Диетава е перфектна за мене, иако не ги обожавам многу бананите. сега сум на друга диета и кога ќе ја завршам ќе ја почнам оваа и не претерувајте, 9 јајца не се многу, имам јадено наеднаш 8 и ништо не ми беше. А овде може три пати по 3 или на ручек 5, на вечера 4, зависи од денот бананите и јаболката би ми правеле поголем проблем... еве денес ми е ден за јаболка а едвај успеав 3 да изедам (а треба 1кг или 8-9 јаболка)
јогурт и житарици на утро за ручек пред јадење сок од цеден лимон .вода и мала лажичка мед истото се пие и после ручрк или вечера ручек варен зеленчук (по малку морков ,грашок.пченка) за да можеш истото да го јадиш и некој нареден ден вечера јаболка(мала)или чаша јогурт да не се разбереме погрешно конзумирај само овошје и зеленчук и тоа варен од млечните производи млеко еднаш неделно .јогурт или исело млеко можеш секој ден од 100 до 150 мл леб,бели печива,месо,благо,пржена храна и газирано НЕ и секако да не ја заборавиме рибата ова не е диета ова е начин на правилно хранење
Mn jasno deka za tolku kratok period mozat da se izgubat povekje kila.Poradi toa sto prvite nekolku kila (3-5)se sodrzat povekje od voda,toksini i takvi stvari i so bilo kakva dieta se gubat vednas a posle brzo se vrakjaat.I zatoa ne bi j drzela ovaa dieta nikogas.JO-JO efekt!! [mod-kirilica:1i28ju3o][/mod-kirilica:1i28ju3o]
Јас сум по јадењето ама после 21 год видов дека што каснам на задник го лепам па си почнав со храна од конзерва (во зима немаш многу шанси да најдеш свеж грашок ,пченка и др зеленчук) а овошје што ке најдам тоа ама се фокусирам на јаболко и секако НЕ БАНАНА не само заради ЈО ЈО ефктите туку немам доверба во диети а што е најдобро крвта ,железото ми се супер немам проблеми и не терам никој ова да го јаде на сила туку ете само сакав да си кажам што конзумирам јас последниве години
За 4 дена сигурно може дасе игубат 4 килограми ( но под еден услов хирург да ви отсече 4 кг ткиво од вас ) или некој пес скитник да ве испојаде во темна уличка
^ Денот со јаболките ти беше? Јас сакам да ја почнам, иако си се зареков дека веќе не држам брзи диети, ама ете-љубопитност! Но ме плаши третиот ден, никогаш не сум издржала само на јаболки, ми се лоши од нив Сепак, сакам во сабота да ја почнам, нема што да се изгуби, само 4 дена се во прашање..Ама сеуште се мислам
ја оваа диета ја знам вака: 1ден- 9јајца 2ден- 9 виршли 3ден- 9 банани и 4ден -3јајца,3виршли и 3банани...иначе оваа диета ја знам од една моја другарка секогаш ја држи пред да оди на свадба или на некоја пригода каде што сака да не и се познава стомахот многу и успева во тоа,слабее по 2 кг сигурно.
Пфффф глупости со ова диетиве ќе се уништите не диета-режим на исхрана...и сами знаете кои продукти треба да се исфрлат,кои да се намалат,кои да се користат....се што е умерено не е штетно,баталете диети и се,исходот не е долгорочен,а ако сами си го најдете вашиот режим на исхрана-не само што ќе ослабите туку таа фигура и цел живот ќе си ја одржувате,а здравјето нека ви биде пред се Јас доручкувам овошје или мусли,корнфлекс ,пијам многу вода,ми се случува и бурек,баничка да јадам...па што -дозволен е и грев ,за ручек ретко јадам леб онака малку ќе скршнам ,ама кога има компири,ориз-никако не комбинирам со леб значи супа,салата и што има за ручек-доволно е и се осеќам најадено,навечер со дечко ми пукаме пуканки и јадам овошје -ако ми се јаде.... Не велам дека сум во идеална форма,имам 3-4кг вишок,заради потребата од благо и чат пат грицки,иако не ми сметаат сакам да ги намалам со вежбање и пешачење а не со диети
тоа што се враќаат брзо килограмите е посебна приказна ...многу е штетно бе 9 јајца да изедеш во еден ден не е играчка тоа ајде бананите ќе ги голтнеш некако ваму таму овошје е ама за јајцава.. за тие со висок холестерол ?? не е диетава за сите и како што спомна Ариел навистина може да се заврши на инфузија .. значи бараме другаа..
луѓе бе! ако не сакате 9 јајца јадете нешто друго(јогурт 1 литро, 2 канчиња кисело млеко,9 виршли,9портокали или нешто друго)! цела тема секој коментар 9 јајца штетно, 9 јајца штетно! тогаш најдете посоодветна диета! диетава е да се коментира дали се слабее, а не за јајцата и јас дооооолг период држев диета претежно со варени јајца и секој ден јадев по 6-7 некогаш дури и 8 па жива сум, здрава сум, холестеролот е добар
Кој шок за организмот. Немојте со вакви диети, не се добри за здравјето. Плус тоа, и да ослабете 4 кила за 4 дена, во наредните 4 дена ќе си ги вратите изгубенте кила, и плус ќе накачите. Јадете здраво и помалку, така цело време ќе си бидете витки и убави.
Дефинитивно според мене диетите се многу лоша работа! Слушнете ја мојава историја.. Имав 13 години кога ја добив првата менструација, извишив, ноо..и се здебелив.. Всушност и не бев дебела, туку имав само големо меше. И така постојано си седев на истата тежина, со истото меше. И не вежбав, си јадев слатко, се движев но ништо посебно и активно.. И едноставно тоа си го праи своето.. И кога ги напрајв 15 се свестив дека не добро да имам мешко тарачешко. И демек почнав со некои диети, но тие диети ме исцрпуваа. Да, ќе ослабнев но си ги враќав. И самата помисла дека сум ан диета ме правше да се чуствувам депресивно. И еден ден си станав.. Сабота беше се сеќавам и решив да си смислам нов метод по кој ќе си се придржувам. Бидејќи ни најмалку несакам да гладувам решив само го сменам начинот на исхрана. На пример појадокот да ми биде : -пајнче со јагоди и една чања несвик/мусли со млеко и исецкана банана/бисквити со млеко/чај и 2 парчиња маргарин.. -ручегот * пилешки стек и шопска салата/телешко месо и салата/риба и салата/пире и телешко месо + салата/макарони со сирење (значи не јадев леб, свинско месо, пржена храна...) -вечера бисквити со млеко/мусли со млеко/јагоди со млеко(или исмиксани јагоди со млеко како шејк) и 3-4 бисквити/ 2 јаболка и после тоа една лимонада/бисквити и портокал/овошна салата...... Во текот на денот да си пијам кафе, чај, ВОДААА, млеко, јогурт, свеж домашен џус од портокал.. значи никако фанта, кока кола, газирана вода и други газирани пијалоци и засладени.. И секоја вечер одев на трчање по 1сат, со умерено темпо.. значи не шпринт туку побавно.. после тоа правев стомачни неколку типа и 3 серии од по 15.. некогаш место трчање (ако вренше или ако беше многу ладно) , си пуштав музика, и играв околу 30-45 мин без престан(значи не треба да си професионалец и да треба којзнае како да играш) битно е да музиката да има брз ритам и да играш врзо.. и потоа скокав на јаже околу 20 минути.. И едноставно без гладување, со поголема упорност нормално си дојдов на посакуваните килограми од 64 се симнав на 58 за месец и пол. Што навистина сум сега задоволна.. И си јадам поздраво. САмо што сега секој ден убавезно правам стомачни, 4 пати неделно одам на трчање,вежби за затегнување на мускулите на рацете,нозете, за градите, задникот.. и тоа.. и возам точак и ролери кога можам али битно знам дека нема да ги вратам старите навики, пошто вака сум најадена,со поголема кондиција, по задоволна и ќе си вежбам редновно а нема да применувам некои строги диети... Поздрав