Диетата на irenna

Дискусија во 'Диети' започната од Lacrimosa, 17 февруари 2012.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ај па и вие, колку јаглехидрати може да има во супата, жити се? Тоа фиденцата, јадни и страдни, кај ги бркам низ тенџерено, уште и да ја прецедувам па само вода и вегета да пијам. :D Ако гледате така, ниеден производ не е чисто јаглехидратен, или протеински, воглавно поентата е да не јадете леб навечер или макарони нешто такви рабоќе :D .... Од фидето на супине ако се здебелите, да ме плукате после! :D

    Јас се чудам, искрено, откога почнав, а не се придржувам нешто посебно, затоа што оброциве ми се малку временски извртени, приметувам разлика дека помалку ми се јаде. Веројатно сум најадена и заситена од сабајле, па си функционирам нормално. А порано јадев наутро само една банана и до вечерта - лаев на гладно. :rofl:

    Меот ми се смали троа, се немам мерено, ама од првото стасав до третото дупче на каишот. ПУ ПУ машала. :D А може и каишот ми е само подолг, којзнае. Како и да е, вака не сум гладна, се е убаво, розово и така. :D
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Абе да и то шо викаш, ама ајде да се придржуваме колку толку. :D
    Мене дури и ми е повкусна без фиде супата, само зеленчук да си има. Ваљда така би немало проблем.
    Иначе вечер да се најадам од све живо ко свиња, ќе си купам онака 2 чоколади како "за крај"! :lol:
    И од утре...строго!
    Ќе се затопли времево, сега си се криеме во капутите, ама ко ќе мора со кратко палтенце ќе мафта салото од сите страни. :D
    Епа вака, за поручек утре ќе си каснам варено ѓеврече и чоко бисквита.
    За ручек парче стек и неколку макарончиња. :D
    А за вечера туршија и риба едно парче мало.
    Па јас мислам ок е , шо викате вие? :lol:
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Вчера
    Доручек: две малечки пржени лебчиња со мед, кафе без шеќер.
    Ручек: едно парче леб со колбавче и кечап.
    Вечера: сирење и една чаша вино ( знам дека не треба ама не бев во прилика да пијам јогурт или млекот, а жестоките пијалоци имаат повеќе шеќери, па затоа винце )

    Денес
    Доручек: палачинка со еурокрем
    Ручек: подварок со месо
    Вечера: вечер ќе си јадам варено јајце, сирење и јогурт.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Јас засега околу две кила спуштив и ме радува тоа.

    Вчера:
    Доручек: Супа од праз и една кришка потпечена со маслиново.
    Ручек:Сендвич со јајце, пушен лосос и домат.
    Вечера: Салата нешто слично ко марула, со две варени јајца, маслинки.

    Денес:
    Доручек: Чаша чај, и една кришка џем.
    Ручек: Свинско мевце на таи начин.
    Вечера: Планирам да си направам ѕаѕики салата.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас сум намалила едно килце овие две недели, ама последниве 2-3 дена забушавам и со диетава и со вежбањето :$ Шејм он ми.
    Вечерва обавезно вежбам.
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    За колку време ослабе 2 кила? :wasntme: Да си соберам мотивација. :D
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Скоро една недела. Ама почнав пак да одам скоро по 1.5 час на ден, пијам многу течности, благо само наутро, и прекинав со грицкање што стигнам оти го правев тоа особено после 00:00 секогаш грицкав чипсови, пиев газирани сокови кои ги исфрлив скроз неделава и лебче избегнувам колку можам.
     
  8. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас :D иако сум веќе недела дена..

    Доручек: кифлички со кремче и капучино
    Ручек: Пире и пилешко и една кришка леб
    За вечера планирам 2 јајца со сиренце :)
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    23.828
    Пол:
    Женски
    Доручек: кришка леб со паштета и чаша млеко
    Ручек: парче пилешко месо на скара
    Вечера: млеко и бисквити
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Бисквитите се јагленхидрат имаат шеќери, значи ги мешаш со протеини и масти кои ги има во млекото, не е препорачливо по препораката на Ирена, тоа само наутро..
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Јас викендов го е*ав ежот :$

    Секогаш кога сум дома имам зголемен апетит, јадам неконтролирано и ги прекршив правилата (а да не спомнувам дека ме мрзеше и да вежбам). Фамилијарни собири, празници, вкусни јадења, ово-оно и паднав на искушението, се омрсив бајаги.

    Од утре се враќам строго, чесен пионерски збор [​IMG]
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Јас денес партали напраив...

    Доручек: Јуфки, кива и пита од кај баба ми со праз и урда, какао со шеќер и вода(не го пијам со млеко јас)
    РУчек: Селско месо и пире, со салата цвекло
    Вечера: 2-3 jајца, малку сиренце и 2 гриза пита од другата баба со зелка...

    Знам дека ја претерав, денес се изнајадов дури лошо ми е, и сокови пиев и ракија... :devil:

    Доброто е што не престанувам да вежбам секој ден по 40-60 мин како ми е во распоредот со вежбање така...

    Лошото е што се качувам денес на дигитална вага и ШОК, кило ипол вишок, 56,5... НЕ Е МОЖНО... Изгубив мотивација, ама ај се надевам, другата недела ќе има резултат, ако не се фрлам у јадење, не ми е гајле... :devil:
     
  13. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ааа денес ја утнав јас работава..мислам дека ај што вратив се што изгубив, туку и накачив :worried: Да ви кажам што се изедов ќе ми се смеете :D Ама не сум јас крива, кај баба на ручек, што чеш? Од утре, чесен збор има се да вратам!
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Доручек: „коцка“ (да не речам парче :D ) сува торта со вишни, чај од нане :coffee:
    Ручек: хамбургер :tmi:
    Вечера: кисела краставичка, сирење, ајвар, чаша јогурт. Потоа чај од камилица :coffee:
    Ама денес сум за ќотек, изедов благо измеѓу оброците и тоа повеќе од што требаше. Не сум јас крива, Апче ме довикуваше :D
     
  15. GreenEyedT

    GreenEyedT Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Јас имам пмс, кој е твојот изговор :lol: :lol: :lol: :rofl:


    Ова беше мојот начин да си признаам - и јас ја оплескав денес |(
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Ова требаше јас да се отворам па да следат еден куп други признанија :D
    Тешко нас со ова темпо :)


    Туку за денес планот е:

    Доручек: Кроасан со крем, јаболко & портокал
    Ручек: Пилешко месо
    Вечера: Пилешки стек со моркови
     
  17. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Па понеделнички и јас се приклучувам кон диетата на иренна. Се надевам дека барем еден месец ќе ја применувам и ке симанам 4,5 кила.

    Денес
    Доручек: парче колач и сок од цитрон
    Ручек: Оприз со спањак
    Вечера: Салата од марула

    Овоа е мојот план за денес па ке видеме колку успешно ке биде.
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    9.428
    Дојде и кај мене тој понеделникот за диета :D
    За доручек чаша супа од домати и фиде, грејпфрут и кафе.
    Ручек моја верзија на Цезар салата.
    Вечера (ако имам криза, инаку ретко вечерам) јогурт.

    И дефинитивно се откажувам од лебот, краток му е рокот на траење, а јас сама нема шанси за два дена да го изедам, џабе пари фрлам.

    Инаку се додека не напишам овде дека сум на диета нема сериозно да се сфатам :D Вака срам ќе ме фати ако не ви пишам по некое време дека напредувам :D
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.383
    Допаѓања:
    142.775
    Јас ќе почнам со диетава, со блага варијација.
    Всушност, од денес почнувам со пости, и според начинот на исхрана што секако го имам гледам дека се вклопувам во диетата :D . Само немам простор за вечера, па нема да вечерам.

    Денешното мени изгледа вака:

    Појадок: леб, мармалад и црн чај. Појадувам дома, наутро околу 8 - 8.30, пред да одам на работа.

    Ручек: леќа. Преку недела ручам околу 6 попладне, кога се враќам од работа. Салата јадам многу ретко. Многу сакам салати, ама секој ден имам некаква активност со децата, па немам време да правам салата, и ручекот најчесто „од нога“ го јадам.

    Пијам и доста чаеви и вода - ми се собираат по околу 2 литра течност дневно. Ако ми се пријаде попладне јадам овошје, само денес заборавив да си понесам.
     
  20. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Значи сите сме чекале понеделник па да почнеме со диетата :D И јас почнувам со диетата од денес сакам да симнам 2-3 кила.
    Доручек: Бејкролс и едно чоколатце.
    Ручек: Чинија грав,цвекло и едно тенко парче леб од жито струмица.
    Вечера: Ќе јадам 1-2 варени јајца,сирење и јогурт.

    А девојки да ве прашам дали може за ручек да се јадат пица,тост,баници? Зошто од понеделник сум на школо од 1ипол до 8 и стварно незнам што да јадам.