Вчера вечерата сепак ми беше риба. За денес сега. Ден 10 Прво сакам да кажам, ете како еден вид мотивација, немам многу килца намалено откоако почнав. Точно едно, ама осеќам дека стомачето ми е многу помалечко, а да речам имав многу, многу стомак. Ќе гледам да се мерам пак малку покасно, ме јади црво кога се мерам набрзо. За појадок имав 200мл пудинг од ванила без шеќер, остатокот е за бате, со три сецкани ресани, помалку од пола банана и три- четири јаготки, а горе уште една ресанка, демек за украс ама си ја изедов и неа. До сега најдолго после појадок ми е ова издржување уште да не ми се јади, а веќе 4-5 часа се поминати. Обично ми се јади максимум до три часа и веќе морам да јадам. За ручек ќе имам пак комбинација од ориз со пилешко. Ќе се обидам да го одделам пилешкото за покасно, зависи во кое расположение ќе бидам. Планирам и салата со краставици, омилена ми е. За вечера ми е реално најтешко да се одлучам што сакам да јадам. Сепак зедов колбаси. И ќе пишувам вака мислење зачувано по неколку дена па ќе пуштам наеднаш. Ден 11 За појадок имав овошно јогуртче со нескафе. За ручек си играв домаќинка и направив јадење со пилешко. Омилено ни е дома. Има малку компир ама мислам дека не е многу за да е премногу лошо. Денес сепак малку промаршив зошто ми дојде и кога ми иди си дозволвам повеќе благо зошто рацете ми се тресат. Под поќе благо мислев две-три бонбончиња најлепше жеље со цреша внатре. Е за вечера ... Редовно не знам. Ветувам најмногу ви читам за делот вечера. Салата со сирење. Ден 12 За појадок имав едно лепче сечено на пола, едната половина со мармалад, а другата со путер од кикири наредено со пола банана и две јаготки. Плус една шолја зелен чај и нескафе со лајче шеќер. За ручек две полни лајци пире со салата од три лисја марула и една нелупена краставица. Околу ручекот пиев и сокче од краставица, лимон и ѓумбир. За вечера една пиперка сечена на половина, наполната со сирење, јајце и павлака. Следен пат ќе пишам пак по три или повеќе денови.
Сакам да прашам дали можи за вечера на пример протеински палачинки долго време ги мислам ама не сум сигурна☺️
Eve feminki I jas denes se merev denes mi e 20 den I sum 4 kg pomalku,prodolzuvam ima uste duplo tolku za simnuvanje.
Почна со диетава? И јас планирам да почнам од утре, сите диети ги испробав и ништо, не се издржува никако а и плус многу омалаксаност
Jaglehidarati se podrazbira na sabjle ovde spagat lisnati testa,makaroni vo prosek se sto e kaloricno a belkovinite I proteini se navecer toa sirenje,kiselo.mleko,jajca I ako sakas meso samo da.ne e przeno(iako jas vecer vo prosek sopska)ama.jas taka imam.najdobri rezultati
Ме интересира во колку саат јадите, бидејќи станувам касно треба доручек во 1, ручек во 5 а вечерата во 9. Добро е или да почнам порано да станувам ?
Spored irenna rastojanieto megu obrocite treba da bide minimun 4 saati,jas stanuvam vo 6 dorucekot mi e vo 9,rucekot vo 14,15 a vecerata 20,21 casot.
@femina.girl Лично јас не би ги препорачала. Немам пишано, заборавам да си пишам во темава. Појадокот ми е обично околу 10 часот, ручекот околу 2 и вечерата ми е најмачна да ја планирам и одржувам зошто скоро секогаш не сум дома тоа време кое е најчесто околу 6-7 часот и изненадно не чувстувам глад дур си легнам до кај 2-3 вечерта.
@Brojka диетава не ја држам извесен период, мислам се обидувам да се придржувам колку повеќе кон неа ама неможам да се фалам дека е целосно успешно (секогаш кај вечерата утнувам работата). Во поглед на килограми и немам симнато многу од првиот пат кога бев, ама постојано забележувам дека нозете и стомакот ми се драстично намалени. Дури и со тренерот зборував како тоа кога ќе се качам на вага не гледам ништо или сосем мали промени, а веќе ни нозете не ми се тријат кога ќе носам фустанче. Ми рече дека е во ред па ете ќе кажам - добро функционира.
На работа во прва смена имам пауза во 09Ч00 И 12Ч00. Цело време сум во движење, на нога. Во втора смена сум 17Ч00 и 19Ч30 на пауза Како да си распоредам мени? Глад наутро не можам да трпам т.е. ми се лоши морам добро да јадам..
Па во оваа диета за доручек можеш да јадеш јаглехидрати и шеќери. Можеш ѓеврек, перек, макарони, шпагети, благо, овошје. А за ручек може што сакаш да јадеш. Мое мислење е дека диетава е добра за оние кои работат во смени. Не си ограничен премногу, имаш голем избор за мени.