1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета... а што со психолошкиот момент Зависност од Храна?

Дискусија во 'Диети' започната од zija, 25 март 2010.

  1. zija

    zija Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Како да ја контролирам кризата?

    sekoj den vodam vojna sama so sebe :twisted: sekoe sabaj le stnuvam so misla deka denes pocnuvam so odreden nacin na ishrana,i od toj moment dobivam psihicki glad jadam cel dem i so sekoj zalak se obvinuvam sebesi deka toa e pogresno deka ne treba taka no i pokraj toa ja povtorno jadam i jadam i jadam i taka cel den . :Down: se nerviram, svesna sum za toa, a nemozam da go kontroliram,posilno e od mene.ja umesto da oslabam ja se popravam. imam 34god.koga bev pomlada bev mnogu slaba ,so prvata bremenost imav problemi i primav hormoni za odrzuvanje na bremenoste i cela bremenost ja pominav vo krevet na krajaot zavrsiv so 35kg poveke .znaci od togas ja vodam bitka sama so sebe .veke sum umorna od se me uzasnova sekoja pomisla na dieta na ovosje na meso na se i se poveke jadam sto da pravam ,ima li nekoj so vakov problem kaj da se obratam . :geek:
     
    На Taylor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.213
    Ех, мора да се убедиш дека треба, дека мора. И мене ми се случувало 100 пати, или ке издрзам неколку дена, па ќе попуштам. Сепак од време на време успевам, и обично во зима имам неколку кила повеќе од лето (5-10 кила).
    Мора да се убедиш дека треба да го направиш, и дека можеш. Диетите вршат психолошка тортура.

    Мислам дека е многу важно да најдеш диета што ти одговара. На пример ако си обожавател на месо, да ја држиш таа протеинската, ако сакаш благо тогаш УН диетата, зошто само ако си ги дозволуваш работите што ги сакаш нема да се саботираш.

    Ако веќе си се обидела, и не успеваш, тогаш не си викај дека од утре ќе бидеш на диета, туку сега, моментално, почни да внимаваш. Треба да се јадат многу салати. Зеленчукот е ептен нискокалоричен. Мене ми има многу помогнато и водење дневник. Звучи глупо, ама ми помогна затоа што станав свесна за се што јадам. А го водев онлајн, па таму имаше и можност да провериш колку калории има секој продукт, и каков состав има. Па така сфатив дека портоклаот и не е толку нискокалоричен, или дека млекото повеќе има масти од проетеини. Не кажував по луѓе не смеам ова или она затоа што сум на диета, и си дозволував се ама само стварно кога ми се јаде нешто и каснував по малку. На пример еден ред чоколадо, една рака чипс и слично. Во други услови би му писнала на цело чоколадо или чипс. Така ослабев околу 12 кила за 2 месеци. Мнооогу јадев салати, многу пиев вода затоа што беше лето (лани јуни, јули), па и онака на 50 степени немам некоја желба за јадење. Важно најпрво се убедив дека не е тоа диета. И на почеток јадев повеќе, постепено го прилагодував организмот на помалку храна.
     
    На lid4e18 и Taylor им се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Како да ја контролирам кризата?

    не мисли на јадењето прави нешто излези од дома ....понекогаш успева ;)
     
  4. nadicabrzilova

    nadicabrzilova Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Како да ја контролирам кризата?

    најефикасно е да ги измиеш забите со кои веднаш ти се намалува апетитот и сто и да пробаш не ти е толку слатко ;)
     
  5. 4ever

    4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Како да ја контролирам кризата?

    А КАКО ГО ВОДЕШЕ ДНЕВНИКОТ ОНЛИНЕ КЕ МОЖЕШ ЛИ ДА МИ ЈА КАЖЕШ СТРАНИЦАТА?
     
    На zija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Како да ја контролирам кризата?

    Ако јас бев таа што секогаш делеше совети,вака прави,онака прави,веќе и јас попуштив.Од кога се вратив од одмор(25ти Јули)некако неможам еден ден да издржам на диета по пропишаното.Абе 1 кикирика да е,ама сум прекршила нешто,не претерувам ама ете така по нешто ситно каснувам,доволно за да ми го кочи слабеењето.Затоа се зареков дека од овој момент,т.е. од утре јас ни капка вода не пијам повеќе од што треба.
     
  7. rockstarr2012

    rockstarr2012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    стрвност

    значи многу сум стрвна ,и се обидувам да се хранам здраво колку мозам и вешбам секој ден ,ама сепкам иам некоја слабост кон благото чо не знам како да ја контролирам ,аам сега иаме една фамилијарна прослава која се блиши и јас би сакал да изгубам 6 кила за еден месец .Да не имате неои совети за контролиуранје на гладот и као најбрзо би можела да ги изгубам овие 6 кила???? фала однапред ]:) ]:)
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    стрвност

    Јас сум на здрав режим еве веќе 4 дена, бев кај нутриционист, и едноставно си зацртав дека морам да ослабам, и дека нема попуштање, зашо сто пати сум пробала и се така, заради мојата проклета стрвост сум уништувала се, но еднаш мора да стегнеме заби и да речеме готово нели.
    Земи напиши си мотивационо писмо, и кога мислиш дека ќе поткелниш читај го.
     
  9. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    стрвност

    Едноставно мораш да си кажеш самата на себе готово со јадењето. Додека ти сама не го направиш тоа џабе ти е се. Кога ептен ќе те фати криза за јадње испиј пола литар вода или ако не можеш да издржиш касни нешто здраво. Секогаш при рака имај некое овојше зеленчук и експпериментирај со здравата храна, ставај зачини, не мора да значи дека ако е здраво и диетално дека не е вкусно. Ти посакувам среќа позз :D
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    стрвност

    Многуу сум стрвна....среќа што не ми се фаќа на мене инаку до сеа 70 кила ке имав.
     
  11. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    27
    Како да ја контролирам кризата?

    anuska kaj koj nutricionist odis zatoa sto i jas sakam da pocnam.
     
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    13.972
    Денес постојано слушаме за “Здрава храна„, слушаме и веќе многу од нас знаат скоро се за последиците од нездравата храна, знаеме што треба а што не треба да јадеме. Знаеме како вештачката храна влијае на нашиот организам, знаме дека најголем дел од болестите на денешницата како дијабет, дебелина, кардиоваскуларни болести, во некои случаеви дури и рак... се предизвикани од храната која денес ни се нуди на секој чекор... и покрај тоа пак ја јадеме таа храна.

    Изгледа дека сепак не сме свесни за зависнота која таа храна ја создава, зависноста од нездрава храна се поистоветува со зависноста од цигари, алкохол, дрога...
    Тоа најдобро може да го почувстуваме кога почнуваме некоја диета или кога решаваме да го смениме начинот на живот.
    Кога размислуваме за промена (на полн стомак), и кога правиме планови за таа промена се изгледа толку лесно, но главниот момент е кога навистина ќе почнеме да го применуваме тоа нашиот мозок се противи. Да, мозокот се противи, затоа што тој на еден начин е “програмиран“ да веруваме дека нездравата храна и храната од која се дебелееме е навистина највкусната храна, а кога ќе ја “прекршиме“ диетата и ќе ѓи наполниме ќесите со грицки, чоколади, сокови и ќе поминеме време пред тв или компјутер грицкајќи, и кога ќе го наполниме стомакот со тие глупости... сфаќаме дека не е така.

    На верувам дека постои човек со вишок на килограми кој не може да ослаби, активностите превземени со цел да се елиминира вишокот на килограми даваат резултати многу брзо, но овде е таа психолошка кочница која не го дозволува тоа!

    Сето ова го зборувам од лично искуство, јас почнувам диета од секој понеделник, секој роденден, секоја нова година, секој први во месецот... тоа трае веќе околку цели пет години и најголемиот успех ми е петнаесет дена издржани на диета, за време на кои ослабев 5кг, но и тој резултат не беше доволна мотивација за да продолжам...

    Верувам дека доста од вас кои сте редовни во овој дел од форумот ќе се препознаат.
    А верувам дека има и такви кои успеале некако да го надминат тоа...
     
    На De-lovely и kristii им се допаѓа ова.
  13. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    брабо мк девојче на отворената тема,исто и е и кај мене кога ке казам од понеделник сум на диета дома ми викаат “од кој понеделник„ само со ке се ставам на диета одма ми се јаде и некоја храна што не ја сакам тогаш ја сакам.некој е зависен од алкохол,дрога цигари а јас од храна и благо.цигарите ги оставив пред 3 години а јаденјето не можам.во бременоста се поправив 30 килограми,многу е тешко ама се знае што ке помогне ама никако да издржам диета.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Точно,не постои човек со вишок,што не може да ослабe. Меѓутоа,како што повеќе растам,сфаќам дека всушност треба комплетно да се смени начинот на исхрана,значи не мора да се држи диета,туку правилен начин на исхрана,конзумирање на здрава храна.
    Јас иако сум средношколка,оддамна се откажав од грицки,што уствари секој ги јаде на голем,на мал одмор,додека е во школо,а и дома...Во моменти кога сакам да јадам такво нешто,од типот на грицки,благо, се запрашувам дали стварно ми се јаде или е ради реда,колку само да имам занимација. Така комплетно се откажав. Си зацртав дека ако повторно посегнам по тоа,ќе уништам уназад се што сум правела како што треба,сум се хранела како што треба,сум вежбала итн итн.
    Пред се,предност му давам на вежбањето,а во склоп со тоа и правилна исхрана. Не мора да се откажуваш од се,доволно е само да ја намалиш количината.Гледај на долги патеки,не држи диети од 15 дена,од 8 или од 3.
    Мене тоа ми е без врска.
    И од друга страна,мораш да имаш цврст карактер,да се стегнеш и да не дозволиш пак психата да те утепа.
    Мене конкретно,вежбањето ми дава многу мотивација. Покрај тоа што активно тренирам ракомет,вежбам дома и на пилатес топка. Секое вежбање сум се порасположена и порасположена. Научив да го сакам своето тело и задоволна сум.
    Значи само карактер,упорност и трпеливост. Верувам дека ова го имаш слушнато многу пати :)
    Don't ever give up!
     
    На Cynthia, mKdevojce, kristii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Знаете што?
    Имаше на MTV мислам дека една емисија " I used to be fat ".
    Девојките и момчињата од емисијата имаа лични тренери и тие им помогнуваа во слабеењето.
    Слабееја со физичка активност и со диета.

    Е сега зборот ми беше дека во таа емисија тренерот им влегуваше дома и им ја вадеше од фиоките и фрижидерите сета нездрава храна.

    Значи и вие да го направите истото, колку и да сте зависни, ако немате никаква нездрава храна дома, нема да можете да ја јадете.
    Исто така преокупирајте се со некоја работа.
    На пример. Седнувате да гледате телевизија и сега веднаш ви доаѓа мисла:
    Зошто да не си каснам пуканки, чипс заедно со омилената серија?
    Тргнете се од телевизор и почнете да работите нешто.
    Со работата и со вршењето на некоја активност, едноставно забораваме на храната.
    Не за џабе рекле оние кои имаат многу работа, немаат време за јадење.

    И на крај на краиштата, зарем не сакате кога ќе видите некоја згодна девојка и вие да изгледате како неа?

    Верувајте, се се може ако сте упорни. ;)
     
    На samovilamila и mKdevojce им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сето тоа во ред, Мкдевојче ми се допаѓа твојот пост и за тоа што вистинито ја опишуваш реалноста. :)
    И јас имам успешно искуство со диета(кој не беше диета, повеќе беше здрав начин на исхрана).
    Од тогаш многу внимавам на исхраната и тоа на некој начин ти е диета(ама диета не е лишување од храна, диета е здрав начин на живот според мене) Сум имала и лошо искуство со кг-те и секако после тоа следи убавото искуство ама сетоа тоа резултат на мојата грижа/негрижа и волја. Да не должам, од ко се запоставив ми беше многу тешко, ама брзо се освестив и си реков дека не може така, си ветив на самата себе и си поставив ЦЕЛ. :up: :muscle:
    Значи многу е битно да си расчистите и да си бидете искрени кон самите себе.
    Сето тоа зависи од психата и се е до мислите, значи психолошкиот момент, седнуваш сама со себе и размислуваш(или подобро да си се запише на лист) зошто ми е потребна диета? Дали ми е убаво вака?
    Што сакам да постигнам? Зошто воопшто толку јадам ? Друго прашање што би можело да се постави е зошто јас да и бидам роб на храната? Зошто не можам да и оддолеам?

    Верувам дека овие прашања му се вртат на секому и на оној што е задоволен и на оној што не е задоволен од изгледот. Кога ќе одговорите на некои прашања и ќе си поставите цел многу полесно ќе ви биде.
    Многу е важно да имате позитивни мисли и да не чувствувате грижа на совест ако немате ослабено колку што сте посакувале, зошто тоа ќе ве демотивира. Продолжете понатаму, помислете колку сте имале, а колку имате сега, помислете колку сте успеале и колку сте го смениле начинот на исхрана.
    Всушност многу е едноставно. Основно целиот проблем е околу храната, кога ќе ја избалансирате и ќе се обидете па и ќе си стоите на збор дека нема да ја вкусите колку и да е вкусна ќе ви помогне.
    Или има и друга варијанта, ако не можете да и одолеете на пример на пицата или на парче торта, земете ја, помирисајте ја, каснете залак или два и оставете ја, така ем нема да чувствувате грижа на совест што сте јаделе калорично, ем ќе ја пробате, ќе и го знаете вкусот и со самото тоа ќе му пратите на мозокот сигнал дека не треба повеќе да јадете, некогаш желудникот не е толку гладен, колку што си мислиме дека сме гладни гледајќи ја вкусната храна и мирисајќи ја вкусната арома што доаѓа од неа.
    Се е до психата, колку повеќе тренирање да јадете здраво и колку повеќе постигнувате успех во смисла (место едно парче пица ќе земам салата со марула) :!: ќе бидете од себе позадоволни и повеќе ќе трчате кон успехот. Е сега, колку и да сте зависи од храна, не смее никој сосем да биде лишен од храна :pizza: , ама пак ќе кажам не верувам во зависнот од храна, никој не може да биде зависен, ако не купам нема да јадам и точка. Според мене Зависноста е само изговор на слабоста да се одолее на храната.(тогаш искористете ја опцијата со еден до два залака што ви ја напишав).
    Мора да се мотивирате самите и да имате позитивни мисли иако немате постигнато очекувани позитивни резултати, за да продолжите понатаму, а не на првата сопка(неуспех) да се одкажете и да се вратите на стариот начин на исхрана(депресивна сум ќе каснам малку чоколадце ахам читај(еден ред) и после тоа ќе си се прашувам кај отиде цела чоколада?-Еден ред преминал во цела).
    Значи бидете упорни и имајте позитивни мисли, ете го психолошкиот момент, ако ја гледате храната како непријател на стомакот сигурно ќе ви стане одбивна, ако ја гледате како потреба вие ќе го контролирате внесот на храна, не дозволувајте дрчноста или гладта(која не мора да е толку голема, може така да ви изгледа во моментот поради вкусната храна) да ве измами и да претерате, одма сетете се на вашата цел, замислете ја сликата какви сте биле претходно(во мојов случај) или какви сакате да бидете и постигнете го тоа истото како претходно. Или размислете какви сте сега и какви сакате да бидете и пред да земете да јадете избројте до 10, покажете си ја сликата во глава, сетете се на целта и сигурна сум дека нема да погрешиште во изборот на храна.
    Запамтете вие можете, САМО АКО САКАТЕ.
    Ако треба и запишете на потсетник Јас ќе успеам зошто верувам во себе!! И тоа ќе ве потсетува на тоа што го планирате или со тоа што се борите, било да се работи за справување со кг било за некоја друга работа. Се е до вас самите, храната и сите други оправдувања се само празни изговори кои водат кон неуспех. Ако размислувате на овој начин ќе исчезне и зависноста и слабоста кон храна.
    Нема цела чоколада-има само ред чоколада, нема цела пица-има само парче пица или два залака. Има и моменти кога ќе си дозволите и цела ама тоа да биде како награда што на пример цела недела не сте каснеле нешто толку калорично.
    Упорноста тоа е најголемиот психички мотиватор, и целта, и вашето размислување и ИСТРАЈНОСТА.
    Знам дека можете! ;) :*
    Ако треба и ќе си повторувам во себе(знам дека можам да успеам, знам дека можам, знам дека можам, верувам во себе и ќе си го всадам тоа во глава дека ќе биде така како што сум зацртала и нема да биде поинаку)
     
    На samovilamila, MarchelineAmaru, ElenI777 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас колку повеќе се замарав со тоа што да јадам, колку да јадам, зошто да јадам и колку повеќе си викав можам, можам, можам, ми беше дупло потешко. Затоа што ако на мозокот му речеш, не мисли на храна, погодете на што ќе мисли. :D

    Така да, купете си еден куп јаболка, мандарини, банани, непечен сончоглед, суво овошје и нека ви стои дома. Кога ќе ви се грицне нешто, земете од ова.

    А да се замарате и опседнувате со тоа, па зошто тие јадат, а јас не јадам, немојте. Колку повеќе мислите на нешто, толку е потешко да се сконцентрираш на нешто друго. Едноставно, не дозволувајте храната да ве контролира, ниту пак да и придавате огромно значење.

    Кога се прашувам, што за појадок, си зимам јаболко или банана или марети со јогурт. И готовоо, крај на приказната. Не ни ми текнува да размислувам зошто колешките јадат тост или сендвич а јас банана.

    Можеби имате премногу вишок време па затоа мислите на јадење ?!
    Полесно е да држи човек диета кога е нонстоп зафатен. :D
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Се` е до психата.
    Јас порано бев опседната со диети и триста чуда.. Па нема да јадам ништо цела недела освен по едно гревно јаболченце малецко. Па само што слабеев одма ми доаѓа мисла- оп, оп, ослабев, ајде сега еден огромен хамбургер и чоколадо. И така си се вртев во круг се додека не сватив дека диетата е всушност здрав начин на исхрана. Ете, има голем број диети и на форумов и во сите има само здрава храна. Односно, модернистички назив за здрава исхрана ти е диета.

    Сега си се хранам здраво, грицки и благо исфрлив од исхрана одамна(освен по одредени поводи кога има тортичка, мљац-мљац :wasntme: ), одам на фитнес, навечер пешачам саат ипол со кутрето мое. Се чувствува разлика, посреќна сум и повеќе енергија имам, се здобивам и со мотивација.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Дали е возможно витамините што ги пијам да ми предизвикуваат несовладлива желба за храна?
    Патем ,пијам МултивитМинерал ,на природна база биле...
     
  20. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    najbiten e
    кога и да сум под депресија само јадам (здерам)иако не сум гладна.изгледа задоволството од бегање од проблеми го најдов во храната.
    с