Поздрав диеталки Ја имав прелистано диетава од поодамна ама еве последните неколку дена пак интензивно.И си велам да ја почнам уште оваа ми е неиспробана Ама за да бидам успешна и јас имам неколку прашанја се надевам ке добијам брз одговор Вака сега сватив дека наутро се јагленихидрати,ручек дозволено се комбинации ,вечера само протеини така? (Мастер имам од ун за комбинацииве) Toa што не ми е јасно е дали мора појадок секогаш и овошје и печиво,т.е благо или смее ли само едно ? На времето со ун ослабнав доволно и до ден денес не правам комбинации со јаденја ама еве незнам сто се случи гледам има вишок 2/3 кг иначе сум многу активна секојдневно аеробик,трчанје ама ете што мислите ке успеам со овој режим ...и покрај тоа што има многу јаденје хахах Психа ке ме убие веке ..се надевам ке добијам брз одговор ,побргу да влезам во клубот Поздрав од вечната диеталка
Па да, и печиво и овошје. Тие што можат да издржат само на овошје, нека јадат само овошје. А веќе ако јадеш печиво, касни и овошје
Благодарам многу Life love Ти имаш веке искуство со диетава ,јас уште не сум почнала си мислев ако има и некоја друга диеталка да се бодриме ,да не направам грешки не за друго а итно мора да се слабееАјде известете ме ако има некоја Поздрав
еве и јас почнувам од денес, за доручек геврече, а пред тоа сок во нутри булет од јаболко, праска и слива, за ручек мусака со едно лепче и за вечера таратур може со малку сиренце. ајде ќе видиме како ќе оди
невенаск како е ,има некои резулати ...леле јас пеза само прашувам и уште не сум почнала ајде охрабри ме па да те дружам
pa ne e loso da ti kazam, simnav kilce, samo poslednive dva tri dena ne se pridrzuvam bas epten, navecer mnogu mi se jade deka treba da dobijam, ama mislam deka dietava e fina i dava rezultati, taka da ohrabruvaj se i pocnuvaj ))
Ајде диеталки да го овековечам почетокот на надежта Доста само прелистував од вчера ке почнував ама ја зафркнав работата ,значи денес Доручок погчка домашна и мала крушка Ручек пилешки апки и салата Вечера ке се придржам само на салата и евентуално некои протеин може и без неа дури реков веке дека многу сум активна ама со заболен желудник се може да се случи и со психа уште поболна нема секако да вметнувам тешки комбинаци леб,и месо или незнам што планирам салата да ми е составен дел од секој ручек и нема да јадам многу благо и немам некои големи порции, еве претпладне веке бидна 30 мин аеробик и сега пред вечера трченје.И ајде да не зборувам многу пред време со лесно нека е Има некој да ме држи ,да се тешиме м да не си зборувам сама П.с и едно прашанје може ли некогаш ручек тестенини со зеленчук одабајле толку готвенје неможам овошје е доволно Ги замолувам поискусните за корекции и забелешки
Диеталки уште јас ли останав со макава Ох ајде сепак да си кажам 9 ден нема промени и прва грешка веке покајана во вечерата помешав и скроб ,јогурт со овесни снегулки знам дека не требаше ама ете...и покрај трчанје и вежбанје ништо рано е, се простува да видев промена барем за мотивација...готово од утре без благо само овошје..Ај промис..да имаше барем една да не си зборувам сама
Има резултати, а најбитно е што не си лишен од ништо јадеш што сакаш а сепак слабееш, само нели треба да се пази на комбинацијата на храна. Па еве ќе напишам за мене последниот ден што јадев , ако има и некоја друга феминка што ја држи диетава нека се придружи. Доручок: ѓеврек и неколку мандарини Ручек: тавче гравче со една кришка леб и кисели краставички Вечера: салата од 3 јајца, сирење и маслинки Денеска Доручек:овесна каша со една шака сушена брусница Ручек: печена риба Вечера: планирам салата од зелка и моркови
Еве од денеска што јадев Доручек: ѓеврек и печени јаболки со цимет Ручек: парче месо со салата од марула Вечера: планирам чаша јогурт Па ајде пишувајте и другите
Здраво девојкиии . Се вклучувам и јас со вас за ослабнување . Само ме интересира ке може ли некој да ми каже отприлика колку саати има размак меѓу доручек и ручек,ручек и вечера ? 3-4 саати? Иначе ве подржувам сите , браво на тие што постигнале резултати ,е сега сакам 3 кила да ослабнам и јас ама не знам дали ке ми помогне диетата ама ај да пробам (бидејки немам многу вишок 52-3 сум ама се осеќам подувано , бидејки си имав 50 ) Доручек : Кафе 3 во 1 (стронг) и две крофни е сега касно станав Отприлика околу колку да ми биде ручекот, вечерата може да ја прескокнам?
Инаку за ручек куснав малку салата (зелена со моркови) со една кришка лебче црно интегрално ама испив прееска едно кафе крема сакав да го пробам и сега уште едно турско зашто ке заспијам, Се надевам од утре убаво ке почнам зашто денеска касно станав и со кафињата малко утнав ама ајде прв ден тежок а вечерата ке ја прескокнам