Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Значи ручекот е исклучиво без месо ?
     
  2. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Ако сакаш комбинирај протеини и јаглехидрати за ручек, но подобро е протеините да ги оставиш за вечера, така ќе имаш подобри резултати. Јас се трудам да не мешам.
    Пример готвиш компири/ориз и месо, комирот/оризот и некоја салата за ручек, а месото го оставаш за вечера.

    @bella.s
    Не може овошен јогурт, бидејќи содржи јогурт, а тој се конзумира за вечера. :)
     
    Последна измена: 8 март 2017
    На bella.s и only44you им се допаѓа ова.
  3. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    А што јадеш друго за ручек ?
     
  4. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Кога што има.
    Леќа, грав, ориз со печурки, варени/печени компири, компир салата, компир манџа, грашок, пире ...
    Салата не јадам секогаш. Можеш и туршија.
    Понекогаш јадам ориз и стек, мешам протеини со скроб/јаглехидрати.
    Не се придржувам многу строго. :lol:
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  5. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Е ссупер.... Е ај сега ако може уште да ми кажеш што јадеш отприлика за доручек и вечера?
     
  6. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Бидејќи ја почнав диетата од пред некој ден, ќе кажам што јадев порано кога ја држев.
    За појадок кога - како.
    Некое овошје, овесна каша, геврек, баничка без кашкавал, шунки и слично, понекогаш шпагети/макарони само со зачини и кечап, нешто благо, но во мали количини и не секој ден, можеш и компот, кроасан, лепче намачкано со мармалад.

    Вечера, чаша млеко и јајце варено, сирење и јајце, месо и салата, сирење и салата, туна, шопска салата. Воглавно тоа.

    Можеш наутро на гладно да пиеш една чаша, со млака вода (ни ладна, ни многу топла), со една лажица јаболков оцет и една лажица мед. Го забрзува метаболизмот, дава енергија, на почетокот можеби ќе ти е грозно, но подоцна ќе се навикнеш.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  7. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам за љубезноста...

    Би ве замолила тебе и @Sweet girll ако може тука да си споделуваме секојдневно мени, чисто за да си добиваме идеи за понатаму што да се јаде и секако да се поддржуваме, пошто колку што приметувам отприлика само неколку членки се активни моментално...

    Јас дефинитивно почнувам од утре секако со ваша поддршка...
     
    На *Amethyst* и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  8. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    За денес нема мени, 8 мартовско ја прекршив диетата ... :lol: Ајде се простува. 8-|
    Од утре со нови сили, можеме ние девојки. :muscle:
    До лето има мачкици да се сториме. :makeup: 8) :D
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Прв ден :

    Доручек - Варени макарони со многу малце кечап (овошје и благо не јадев зошто немав време)

    Ручек - Сарма од кисела зелка со ориз (посна сарма)

    Вечера - За вечера ќе бидат 2 варени јајца со шолја јогурт или млеко


    Се надевам е ок за денес ?
     
    На Chica.Loca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Одлично е. :)

    Ден 4.
    Појадок: чаша чај и еве сега појадувам :D 2 кришки леб со малку крем, 2 јаболка и 1 портокал.
    Ручек/Вечера: салата и чаша млеко.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pipee

    Pipee Нов член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ден 11
    Појадок:едно мало чоколадце и еден портокал
    Ручек:е сега ја зезнав работата бидејки дојдов кај баба на село и ручав печени компири и 2 ќовтиња неможам да им одолеам прекрасно ги прави и марула салата сето ова без леб
    А за вечера планирам салата некоја и 2 јајца варени
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што ќе се вмешам во темава, ама прочитав малку и гледам дека некои од вас јадат премалку (освен ако не кажуваат се) а некои јадат нездраво тотално... И уште ова: ако сакате да се држите до некоја диета, режим, мора да знаете прво дека: СЕКОЈ ОРГАНИЗАМ Е РАЗЛИЧЕН И РАЗЛИЧНО ДЕЛУВА НА ОДРЕДЕНИ СОСТОЈКИ ВО ДАДЕНАТА ДИЕТА. Ако Ирена ослабела, не значи дека и вие ќе ослабете... Не зборувам како гаталец, а како паталец. Имам искуство со диети и се што е поврзано со здрав животен стил и со моето 35 годишно животно искуство можам да кажувам многу на темава. Лично, кога исфрлив млеко и млечни производи ослабев многу (лактозно-интолерантна сум) а сега поради здравствени причин и откачив и глутен. Немам проблем ама никаков со држење диети и јадам колку што ми се јаде. Не јадам и шеќер и пазам на правилото: јаглехидратите се за доручек, за ручек 50% помалку и за вечера по можност 0 јаглехидрати (салати, протеини, масти може - се со мерка, да не се претера). Не сум никогаш гладна а сум супер фит (сега сум трудна додуша :)). Значи не ме сфаѓајте погрешно, едноставно помалку држете стриктни диети, повеќе тестирајте го сопствениот организам (која храна му смета и ве дебелее) и доста важно - земете да вежбате! :) Извинете за подолгиот пост... Ама ова ми е „болна“ тема и не можам да читам девојки што кажуваат дека гладуваат како да е тоа единствениот начин да бидеш слаба/фит/убава/згодна...
     
    На *Amethyst*, bella.s и only44you им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Прво благодарам на советите. :)
    Јас сум свесна дека се што внесувам не е здраво, но не држам диети многу строго. Најверојатно резултати ќе бидат побавни, но полека се привикнувам да јадам поздраво, да го намалам благото кое ми е најголем непријател.

    Оваа диета, или подобро да кажам начин на исхрана бидејќи правев грешки и не ја држев многу строго, ја имам држано пред 2 -3 години и имаше резултати. Колку не знам, бидејќи не се мерев. Мене ми одговара оваа диета.

    Многу се согласувам за вежбањето.
    Планирам да почнам да вежбам од понеделник, многу подобро се чувствувам по вежбање и секако има подобри резултати со вежбање.

    Се надевам не ме сфати погрешно, само сакав да кажам мое искуство. :)
     
    На ss80 и only44you им се допаѓа ова.
  14. Sweet girll

    Sweet girll Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Денес:
    - Доручек : 1 чоколатце+ 1 витанова чоколатце и после некој саат портокал
    - Ручек ; домашна манџа печена во неа имаше(печурки,ориз,пинџур,домати сецкани, и магдонос малку за миризба)
    - Вечера ќе размислам па ќе ви пишам вечер:angel:
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  15. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Mожеш ли да ни опишеш како изгледаше еден твој ден, односно што се јадеше и како ја комбинираше храната за доручек , ручек и вечера, пред да останеш бремена ?
     
  16. Sweet girll

    Sweet girll Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    И решив да споделам со вас. Веќе 9ти ден ја држам диетата од 1 март почнав до денес се чувствувам најадена и во супер форма. Некогаш и имам кризи од ручек до вечера ама орбит џваќам и се поминува. Фармерките што во февруари ми беа тесни и неможев да ги носам сега широки ми се.. Фармерките што ги носев што ми беа точни сега ми се за многу широки. Ќе продолжам вака. и се држам строго. Имам и физичка активност. Кога ја почнав имав 70 кг. а сега 66 многу сум благодарна и ќе продолжам да ја држам!:inlove::inlove:
     
    На *Amethyst*, only44you и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  17. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Се уште е истиот режим. Не го прекинав ни во бременост. Наутро пијам 2-3 чаши млака вода (јапонска метода за подобрување на здравјето), после тоа еден час не јадам ништо. За доручек јадам или сладок компир печен со авокадо или сега само авокадо (едно цело со сол). После саат време јадам некакво овошје. Сега на пр.јадам киви. Претходно јадев ананас. Може јаболко. Банана...може ама јас не јадам банани-не ми се убави. Смутија не правам, т.е. многу ретко правам од простата причина што во смути оди многу овошје, а ако земеш да го јадеш тоа овошје на парченца, ќе сфатиш дека е многу. А со цевката како убаво ќе си го шмркнеш.. Фруктозата е сепак шеќер кој треба со внимание да се внесува. Во меѓувреме пијам чаеви, различни. Сакам зелен чај а тој е познат бустер на метаболизмот. На пладне или 13 часот јадам супа - потаж од зеленчук и најчесто е зелена (има брокула, спанаќ осве други намирници но компир обичен не - само сладок - поздрав е и подиетален). Гледајте и да џвакате побавно. Вода пијам нон стоп до 4 литри денот. Зависник сум од истата. Ручам околу 15-16 часот и во главно јадам протеин (лосос или свинско/телешко месо) со мноооогу салата + варена брокула, карфиол, тиквички на скара и малку јаглехидрати (сладок компир варен или печен)... Тоа ме држи доста време. Освен чај до вечера не јадам друго. Може 3-4 урми/смокви. Вечерата ми е после вежбање (вежбам 3 пати неделно) и опфаќа само салата, протеин (туна/мисиркини гради/пилешко-последното мноооогу ретко, не го сакам а ни почитувам) и може авокадо - ама пола и маслинки-ми го заменуваат некако сирењето-солено и киселко... Мед може во чајот една лажичка ама само една. Пијам 2-3 чаја дневно, само со еден си приуштувам и мед и тоа го сметам за ужина :)
     
    На *Amethyst* и only44you им се допаѓа ова.
  18. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Многу убаво, БРАВО , секоја ти чест !!!

    И ти благодарам што сподели тука со нас.
     
    На ss80 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не те сфатив погрешно :) Напротив. Еве кај тебе може овој начин на исхрана делува супер и ме радува. Исто важен фактор се годините... После 25тата ќе осетите сите како вби се менува метаболизмот и станува помрзелив... Ги гледам моите врснички... И некои од јавните лица кои знам дека држат диети со гладување... Колку погрешно... Јас го правев истото на мои 20 години и се чувствував супер, како да летам, адреналинот дигнат, убавини... Често заборавав да јадам. И после, ќе земев едно здраво мусли барче за доручек и ќе ми се залепеше на стомак... Во депресија да паднеш... Затоа пазете, подигнете го метаболизмот на време и вежбајте, мускулите трошат калории. И да, не кажав дека не јадам чоколади, торти. Само здрави мафини на пр. Или пудинг од авокадо. три години терам вака и се е навика. На пинтерест имате мнооооогу рецепти за здрави замени ;)
     
    На Chica.Loca и only44you им се допаѓа ова.
  20. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Што е тоа пинтерест ?