Колку количински уствари треба да се јаде? Еве денес е веќе втор ден а јас сум мртва гладна. Едвај издржувам 3 саати од јадење до јадење. И еве денес пошо доручкував рано, ручав околу 12. Па по втор пат ручав сега пошо немаше шанси да издржам. До вечер сигурно ќе вечерам уште 2пати. Дозволено е така?
На почетоков од темава пишува дека може да се вечера два пати само ако се јаде истото повторно. А за ручекот, бидејќи и јас како тебе појадувам порано и за да избегнам постојано да ми се јаде ја прилагодив малку диетава според мене. Секој ден, освен викендите, појадувам порано кон 8 или 9 и според правилото мора да ручам после 4 часа од појадокот(кон 12, па вечера во 16 и повторно во 20 часот бидејќи до другиот ден ќе сум прегладнета ако не вечерам пак). Но, после 19 часот не јадам ништо и затоа секогаш ручам кон 14-15 часот за да завршам со вечера пред 19 и да избегнам да јадам повеќе пати во денот. Бидејќи нема шанса на сабјале да издржам без јадење од 9 до 14, кон 11-12 јадам овошје или црно чоколадо, а за појадок само пециво. Потоа е ручекот и кон 18:30 вечера и тоа ми е доволно. И покрај ова имам резултати така да малиот прекршок за појадокот не е многу значаен.
2 пати ја почнував диетава и се откажував, ама третиов пат решив да го издржам па што сака нека биде. И за 5дена вагата покажуваа -2кг. Се движам околу 5-6км дневно(така покажува телефонот), и не вежбам. Најчесто доручкувам мандарини, ананас, калинка и чат пат тутку или некоја бомбица. За ручек пилешко со салата или леќа, грашак исто со салата. За вечера салата и туна или чаша јогурт. За сега сум многу задоволна пошо не осеќам глад, многу јадам а еве, слабеам.
По мое можеш да ја држиш и цел живот, пошо не е диета него начин на исхрана. И се што јадеш е здраво, внесуваш и разновидна исхрана.
Ја имам држено диетата и супер е. Во комбинација со физичка активност или ако не друго барем добро пешачење секој ден и те како има резултати за брзо време. Кај мене барем, уште на втората недела видно се приметуваше ,си јадев умерено, а си дозволував и по некој сендвич / пица и пак имав резултати. Најбитно е да се држиш до правилата. Сега пак имам неколку кг за симнување и планирам да ја почнам, па да видиме што ќе биде..иако порано многу побрзо слабеев за разлика од сега, дали дека постара па потешко оди . Треба повеќе ограничувања . Ако има и некој друг што ја држи, за поголема мотивација, може и овде да пишуваме ако сакаате што имаме на мени за секој ден . Да размениме некоја идеја.
Јас најчесто за ручек имам супа, манџи (од компир, грашак, боранија, грав...), или печени компири,печен мешан зеленчук, ориз со спанаќ, сарми, гравче-тавче и понекогаш шпагети со некој домашен сос и домашна пица.
luge ne se zaebavajte so dieti koi vi kazuvaat so da jadete za rucek vecera i nz tamu so i ve nosat u zabluda deka brzo ke oslabite i samo cekate da zavrsi za da se vratite na cesto nezdravi no i omileni jadenja pa potoa kilogramite i duplo se vrakaat dieta e nacin na ishrana odnosno veke zivoten stil, a ne gladuvanje za posakuvanata tezina prvo i osnovno za da oslabete treba da znaete kolku kalorii dnevno mu se potrebni na vaseto telo i kolku za da oslabite vtoro, se sto gledate po raftovite za zdrava ishrana i tako dalje i ne e bas zdravo, internetot e edna ogromna biblioteka i izvor na informacii za ona sto e vsusnost zdravo i kako istoto da go kombinirate, vo sekoj slucaj nemojte da mislite deka jadenjeto na istata hrana nepravilno i previse ke vi gi donese posakuvanite rezultati, cist primer se muslite (ne site, najcesto onie so cokolado, med i razlicni vkusovi) koi se procesoirani i imaat sekeri dovolno kolku sto ima vo edno cokolado treto, nejadenjeto na leb i nekoi proizvodi ne ve pravat poslabi, se e do toa kako ja kombinirate hranata, makedonskiot ili voopsto balkanskiot narod jade leb so se i sesto, najlosa kombinacija e onaa so meso , ramno ko da ste izele eden hamburger jadete salati, ovosje zelencuk jatki (vnimavajte na kolicinite zatoa sto jatkite se visoko kaloricni), testenini (povtorno vnimavajte na kolicnite), pijte zelen caj i mnogu voda, i ke vidite deka em podobro ke se cuvstvuvate em siti dokolku go promenite celiot zivoten stil em sto ke mozete ako vi se prisaka vo11 noke burek da jadete bez da vi se fati na saloto (e dobro sea 1-2 u nedelata, sekoj den ke ide vo salo) i nema da primetite deka vsusnost slabeete procesot e spor ama nema ni da go osetite taka da vredi bi bilo ubavo da imate i fizicka aktivnost 4-5 nedelno, barem po 30 min po doma (imate vezbi na net kolku sakate) i se ke se ubrza good luck p.s zboram od licno iskustvo, izgubiv 13 kg vo rok od 4-5 meseci
znaci nautro najcesto 40g musli ili ovesna kasa so cimet med jatki i ako sezona cresi jagodi, no ednas dva pati nedelno jadam nekoe pecivo ali izbegavam lisnato za rucek meso vo kobinacija so salata, na salatata najcesto si stavam nekoj dresing za da mi bide povkusno, riba jadam, grasok ke si svaram boranija zavisi so mi se jade vecera isto ovosje jadam, puter od kikiriki so dvopek, dzem, chia puding si praam so med, testenini so nekoj zelencuk, quinoa salati i soleni i blagi znaci sve bitno e da ne se otkazes, i mozes isto ednas nedelno nekoj grev kako kolace da izedes ili torta, samo ne se otkazuvaj i ke imas rezultati gricki, cokoladi ne jadam i posle eden mesec ne ni osetiv potreba da jadam duri mi stanaa previse blagi pa bolji mi e onoj priroden seker u jabolko ili banana nego cokolado milka mlecni proizvodi mi se na minimum ali ne znaci deka ne jadam vnimavaj na porciite i ne se prejaduvaj ama nemoj ni da gladuvas, zaso ako gladuvas ke se otkazes odma
Зошто пишува дека млечни производи можат да се јадат навечер , а млечните призводи содржат јагленохидрати кои нели треба да се конзумираат само наутро за појадок ?
Дали мора да се вечера? Јас најчесто ручам околу 17 часот и потоа не ми се јаде и обично не вечерам...само понекогаш пијам чаша јогурт...
Од утре сакам да ја почнам станувам за на школо рано одморот ни е во 8 и 50 така да за доручек е супер. За доручек благо пр кроасан 7дејс и овошје. За ручек тоа што има дома и кришка леб ама не мора така? За вечера? може пример сирење 1 парченце средно и јајце и јогурт ? Искуства кажувајте.. пропадна темата.