2 варени компири со 1 варен морков+ 1 патлиџан Вечера: Грчка салата со чаша јогурт
Поминува и втората недела,денес: д.: една мала кифличка и кафе, р: грашок манџа, в: варено јајце, ќе се мерам у понеделник
Јас овој режим на исхрана секогаш го практикувам кога имам потреба за симнување на кг. и навистина се слабее многу. Еве веќе 2-3 недели како сум на диетава, и резултати веќе имам. За доручек обично јадам ѓеврек, перек или нешто сл и пијам кафе , за ручек тоа што имам дома со малку леб (или наместо тоа често знам да изедам и бурек, пица, некој сендвич..) , а вечерата ја прескокнувам. Немам никаква физичка активност а и не се движам многу Најбитно од се е што не се осеќаш воопшто гладен а сепак се слабее.
Денес: Доручек 1 праска, 1 банана, 2 мали парчиња пица домашна Ручек Сармички од лозов лист со кисело млеко и краставица Вечера Салатка некоја и бистра супа Ќе се мерам во недела, баш ме интересира дали сум симнала нешто...
Дечки бе, само јас ја држам диетава? Денес Доручек 1 праска, 3 петровчиња, 2 фурнаринки Ручек телешка шницла и салата Вечера може јогурт а може и да ја прескокнам Другиве како сте, до каде сте, какви резултати имате? Дај гукнете нешто, ја ко улава монолози си праам
Затоа што ти си дозволила да ти набиваат комплекси.Според висинава и тежнинава,ти имаш совршено тело.Не се будалеј какви ти диети.
Епа вака:Доручек:една банана и две парчиња лубеница Ручек:тоа што направи стрина ми (пилешко со кари,ориз и тиквички,во мали количини, без леб) Вечера:јогурт, едно парче сирење и некој зеленчук.