Здраво, почнав пред една недела да ја држам диетава и ме интересира дали може за вечера варен компир?
Првите 5 дена ми беа најтешки за да се навикнам на новиот начин на исхрана. Во овие 12 дена, само еднаш испив чаша кока кола ( а пред да ја почнам диетава редовно пиев ) и многу малку јадам леб и бели пецива (само јас знам како издржувам ) Во овие 12 дена само денес јадев пиде, другото е повеќе салати, печурки/брокула/морков/, бело месо, риба, овошје, кафе и чај без шеќер и многу вода. Ја почнав диетата со 56.5, вчера имав 55 . Во спојлер слики, ако некој сака идеја + Спојлер: Идеи за јадења
Ја држел ли некој диетава додека доел? Во бременоста накачив многу кг, 165 висина, 66 кг имам, а останав бремена со 58 кг. Сега сакам да се вратам на старата килажа ама уште дојам, 10 месеца е бебуш. Што мислите ќе влијае ли негативно на количината на млеко?
Јас ја почнав од денес. Ќе споделам резултати кога ќе има. Не сум многу рестриктивна со оглед на тоа дека дојам. Сабајле јадев потпечени лепчиња со моцарела и маслинки и еден ред чоколадо со сусам. Ручек свинско динстано со кромидче и пола рибанка леб. За вечера цвекло салата со лимон и една мала чинија пилешка супа. Изненадена сум колку сита ме држеше ручекот, за вечера со сила јадев, ама ај да не остане салатата. Исто така направив банана бред за утре за појадок, одвај се возджав да не изедам некое парче од стрв, не дека бев гладна. Ама за благо пустата сум си многу стрвна
Појадок: овесна каша со вода , какао и банана. Ручек: Осмина зелник со сирење и малку кечап. Вечера: јајце и марула или јајце и сирење. Имам некои 3 кила вишок...
појадок: леб, мармалад +1 наполитанка со парчиња лимон по некој час. ручек: марула салата, печени компири со зачини вечера: салата од млад кромид , изварка и јогурт
Појадок леб, џем од смокви и маргарин Една бисквита кафе без шеќер шумлива таблета без шеќер Ручек Рестован компир, парче леб , стек, 2 лажици салата марула Вечера јогурт
Денес и јас почнав, имам за симнување 20кг, така да, не ми преостанува ништо друго освен да се фаѕам за работа. Започнувам со 90кг, 173 висока.. Од 1ви Април и си вежбам секоја вечер, имам апликација па со неа заедно хаха 1ден -Доручек: Кафе, овесни снегулки, чиа и ленено со јогурт. -Во меѓувреме Несс само со вода,нематено. -Ручек: Пилешки копан со надкопан премачкан со маринада(сенф масло црвена пипер сол), печев со путер. -Вечера: Салата од марулка со туна, краставица, малку сол и лимон цеден. @Lacrimosa се надевам не направив грешка со намирниците? Се двоумев со доручекот ама исправете ме ако грешам
Денес за доручек имав палента со 1 лажица павлака, турско кафе без шеќер и зелен чај. Покасно ќе правам несс, а за ручек и вечера еве незнам ♀️
Не треба да ги мешаш палентата и павлаката. Павлаката и најдобро да ја исклучиш од исхрана, има многу масти и калории. Подобро е сирење, ама за вечера, не доручек. Доручекот треба да се јаглехидрати.
Бидејќи и павлаката* е млечен производ, мислев дека смеам, оф Незнам кога ќе ме биде. На таа тема диетата на irenna нема искусни активни и јас си правам еве грешки Дали можеби има на фб таква група?
Од млечни производи можеш сирење, урда, јогурт, кисело млеко. Павлака, кашкавал и зденки гледај да ги исклучиш од исхраната. Можеш слободно да ми прашаш што ти треба тука или во лп, ако имаш нешто нејасно.
Леле, фалаа многу Епа имам прашања јас, машала Имам блитва, кога можам да ја јадам? Смеам за ручек сарма од блитва со месо или со ориз? И друго, сакам за доручек палачинки со еурокрем, колку можам да изедам?
Блитва можеш кога сакаш. Можеш да ја јадеш како салата, обарена како додаток, во омлет, безброј варијанти имаш. Смееш сарма за ручек, секако. Палачинки гледај да не претеруваш, максимум 2. И гледај да избегаваш вакви работи за доручек, да не се пречести, можеш еднаш неделно да си каснуваш по нешто вакво колку ете од мерак. Пробај да јадеш што е можно поздраво за да имаш резултати, не вака. На пример за доручек можеш овесна каша со овошје, можеш да си направиш сама леб без квасец од 'ржано, јачменово, хељдино, спелтино брашно и да го јадеш со све и свашта, со хумус, јајца, путер и авокадо, кисело млеко итн итн. Милион пати поздрава и подиетална варијанта е тој леб, ем заситува и не дуе за разлика од белиот. Или па ете, палачинки може да си правиш од овие брашна и да ги јадеш со џем или со урда и зеленчук. Сто пати подобро.
Незнам да ги направам овесните со вода, незнам зошто. Редовно ги јадам за доручек со јогурт, ленено и чиа. По 1 лажица ставам од се, не ми е воопшто вкусно ама голтам Бидејќи одамна имав ослабнато многу со ваков доручек.. А блитвава планирам да ја измешам, месо со ориз, сарма.
До денес 3кг ослабена, месец и 10 дена на диетава. Искрено изгледам како да сум ослабена повеќе и кога се качив на вагата очекував да видам -5. Генерално сум задоволна, ме собира веќе во старите алишта
Cestitli i jas simnav 3 ama so kombinacija na skali 150 pati vo den...3 meseci posle poragaj imam 11 pomalku...uste 2 za da.bidam do pred poragaj...a inace realni 5 6 Ne tolky do dietata tyky ne jadam voopsto leb i nekako ic ne mi se jade. Pocnav poveke da spijaam konecno namesto moute 3 4 5 casa sega spijam 6 7 nekogas i 8. Zdravje do kraj na porodilno bi se veatila se nadevam na moite prvobitni