Десетти ден (ова од вчера, немав време да пишам) Појадок: Напиток за подобро варење истиот од вчера, малку помалку од цело геврече и сладолед Ручек: Тортиља и пол( истите состојки од вчера) Вечера: Ја прескокнав
Единаесетти ден Појадок: 2 третини од гевречето ( смешно звучи ама не знам како подобро да опишам) Ручек: Варено пилешко и пире Вечера:Лупен несолен сончоглед и непечени бадеми
Девојки знаете ли дали може наутро да се јаде путер и џем на парче црн леб? Или пак посебно путер, посебно џем?
Дванаесетти ден Појадок: напиток за подобро варење,овошна салата( крушка,јагоди,шлаг пена),супа, 2 колачиња големина како оние од бонбониера Ручек:варено пилешко, печени компири Вечера:Зелена салата и краставица и лупен несолен сончоглед @BurstBerry мислам дека може со оглед на тоа што путерот се масти и по моја логика одговара да се конзумираат кога го почнуваш денот за да има прилика тоа да се свари во текот на денот.Сега не знам ако не сум во право нека ме поправи некој
@LaraSolare фала ти многу за одговорот Инаку и јас така мислев, дека содржи масти путерот, па можам да го јадам за доручек. Меѓутоа прогуглав малку и најдов дека путерот е млечен производ добиен од животински маснотии, претежно од кравјо млеко и има најмалку 80% млечни маснотии, па сега се двоумам кога да го јадам иако сепак мислам дека ќе го јадам наутро. Инаку путерот бил добар за енергија и не се таложел во масните ткива.
Тринаесетти ден (ова исто од вчера немав време да пишам) Појадок:напиток за подобро варење, овошна салата(половина крушка, јагоди, шлаг пена), едно макаронс колаче Ручек:Половина ипол тортиља(печен стек на тостер со минимално маслиново масно само колку да се премачка,кашкавал,сирење, маслинки) Вечера:ја прескокнав И како баксузен тринаесетти ден за прв пат ја прекршив диетата ама имам супер оправдувањеДругарка ми сосема неочекувано ми се појави на врата со прекрасни палачинки правени специјално за мене и порака внатре во тањирчето за мене Сакала да ме изненади дека учам цело време, не сме се виделе и како да одолееш!? Изедов една ама толку беа убави што ич не се каам, ова беше некои сат време после доручекот. @SunnyGirl2 Да имам ослабнато, се мерев 12тиот ден пред да започне денот и значи под вкупно 11 дена на оваа диета имам скоро 2 кг ослабнато и дојдов до посакуваните 48 килограми.Мислам ми фалат уште некои 200-300 грама и затоа сакав на 15тиот ден да пишам. Ќе се измерам тогаш пак и ќе пишам.Ама кога видов скоро 2 кг помалку не ми се веруваше, а се почувствував ослабнато посебно во стомакот, едно големо браво од мене за диетава !
Четиринаесетти ден Појадок: напиток за подобро варење, јуфки со кечап Ручек: Печени компири со варен па запечен поткопан Вечера:многу малку лупен и несолен сончоглед , ни една шака немаша ама толку останало
Ајде и јас да пишам резултати, со оглед на тоа дека првите 10 дена немав никаков резултат, во следните две недели симнав 3кг и тоа не се придржував баш најстрого.. За сега сум задоволна, ќе видиме понатаму
Наутро јадам или празна кифла или овошје некое изблендирано со ленено семе, ако ми се јаде благо јадам еден ред црно чоколадо, кафе си пијам со млеко и шеќер или 3во1 нескафе. Од вчера си направив колач со вишни па сега за доручек тоа јадам. За ручек јадам тоа што има дома подготвено со салата ама леб никако. Два до три часа после ручекот вежбам. За вечера јадам или парче стек со салата, или јајце варено со сирење, или салата марула и туна, таратур или само јогурт, зависи колку сум гладна. И пијам вода накај 2 литри. Грешка правам со благото, знам да си поткаснам и после ручек, некоја ресана, крембанана, или пак банана. И нес со млеко некогаш си правев. Има резултати ама да јадев помалку благо, верувам ќе имав повеќе. Тоа е тоа. Заборавив да пишам.. За доручек два три пати јадев и путер намачкан на црн леб со краставица и еднаш путер и мармалад.
Ме немаше некој ден поради обврски ама се придржував Не можам да се сетам што се сум јадела од пред 2 дена ќе пишам за вчера. Шестаесетти ден Појадок: напиток за подобро варење,жу жу лиснати ние дома ги печевме инаку готово тесто купечко беше и 2 тутку колачиња Ручек:Варено пилешко и пире Вечера:ја прекококнав
Седумнаесетти ден Појадок:напиток за подобро варење Ручек:Турлитава (грашок,боранија,морков,домат,компир,свинско) Вечера:непечени бадеми,лупен непечен сончоглед,салата(марула,роквица,краставица)
Осумнаесетти ден Појадок:Нпиток за подобро варење Ручек: Селско месо ( свинско месо, моркови,печурки,кромид) Вечера:Е тука ја зезнав работата дека немав убава потпора дека не доручкував,вечерав едно јајце, една чаша баланс, 2 парчиња кашкавал и изедов едно како третина геврече е големо како потковица има форма и такво е на вкус како геврече ама многу гладна бев
Дечки да пишам јас резултати, а не пишувам секој ден што јадам пошто немам потреба веќе да слабеам па се придржувам само делумно на некои работи колку да си ја одржам тежината.Значи за 15тина дена ослабев 2.5 кг, имав 50 пред почетокот на диетата сега имам 47.5. Мојата првична намера и желба беа 48кг, така да задоволна сум со резултатот.Не се чувствував гладна,не ми беше нешто премногу тешко и не се придржував дотолку строго од типот да не мешам да кажеме месо и компири. Воопшто да не се мислите, премногу сум задоволна и ви препорачувам на сите што сакате да ослабете да ја пробате
Диетава е супер од денеска ќе почнам да ја применувам добро е што диетава содржи се што ни треба во текот на денот и ќе ви предложам чаша жешка вода на утро на гладно имам пробано со многу диети но килограмиве се како бумеранг заради брзото слабееље па ќе пишам за резултати 
Ве следам некое време,и еве и јас сум на диетата и за три недели од 76 дојдов на 72.Денес се мерев и се израдував па одам понатаму до 62-63.Единствено што многу пазам е вечерата да ми биде скоро само салата и една чаша млеко кога ке ме фати криза а инаку подкаднувам и по некое колаче или стапче соленки меѓу оброците и кафето го пијам со шеќер а се трудам да внесувам повеќе вода.Ќе пишам пак за некој ден. поздрав