Појадок само овошје и јаглехидрати,ручек јахлехидрати и протеини со салата,вечера протеини со зеленчук.Ја држам 1 недела во обем има резултати на вага малку околу 1 кило доле.
Ја држев диетава 1 недела и многу ми се допаѓа не бев гладна воопшто.Најчесто држев диети само со овошје наутро и прегладнував,вака ми е супер.Ја прекинав 2-3дена од утре стартувам посериозно. Тие што ја држите какви резултати имате?
Овошје кафе некое пециво и малку благо за појадок Ручек што има Вечера јајца млечни најчесто со салата месо не
Феминки, дали некоја моментално ја држи диетава и какви разултати има? Јас почнав од денес па ке видиме дали ке имам резултат.
Појадок овошје и житарици со оризово млеко Ручек стек со ориз и тонус леб и салата марула Вечера бадеми
Појадок 1 банана,1 лажица мед и житарици со оризово млеко Ручек 3 јајца и малку сирење со тонус леб и салата Вечера нескафе без шеќер и бадеми
Јас во комбинација со теретана и диетава немав кила намалено, бар не на вага, ама многу алишта почнаа да ме берат. Од утре пак ќе почнувам во теретана па сакам и да не забушавам со исхраната. Па денес за појадок смуди со спанаќ, банана, сосем малку јогурт за да дојди потечно. Изумив да ставам семиња како обично, ама следен пат. Го пишам ова сега, а не на крај да ден за да прашам дали смееше јогурт на утро зошто ова со спанаќ без јогурт или павлака не ми оди? Ручекот ми е резервиран за копан со ориз или компир. Вечерата, како и секогаш, сеуште не ми е планирана.
Пица за ручек??Теста се дозволени само на наутро,а и не најдобар избор за ручек или воопшто за диетава.Извини што се вмешав во разговорот но јас сум веќе пола година на диетава и теста се дозволени само на утро. Белкови и протеини се дозволени само вечер,јајца,сирење,јогурт и месо е дозволено само за вечера,ручекот треба да биде составено од компир,леќа,мешунки едноставно македонска традицилонална кујна.
Па кажи ни нешто повеќе околу тебе? Со колку килограми почна ? Колку имаш сега? Колку слабееше месечно? Примери (омилени) за вечера, ручек, доручек и сл.
Здраво девојки, скоро почнав со режимов па сакав да ве прашам дали смее да се јаде тиква варена/печена и во кој период од денот? И дали е голема грешка ако јадам со ручекот сирење, пр. грав со сирење, ориз со сирење... не можам некако без сирењето најтешко ми е. Дали сметате дека во случај да не можам со некое јадење да избегнам леб, подобро е да јадам парче двопек или парче црн леб? И уште дали има некоја група за истиов режрим на FB како што имаат за Хроно па да се приклучам затоа што не сум сретнала?
Сакам да ослабнам 2-3 кг. незнам дали ке успеам. не ми се познава, далеку од тоа дека сум дебела но бев послаба од сега и сега тие околу 5 кг што ги имам плус ми сметаат неубаво се оскеам. бидејки на работа почнувам од 7 часот. кај 8ипол-9 пијам турско кафе без шекер, кај 10 ипол 11 зависи јадам овошје ( банана, јаболко, киви, мандарина...) и до 3 часот ништо друго, ептен некоа бисквитка од стрвост. Е сега за ручекот што би можело да јадам, читам овде дека може било што не секако не количински. За вечера дали е добро да јадам салата? И нај сенервирам за стомакот.. рамен ми е до сабајле, едно резне овошје да каснам и одма ми се подува... и секако така па и повеке си останува и цел ден.
mesto ovosje zemi nekoi proteini\jajce vareno ili przeno,meso\ za rucek isto proteini a vecera moze so belo meso,ajvarce,salata\sokovi i slatko ne.ZAnedela dena sigurno do 3kg,pi j voda povece i zelen caj
Јас режимов го држев во април и ослабев 5 кг. Потоа малку си се опуштив и вратив еден кг. Пред нешто повеќе од еден месец повторно се хранам на овој начин, меѓутоа нема никакви резултати. Не сум воопшто дебела, многумина ми викаат дека не ми треба слабеење, но ете некако си зацртав да ослабам уште 4 кг, но нема резултат...
Јас пак почнав со исхранава бидејќи имав резултати лани али последниве два месеци многу јадев и качив пак некое кило. 1 ден Појадок: мусли со шумско овошје , чаша кафе Ручек: ориз во комбинација со карфиол и златна мешавина Вечера: зелен чај, мандарини (бидејќи не сум гладна)