За 14 дена - 6 килограми помалку. Започнете ја уште денес! Вистински избор за сите кои сакаат да се хранат здраво, да го прочистат организмот и да ги изгубат вишкот килограми. Диетата започнува со понеделник, кога е дозволено да се внесат само 600 калории, а следните денови - до сабота, намирниците се избираат внимателно. Сабота е ден кога е дозволено да се јаде сè. Понеделник е ден за детоксикација, па менито е составено од: овошје, зеленчук, растителни намирници, диуретици... Од вторник до сабота, иако не е предвидено мерење на намирниците, би било добро да избегнувате слатки и салама, а предност да им дадете на: рибите, овошјето, зеленчукот и интегралните намирници. Недела е слободен ден, па дозволено е да се конзумираат и забранетите намирници, само без претерување. Мени за осум понеделници Напомена: Дозволен зачин е маслиново масло и тоа по една лажица, а за зачинување - растителни билки. Секое утро задолжително испијте чаша вода со сок од половина лимон. Прв понеделник * Појадок: 2 немасни јогурти * Ужина: чаша сок од грејпфрут * Ручек: 150гр. мешана салата и 120гр. варен компир * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: 200гр. свежо сезонско овошје * По вечерата: шолја ај со лажица мед Втор понеделник * Појадок: немасен јогурт со јаболки исецкани на парчиња * Ужина: чаша сок од зеленчук * Ручек: 150гр. мешана зелена салата и 40гр. интегрален леб * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: супа од зеленчук без тестенини * По вечерата: шолја чај со лажица мед Трет понеделник * Појадок: јаболко и круша * Ужина: чаша сок од домат * Ручек: 30гр. варен ориз и 150гр. варен зеленчук * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: 250гр. мешан свеж зеленчук * По вечерата: шолја чај со лажица мед Четврт понеделник * Појадок: немасен јогурт со половина банана исецкана на парчиња * Ужина: чаша сок од јаболко * Ручек: 150гр. варен грав и 150гр. мешана зелена салата * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: 70гр. суво овошје * По вечерата: шолја чај со мед Петти понеделник * Појадок: 2 немасни јогурти * Ужина: чаша сок од зеленчук * Ручек: 100гр. зелена салата и 40гр. интегрален леб * Ужина: шолја чај со мед * Вечера: 2дл. супа од зеленчук и 140гр. варен морков со додаток на 1 лажица рендано сирење Шести понеделник * Појадок: јаболко и круша * Ужина: чаша сок од домат * Ручек: 100гр. компир и 50гр. праз готвени на пареа * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: салата од 200гр. цикорија и немасен јогурт * По вечерата: шолја чај со мед Седми понеделник * Појадок: немасен јогурт со парчиња од половина банана * Ужина: чаша сок од зеленчук * Ручек: 250гр. варен јачмен, со маслиново масло и лажица соја, 100гр. тиквички готвени на пареа * Ужина: шолја чај со мед * Вечера: 100гр. сојни снегулки и 2 интегрални крекери * По вечерата: шолја чај со мед Осми понеделник * Појадок: немасен јогурт со сецкано јаболко * Ужина: чаша сок од јаболко * Ручек: 2 суви интегрални кекси и шолја кафе со малку немасно млеко * Ужина: шолја чај со лажица мед * Вечера: 2 парчиња ананас * По вечерата: шолја чај со мед
А како тоа 14 дена а 8ми понеделник??? несватив инаку не ми изгледаат лошо понеделнициве, само некако не се ми за овој период, јаболките се ми накако зимни