1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета за вработени

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 26 септември 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Диетава сигурно ја видовте денес, ама нека влезе во архивите на подфорумов, да го подзбогатиме со уште една. :D
    Не е лесно да практикувате посебен режим на исхрана ако по цел ден сте на работното место. Сепак, не ја губете надежта.

    Неколку американски нутриционисти објавија диета за вработени која ќе ви овозможи да се ослободите од гладот, а воедно и од неколкуте килограми вишок.

    Понеделник

    Појадок: 1 банана, 1 киви

    Ручек: Салата од зеленчук и тестенини

    Вечера: 250g телешка шницла со варен зеленчук

    Вторник

    Појадок: 2dl сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20g кравјо сирење

    Ручек: 2 варени јајца, 100g варен грашок

    Вечера: Голема порција салата од зеленчук

    Среда

    Појадок: Шолја чај без шеќер, кроасан, путер и 10g џем

    Ручек: 150g печен компир, 1 јаболко

    Вечера: Бистра супа, 200g бела риба, 100g варени моркови

    Четврток

    Појадок: 2dl сок од портокал, 200g крушки

    Ручек: 1 ѓеврек, 100g домат, 100g варено пилешко месо

    Вечера: 100g варено телешко место, 200g цвекло

    Петок

    Појадок: 250g ананас

    Ручек: Салата со зеленчук и 1 варено јајце

    Вечера: 100g парче морска риба, 200g варен грашок

    Извор.http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/1 ... -vraboteni
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ко за вработени, многу готвење ми се гледа во неа :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    И јас тоа си помислив, ама мајка ми ми рече дека тоа се само изговори и утврдена комфорна зона. А да, и и ја инспринтав, пошто она многу е принципиелна,сто диети почна, ниту една не заврши, пошто нели, нема изговори, ако и се јаде, јаде, нема што тука изговори да наоѓа. :D
    Да не речам, поштено ми го спушти! :D
    Од утре со тенџерчето во ќесенце, ташничето на едно рамо, ќесенцето на друго и во фрижидерот на работа манџичето! Молим лепо!
     
    На midnight.flower и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Коа видов вработени, си помислив нешто што можеш да го подготвиш и да го понесеш на работа, како бе да си носиш варено јајце?
    Можам да ги замислам фацките на колегите кога ке му го осетат мирисот, знаете на кој мирис мислам нели?
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Исто ти се фаќа.
    А мирисот на бурек или хамбургер? ;)
    Кога ќе се тргне на работа, нема срам. Сешто сум гледала дека си носат луѓето. Многу им е гајле за туѓите реакции, поважна е поентата.
    Чак што више имам слушано дека и ајвар носат и прженици,па никому ништо...
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Кога веќе спомна ова со ајваров морав да искоментирам.
    Се возам во автобус, и автобусов се разминува со 19ка приватна, и така пред очи ми беше, погледнав абе шпто да видам.
    Седнала една, торбата до неа на седиште, во едната рака леб, а во другата вилушка и си црпе од тегла ајвар.
    Дур и се завртов да видам да не ми се причинува.
     
  7. Girl1983

    Girl1983 Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Gladta pojaka od sramot :)