Почнав од саботата, ама не сум се мерела, за да знам дали сум ослабнала. Вакво ми беше менито денес: Доручек - лиснати триаголничиња, чајни колачи и шолја кафе Ручек - кисели краставички и сарми Вечера - нема да јадам ништо посебно затоа што до мене имам чинија пуканки со вегета
И јас се враќам на диетава после годинаипол повторно Имам пишувано дека ми помогна многу тогаш, ослабнав 8 кг. Но, веќе пола година не внимавам колку и што јадам, и сега треба да симнам 5-6 кг. Проблемот кај мене е што воопшто не сум физички активна, освен она излегување во град, одење на факс и сл. Мрза голема сум кога станува збор за вежбање, но можеби повторно ќе ја почнам зумбата во домашна атмосфера. Доцна станав денес, и сега јадев кришка печен леб на тостерот со парче зденка и шунка. Па се надевам ќе успеам повторно да ослабам.
за колку време ослабна 8 кг? планирам од понеделник кога ке станам помалку да вежбам ,доручек мусли и јогурт ручек што има дома со 1 парче црн леб а за вечера немам идеа.што вечерате ????
Цврсто сум решена да си ја почнам оваа диета. Досега не сум држела диета затоа што не ми изгледаа здраво, оваа е супер. За појадок денес си јадов еден перек во 12 часот, а сега пред пола саат си изедов едно јаболко и една мандарина и се напив само неколку голтки вода, течностите ќе ми бидат проблем затоа што воопшто не ги пијам, освен кога вежбам, а сега немам време за вежбање, но ќе се потрудам. За ручек варени компири, ако ми се јаде леб ќе јадам ако не нема. И онака не јадам леб со ручекот, најнормално јадам само половина парче и толку. За вечера ќе јадам или сирење или месо денес, затоа што планирам да излегувам, па нема да можам јогурт или млеко. Инаку за вечера најубаво ми е јогурт со овес и со сирење, дали можам вака ? Белиот сончоглед прочитав дека можи...и кога не би смеело јас не би го исврлила од употреба бидејќи го јадам премногу често. Успешно слабеење девојки и ве молам пишувајте што јадите секојдневно за да си даваме идеи една на друга.
Доручек - една кришка премачкана со нутела и кафе. Ручек - кебаб салата. Вечера - шопска и две варени јајца.
Еве уте неколку постови од иренна што не се ставени тука а се надевам ке користат Нема грицкање мегу оброци, може само чај без шеќер и без мед или кафе без шеќер. Шеќерот и медот може за доручек, а грицкање меѓу оброци никако за доручек може секакви тестенини и лебови ама да не ги јадеш со млеко или месо , туку само ѓеврек или симит, или перек. Ако јадеш благо за доручек нема ограничена количина, пример парче торта или некој благ колач или милиброд или два реда чоколадо, значи нормална количина ( за вечера ) Салатата треба да се комбинира или со месо или со млечни производи. А во зимна помалку има свеж зеленчук ама се наоѓа по нешто сезонско. Може зелка, цвекло, моркови, краставици, марула... се што ќе најдеш по маркетиве Не се препорачуваат тестенини за ручек затоа што тие треба да се конзумираат наутро исто како и овошјето. Ручекот треба да биде стандарден, најдобро да е нешто зготвено за да не прави тегоби во стомакот. Кафето насабајле може да се пие со шеќер , ако пиете навечер кафе може да биде со млеко но без шеќер. Не е битно кога се вечера, зависи од метаболизмот, кога станувате , кога легнувате. Важно е од еден до друг оброк да поминат 4 саати. Пишете како ви оди овој начин на исхрана, ама знајте дека треба време, значи неколку недели. Првата е критична додека да се навикнете, а после ќе видите навика ќе ви стане и нема ни да приметувате дека сте на " диета " .
Ајде и јас се приклучувам на дружината од понеделни, понеделнички И секако пишувајте што јадете за да си имаме идеа. Yuhuu за на лето ке сме TOPPP
Изминатиов ден Доручек: лиснати триаголници, едно чоколадно визитарско колаче, Ручек: кисели краставички, ориз, пилешко. Вечера: две парчиња свински врат, зденка, две кисели краставички, јогурт. Потоа чај од камилица.
Доручек: Јас вчера си направив палента, малку, со кива и крембананка Ручек: Помфрит со стек(немав избор баба ми готви и немаше што друго да се јаде, иако избегнувам помфрит но тоа е) Вечера: Таратур салатка(краставички и јогурт) и уз неа 5 сончогледчиња од мерак, и чаша чај без шеќер за да ме затопли убаво да си заспијам.... Инаку пошто и вежбам една програма, после вежбање секогаш пијам по половина литар чај од камилица, не засладен.... И да ослабена сум едно кило за овие 4 дена што ја држам диетава и вежбајќи... Не е лошо
Менито од вчера: Појадок- кроасан и ред чоколадо; Ручек- пире и колбаси со 1 парче интегрален леб; Вечера- кајгана со сирење. Вагата покажува минус 1,5 кило. А и заборавив да напоменам, навечер секој ден вежбам зумба , обавезно ми е flat abs - комбинирано со cardio, 20 min express или sculp and tone, од тие што се коментирани во темата за зумба. И плус пред спиење се масирам со relax and tone по 15 минути на критичните места. Овој пат си ветив, нема да се откажам дури не стигнам до посакуваната тежина , а потоа се надевам ќе ја одржувам.
Вчера Доручек: јаболко и банана Ручек: 2 тенки кришки леб и паштета (ме мрзеше да готвам) Вечера: пилешка супа Денес Доручек: мала 7дејс тортичка Ручек: грашак манџа Вечера: пржен јастог со лимон Спојлер За денес ова планирам, па колку ќе се држам до планот ќе видиме, ама најверојатно ќе се држам
Јас ја прашав ирена дали може да јадам супа за вечера и ми рече не. Се препорачувало за ручек, бидејќи има јагленохидрати - тестенини.
Сега дури видов дека претходниот пост не излегол, не знам зошто. Вииип сончогледот си го јадам навечер со филмче, речиси секој ден и како што реков не би се откажала од него. Моето мени од вчера Доручек: перек, јаболче и мандарина Ручек: варени компири без леб Вечера: шопска салата и плус уште едно големо парче сирење
Упс, грешка. Ќе знам за следен пат. Иако вчера ми беше оправдано се осеќав како да ќе настинам, омалаксана бев, а морав да учам, па барав нешто што ќе ме врати у живот а и ќе биде у склоп со диетава. Мислев пошто нели пилешка, па и ставив и еден исецкан варен батак, па викам месо за вечера, па еве со течност и зачини поише ќе ме засити и освежи. Ама ете... Но сепак ќе си знам за друг пат дека супата е за ручек не за вечера.
Денешно мени: Доручек: Штрудла со вишна и портокал Ручек: Грашок чинија ипол( го обожавам), младо кромидче и 5 чварки, и мала кришка лепче од Нутрито од Жито лукс Вечера: Морков рендан, сиренце парче, јајце варено и една чаша јогурт...
Моето денешно мени : појадок: 1 парче Медено срце - ова домашно правено кафе без шеќер ручек: Компири приготвени во сочно во релна, салата од цвекло и морков кафе без шеќер, чај без шеќер вечера: таратур, јогурт, и салата од цвекло и морков да напоменам во салатата не ставам ништо освен сол, и тоа малку. А диетава повеќе ја држам како режим на исхрана, а ако тоа ми однесе и едно килце , две, супер, инаку не сум баш за слабеење. Сакав само да прашам, дали можи да се мези фета сирење за ручек?
денес: доручек: оризови плочки со кремче чај од нане, чај слим-микс, сок од боровница ручек: манџа грашок со мала кришка леб и салата вечера: зелка салата и мало парче сирење и пола чаша јогурт и да ве прашам дали за време на тие 4-5часа размак оброци е дозволено нешто како ужинка во смисла на јаболко, варен компир, нескафе со млеко, бомбонче... м?
Доручек: две малечки кифлички, парче леб со мармалад од шипки. Потоа топло чоколадо. Ручек: супа, кисели краставички, две сарми. Вечера: кисела краставичка, свинско, сирење, ајвар, чаша јогурт.