Диета за обликување на струкот

Дискусија во 'Диети' започната од Anastasia94, 24 август 2011.

  1. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    Вишок на стомакот

    девојки прочитав една диета во Unique Magazine која се вика--5 дена до рамен стомак--

    ден 1
    *појадок-овесна каша(30 грама овес и вода),1 кафена лажица мед,чаша минерална вода,чај или кафе.
    *неколку часа пред ручек-банана милкшејк(една банана со средна големина и 100 милилитри безмасно млеко),едно парче препечен леб намачкан со путер и вода.
    *за ручек-паста со лимон и кисели краставички или туна со пире.
    *доцна попладне -една чаша пробиотски јогурт
    *вечера-печен лосос(125 до 180грама),2компира и неколку моркови или паела(месо и риба).овошна салата -пола јаболко,пола банана,6 зрна грозје,6 јагоди,праски и малини.
    *неколку часа по вечерата-пченични никулци со малку безмасно млеко,2 бразилски ореви или неколку сирови бадеми.чаша вода,чај или кафе без кофеин.


    ден 2
    *појадок-исто како претходниот ден
    *неколку часа пред ручек -банана или пудинг со ориз.
    *за ручек-сендвич со ладен лосос и 180 грама печен компир.
    *доцна попладне-банана или милкшејк или едно парче леб со џем (дозволено е една лаж џем)
    *вечера-печени пилешки гради,125 грама варен компир,моркови,грашок со 2 супени лаж сос од печурки.зелена салата.банана или јагоди.
    *неколку часа после вечера-јаболко

    ден 3

    појадок-исто како претходниот ден
    *неколку часа пред ручек-сендвич со пилешко или туна и домат
    *за ручек-две парчиња чаден лосос со лимон и две парчиња леб,наместо лосос може и скуша или паста со лимон и кисели краставички.чаша био-јогурт
    *доцна попладне-пудинг од ориз или банана милкшејк
    *вечера-омлет со билки (две јајца,сол,пипер,мешани билки)и мешана салата од домати,црвени и зелени пиперки,моркови,марула и пченка.
    *неколку часа по вечерата-30 грама никулци и 100 милилитри безмасно млеко


    ден 4

    *појадок-исто како предходниот ден
    *неколку часа пред ручек-шолја безмасен јогурт
    *за ручек-тост со сардина,180 грама варен компир и малку сирење или сендвич со мешан зеленчук,варен морков,краставички,марула и неколку тркалца варен компир
    *доцна попладне-половина авокадо
    *вечера-паста со мешан зеленчук (60 грама свежа паста ,1 супена лаж маслиново масло,пченка,грашок и варен морков или печено јагнешко месо со 126 грама варени компири.
    *неколку часа по вечерата-јагоди со млеко и шеќер ,една рака грозје и 2 бразилски ореви.

    ден 5

    *појадок-исто како претходниот ден
    *неколку часа пред ручек-1 банана
    *за ручек-180н грама печен компир и сирење или варено јајце и тост или половина авокадо во комбинација со 90 грама чадени пилешки гради.
    *доцна попладне-шолја био-јогурт со 1 супена лаж компот од овошје.
    *вечера-шпагети со чаден лосос и кисели краставички.свежа овошна салата.
    *неколку часа по вечерата-едно парче интегрален леб со џем.

    фитнес план
    утринско кардио-
    кардио вежби во понеделник,среда и петок наутро ке го забрза топењето на мастите
    *3 минути брзо одење
    *2 минути џогинг
    *1 минута спринт,колку што можете побрзо
    горе наведеното повторете го 6 пати,5 мин бавно одење за да дојдете при себе.

    вежби за топење на мастите-
    се прави во понеделник,среда и петок навечер за да ја зголемите мускулната маса и да се ослободите од вишоците на долг рок
    *10 склекови,10 пати чучни стани,10 пати подигнување на двете нозе истовремено додека лежите на грб,скокање во место со стегнат стомак.
    *одморете се 45 секунди и повторете ги истите вежби уште два пати.



    е сега не знам дали е ефикасна ама кој може нека ја проба па ке каже дали има резултати :)
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.495
    Со оваа диета, неопходни се и вежби за обликување на телото. За подрастични резултати се препорачува пливање грбно, практикување на вежби кои подразбираат свивање на струкот итн.

    ПОЈАДОК: изберете една од предложениве варијанти.
    а) 25 гр. житарки со млеко, една круша
    б) 1 тост со мед, еден портокал

    РУЧЕК:
    a) 100 гр. пилешко месо или риба на скара, голема порција на мешана салата
    б) сендвич од 2 тоста со 50 гр. туна и сок од лимон

    ВЕЧЕРА:
    а) 75 гр. немасно месо, 75 гр. пире од компир, зелен зеленчук
    б) 150 гр. риба на скара, голема порција мешана салата, 125 гр. компир печен во фолија.


    Диетава ја најдов во книгата на Д-р Љиљана Николиќ ,,Здраво и успешно слабеење''.
    Кога ќе завршам со Ун диетата, планирам неколку дена да ја држам, нормално комбинирана со некои вежби кои вклучуваат свивање на струкот.
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.