Дали има јојо ефект од диетата по завршувањето? Сум ја држела ун и протеинската и имаше резултати,меѓутоа по почнувањето на стариот режим килограмите повторно се враќаат.
Ме интересира дали наутро во смути може да се стават овесни снегулки, семки од сончоглед, тиква? Смутито го правам со вода, но за да ме држе повеќе време сита мислам семињата и овесот да ги ставам. Исто сакав да прашам и за домапни пуканки кога може да се јадат, ако воопшто смее. Ќе се откажам од чипсови, смоки ама бар пуканките да ми останат . Јас не знам кој ден сум веќе, 4 или 5. Некој ден се придржувам повеќе некој ден ќе кикснам и така, живот иде даље . За појадок најчесто смути со банана, јаболка,портокал, спанаќ и нешто благце , за ручек било што јадам со повеќе салата а вечера многу ретко кога имам бидејќи покасно ми е ручекот накај 5. Кафиња без шеќер пијам повеќе во денот, најчесто турско а некогаш попладне инстант со малку млекце. Пијам повеќе вода, околу 2 до 3 литра на ден, почнав да вежбам дома па ќе видеме какви резултати ќе има. Ако грешам некаде please correct me.
Здраво. Сакам да ја почнам оваа диета и ке ве замолам да ми помогнете. Дали за доручек мора да се вклучи овошје или може само тесто и благо? Воопшто не сум љубител на свежо овошје дали би можело за доручек смути и нешто благо?
Фала. Само дуручекот не ми беше јасен дали може да се меша или треба да се избере меѓу тесто овошје или благо...
Od utre I jas pak pocnuvam so dietava,ja drzev pred 5 God I oslabev 20 kg, sega posle vtorata bremenosta pak mi treba tolku da oslabam .
Zdravo na site. Dali nekoj go drzi ovoj nacin na ishrana. Jas ja drzev UN dieta ama pojadokot mi bese ubistven mnogu malku imam rezultati. Dali ima nekoj rezultati od ovoj rezim. Jas ja pocnuvam denes pa ke vidime
Здраво. Дали смее да се јаде овесна каша, овесни снегулки? Ме интересира исто дали смее ајвар да се јади и кога? Овошјето дали се јади заедно со тестенините или можи и одделно?мене ун диета ме ми делува и се мислам дали да ја почнам
Jas un ja sakav poradi blagoto ali gram ne oslabiv. I so ovaj rezim isto taka I sega se vrativ na staro po hrono najmnogu imam rezultati od nea Samo za zal nema blago ali si pravam po hrono nekoe blago
Јас освен варени со вода не можам поинаку да ги јадам. Половина шоља (50гр) овесни и 1 шоља вода. Прво на повисока температура а коа ќе почне да врие намали у мешај постојано. Кога ќе почне да се згуснува додади неколку коцки темно чоколадо (по желба) и половина пасирана банана (или две три урми) за да биде блага. Јас избегнувам да ставам мед и слично затоа што не е паметно мед да се изложува на висока тем. Ако сакаш можеш во варење да додадеш чиа и ленено. Одозгора по желба можеш да додадеш шумско овошје, свежи јагоди, боровинки, малини, што имаш. Јас обично додаван останата половина од банана, мала лажичка органски путер од кикирики и замрзнати вишни/малини, шумско, што имам. И одозгора посипувам со кокос. Вака кога ја правам ме држи сита како и регуларен оброк јајца леб и слично, значи повеќе од 3, 4 саати немам потреба за храна. Ако ја правиш само со вода секакп дека не е вкусна а не те ни заситува. Мене барем ми е подобар избор овесна со овошје наместо леб, пржено и слично....
Ја набавив книгата од тој Детлеф кој наводно ја смислил диетава, доктор, за жал на њемачки ми ја прати колешка и малку со гугл малку со моето познавање минимално од германски, гледам дека принципот на диетава е ист, со неколку клучни разлики. Кај него мора 3 оброка, со пауза од 5 часа, порано да се почне за што порано да биде вечерата. Навечер најмалку да се јаде. Никако грицкање меѓу оброк, само чај или кафе и тоа според периодот, со млеко/шеќер или без. Постојат неколку варијанти во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите, ама во "најстрогиот" режим се симнуваат според книгата од 3 до 5 килпграми. Годинава и јас натуцав 6-7 кила, многу ми сметаат а сакам нешто нормално да јадам и сите прехрамбени групи да бидат застапени. Дали има некој кој подолго време го држел режимов, 3-4 месеци со константни резултати? Разликите во диетава и режимот на овај Детлеф се очигледни, а сепак на оваа диета тука повеќе се слабее отколку со режимов од книгата. Не знам дали сите ја пробале за месец-два па симнале и вишок вода и толку или нешто друго е во прашање.
Дали има некој сега што ја применува диетата. Сакам да почнам од утре па да видам како ќе биди. Јас многу сакам месено и благо ама како што читам тоа можи од сабајле. Е сега за ручек бидеќи пиши нормално што има за ручек,дали сепак треба да се внимава на комбинациите.,
Ете во Ун има и има ефект, намалив многу за 76 дена, од 72,73 дојдов до 60кг. Јадев и благо и месено во оние денови кога беше дозволено.
Така е да, мора да го исфрлам од исхраната и оваа диета немисегледа тешка за придржавање. Како и да е ја исчитав и почнувам од утре па ќе видиме.