ајт втора недела со диетава,не ослабев првава недела,ама не губам надеж.само вчера за вечерата не се придржував,бевме на вечера и освен шницла од зеленчук и салата земав и малце компири.освен тој пропуст супер ми оди,од диетава најмногу сакам да ‘научам‘ да не јадам меѓу оброци. Гледам многу не знаат кога да јадат одредени намирници,ако не сте сигурни-јадете ги за ручек,тогаш е дозволено мешање. Мене доручекот ми е ист,сув колач и кафе,за ручек пробувам да готвам,барем тој да ми биде топол оброк,вечера салата,или риба,вечер сакам домати со моцарела,или таратур..има многу избор во диетава,не ни се осеќам дека кратам нешто
Девојки и јас реков да ви се придружам кон диетава , сакам едно 5,6 кг да ослабам, па да видам колку ќе се придржувам до неа и нема да направам некои грешки. за доручек јадев чајни колачи во комбинација со мармалад(се надевам дека не погрешив во комбинацијата),чај, и портокал. за ручек имам грав и за вечера варено јајце, сирење и јогурт.
Јас сум за ќотек, викендот ја претерав малце . Ама од денес сериозно, чесен збор. Денешно мени: Појадок - портокал и кифла со џем од јагоди Ручек - печен спанаќ со ориз Вечера - канче кисело млеко Баланс и малце бел сончоглед (прочитав дека може бел)
Моето денешно мени Доручек: две парченца црн леб со еурокрем. Подоцна по околу 3 саати си каснав и една банана. Ручек: Гравче со половина парче леб. Вечера: Половина краставица, јајце, сирење и јогурт. Е сега и мене прашањето ми беше дали можам да јадам вака на пример: станувам околу 6 и да си јадам тогаш овошје или некое чоколадце од житарки. Потоа околу 10-11 да јадам кифла или тост, сендвич. И потоа повторно некое колаче или смоки, било што. Затоа што од 8 до 5 сум на факултет и немам баш голем избор. А ми се јади затоа што речиси 12 часа ми поминуваат, а сме стигнале до половина ден.
Вака сега. Од утре сакам да ја почнам „диетава“. Само има еден мал проблем на училиште наредниве две недели сум попладне и значи не можам да јадам манџи и такви домашни работи за ручек. Доручекот и вечерата се ОК ама ручекот... Од школо се враќам некогаш во 18:00 некогаш во 18:50(кога имам седум часа). Ве молам дајте ми некој предлог што би можела да јадам.Кога сум сабајле школо не е проблем.
еве пример, денес јас станав касно, попладне на работа бев, па доручекот беше доцна, јадев колаче и капучино, додека бев на работа, само чај и вода се вратив во 08 од работа и тогаш ручав ориз и туна е сега околу 01 ке пијам едно млеко и толку за денес, неможев поинаку кога работам попладне а за сабајле не е проблем ко што викаш ти. Ако можеш додека си школо да пијеш нешто па кога ке се вратиш да јадеш ручек// само незнам колку е вака ефективно ....
Јас као демек од денес ќе почнував, и кај баш денес една другарка ме убеди за на лесковачка. Ама ме убеди , стварно. Е готово, од утре почнувам. Ќе ослабам никогаш, свиња, прасе, бомба, дебелуца.
Па не ми изгледа како добро решение 2 недели да руча во скоро 19 часот, и после во 1 часот да внесува нешто во стомакот.... Притоа за ручек не е важно што се јаде, што било... Мој совет ти е да јадеш што ти се јаде, на пример пица(отворена, затворена), некое лиснато, тост, хотдог, но без мајонези и такви ствари да не биде дополнително по калорично... Мислам дека е подобро ова да го јадеш кај 15 часот, па кога ќе се вратиш во 19 часот- јади една салата и еден јогурт и готово... Сите знаеме дека не е многу убаво јадење после 20 часот... Јас имам другарка која не дружи диета, јаде умерено и не јаде по 19 часаот, неможам да ви опишам колку е ослабена, пола човек е станата... Тоа е мој совет
и мене тоа ми изгледа како добар распоред.во кој универзум ручекот е во 19 часот (или покасно!!) ,и да ти е прв тој оброк пак ќе биде вечера,и онака кај нас е малце покасно,ама 19 часот никако. Лакримоса па може лесковачка за ручек ваљда..сега и мене тоа ми се пријаде,ручекот ми е омилен оброк
Добар старт, не сум гладна деновиве. Доручек, Нескафе 3во1 и неколку бисквити со џем од малина. Немав време за овошјето Ручек 3 варени јајца и едно парче црн леб со трици и семиња. Вечера јогурт. Запазена пауза од 4 часа помеѓу оброците. Продолжуваме....
Кај што спомна Ноеми Нес3во1, ми текна да прашам нешто: овие кафиња што се Нес3во1, капучино во прав и слични (кои имаат и шеќер и демек млеко во составот) може некако да се вметнат во некој оброк? Тоа капучиното во прав на Нестле ептен мерак ми прави, ми се плаче кај што го гледам веќе една недела така жално ми трепка, а не го пијам да не погрешам.
Се сложувам дека не е здраво, мегутоа се зависи од ритамот на денот. Ја пример станувам во 14 кога работам попладне а легнувам дури во 04 наутро, па неможам баш да се координирам, секако ред си е ред и треба да се запази
ме интересира дали може да се јаде навецер јогурт и смоки, маслинки и габицки акко додаток кога може да се јаде..
Си го пијам јас сега и си го пиев и претходниот пат кога ја држев диетава, ама само наутро. Не се секирај една чаша капучино насабајле не е ништо Јас и да сакам турско да пијам немам од кај да си купам
Ќе ми одговори некој на прашањето од вчера или потешко ?? Денес Доручек: лиснато и кафе Ручек: зеленчуковата чорба што ми ја кажа Трендафилка, многу е вкусна. Фала Трендафиљ И плус компири со вегета. Вечера: Шопска салата.
Мирна, еве јас ќе ти одговорам И јас го правам истото, само што јас јадам овошје во 9 часот, во 11-11:30 јадам кифла или лиснато, накај 5 ручам, а вечерата е накај 8-9, ама денес ручав во 5 и 30 компири печени, а накај 7 и 30 мусака, и двата оброка беа мали. Прилагоди си ја диетата според начинот на кој функционираш, не секој станува во исто време и има исти обврски во текот на денот. Се надевам дека ти помогнав .
Еве денес да ви кажам што јадев. Поручек: кроасан од 7days ама не од тој од чоколада, туку има едни како штрудли со мармалад од кајсија. И какао (бидејќи не пијам кафе) , ама со вода си го пијам повкусно ми е така. Ручек: шницла и туршија Вечера: само една риба И супер се осеќам, како да не сум на диета. Се надевам дека ќе терам вака уште долго.