Decki mene denes mi e 4ti den so dietava sakam samo da javam impresii. Navistina stomakot mi se namali kolku I da e cudno I da ne e za veruvanje mnogu sum zadovolna I prodolzuvamm ponatamu
Еве и јас ама разгледувајќи ги сите диета и помеѓу оваа и ун се мислам, од утре ке почнам сигурно ама не знам со која
I jas vekje ja drzev nekoe vreme pa dva tri dena eskivirav I si go dobiv stomakot nazad... Od denes pocnuvam pak
3. Den Pojadok: kafe, 2 parcinja lubenica,3 mini 7days kroasancinja. Rucek: Cinija supa I kompir salata Vecera: Shopska I najverojatno casa mleko bidejki sedam budna mn kasno pa da ne kriziram. Ajde pisete devojki sto ste jadele davajte idei mene najmnogu idei mi falat za ruchek.
јас барам некоја успешна диета и некоја што ќе ми се допадне. Имам испробано разни диети па сум ги прекинала не сум држела ниедна диета докрај ама сега ајде да ја пробам со оваа. Дали некој има искуства со оваа диета? И дали некој ќе ја почнува од утре заедно со мене?
Почнав и јас Прво вежбав на гладно Доручек: овесни снегулки со какао (каша) + неколку лешници и суво грозје. - 500мл вода засега Кажете дали ми е добар доручеков или згрешив нешто?
@Capricorn96 Супер штом си почнала и ти, пиши ако сакаш што јадеш во наредните дена некако да се проверуваме и да видиме двете што ќе постигнеме. Па да добра ти е засега. Јас 1 ден- јадев за доручек едно јаболко, кафе испив и јадев кифла празна со сусам одозгора. Значи кафето редовно си го пијам јас со половина лажиче шеќер. За ручек јадев макарони во мала количина со кечап и пред тоа пиев смути И за вечера јадев зелка салата, парче сирење и кисело млеко изедов. 2 ден- за поручек јадев една банана, 2 лепчиња ’ржан леб со ајвар и 2 кекси деспина колачиња. За ручек јадев две парчиња пита со тиква. И за вечера јадев туна со парче сирење и едно парче леб. денес ми е ден 3- за доручек јадев исто една банана и 2 парчиња леб со ајвар и едно парче пита. Пеку денов планирам да пијам 1.5 литри вода и да вежбам дома. За време на летото практикував секоја недела да трчам навечер каде што имаше помалку гужва. А сега повеќе не го правам тоа. А се надевам ќе почнам кога ќе е погодно времето. И сега се терам дома да вежбам. И тоа денес ќе го постигнам .
Еве ме, забушавав ама од вчера сум во форма. Појадок денес овесна каша (какао), мандарина и неколку лешници. Ручекот беше ориз со печурки, морков и грашок со малку кечап. Вечера планирам салата со малку сирење и оризови галети 1-2 ако морам или пак некое парче месо.
Искрено и јас ја држам диетава веќе7-ми ден до денес, а ја почнав на 1-ви ноември. И се си беше супер само вчера го промашив малку јадењето. Земав да јадам бурек со месо за вечера, се надевам нема да смета ако продолжам без да гледам на тоа. И сепак тоа е месо, ама е многу мрсно. Го изедов со јогурт. 2-3 дена јадам семки од тиква за ручек, вечера и понекогаш наутро. Кога ќе се погоди. Денес утрото јадев ѓеврек и кисело млеко, за време на ручек(бидејќи сум нашколо, ретко кога можам да земам од дома храна за во школо) јадев една житарка мусли бар, пиев кафе и вода пиев во текот на целиот ден.Кога стасав дома јадев грашок и едно парче леб. Хеј исто јадење сме имале денес. Хехех.. За вечера јадев мандарина една и малку ореви. Можиш ли да ми кажиш како ти оди вежбањето? Дали редовно вежбаш на гладно или кога ќе чувствуваш потреба од вежбање? Колку саати вежбаш? И дали правиш паузи од еден ден или два дена со вежбањето?
Не знам зошто не ми стигнало известување, дури сега гледам дека си ме цитирала. Секој ден вежбам без паузи, порано во недела паузирав со тоа што имав 30 минути вежби само за истегнување и опуштање на телото. Сега гледам да вежбам секој ден оти ако прескокнам еден после се губам некако, си сакам рутина Инаку на гладно ми е најдобро, рано околу 6 - 6:30 зависи како сум на работа. Комбинирам вежби, видеа од јутјуб што ми одговараат, има и некои предизвици од 30 дена и слично. Гледам да се движам, пешачам колку што можам и тоа е тоа. Вага немам и не сакам да имам, ама мерам обем па сега на 29 планирам да се измерам и се надевам на резултати.
Јас ја држев оваа па се префрлив на УН, некако ми е подобра бидејќи во ист ден внесуваш иста храна и таја побрзо се вари, а и имам подобар и побрз ефект од ун од колку од оваа.Кога ќе ја прекинам УН ќе се префрлам на оваа бидејќи ова е здрав начин на исхрана и така нема да си ги вратам килограмите кои што сум ги изгубила.
Feminki mene malku mi e cudno ...i jaglehidrati i shekeri i se a da se slabee ili pak jas neshto neubavo procitav.... Za pojadok kifla??? Mozhe nekoj da mi kazhe otkako ke se razbudite posle kolku vreme pojaduvate??
Од понеделникот ја почнав пак оваа диета.Ја држев пред некои 4-5 години, и тогаш симнав 4 кг. Сега имам пак за симнување некои 3-4 кила . Цела недела помина и од обврски немав време да ги постирам сликите од оброците (може некој ќе добие некоја идеја, затоа и ќе ги ставам). Негде може и правам некоја грешка во однос на комбинациите на намирниците/состојките ама не се замарам до толку 1 ден 2 ден 3 ден 4 ден 5 ден