Доручек: Исклучиво овесни снегулки со јогурт, млеко, кисело млеко или кисела вода, а и секогаш кога се чувствува глад. Ручек: 1 ден: Макарони со сирење или јогурт 2 ден: Ориз со сирење или јогурт 3,4,5 ден: Варено пилешко со салата 6,7,8 ден: Варено телешко со салата 9,10,11 ден: Риба со салата (скуша,ослич или туна) 12,13 ден: Овошје и зеленчук 14,15 ден: Зеленчук (леќа, спанаќ, компир) 16 ден: компир на секаков начин освен пржен 17 ден: Макарони со сирење 18,19 ден: Ориз со сирење 20 ден: риба со компир (скуша) Вечера: Навечер да се јаде до 20h и преку еден ден да се јаде за вечера супа од компир, морков, овесни снегулки место фиде, магдонос и лук. Не смее да се јаде: Пржена храна, зачини, благо, сувомеснато, жесток пијалок и пиво. Се препорачува само бело вино во исклучителни случаеви. Да не се пијат газирани пијалоци и густи сокови кои содржат шеќер, а за замена на шеќер може да се користи вештачки засладувач. Ручекот треба да се обави во приближно време +/- 1 час, количината на храна не е ограничена доколку се спроведува како горенаведениот режим. Со оваа диета се слабее 5 до 10 kg. Со среќа
Ајде јас да ви кажам една диета. Прво и најважно нема забранети јадења, значи се јаде се, само се пази на комбинацијата и периодот на внесување на храната, јас ја држам оваа диета 10 дена и до сега ослабев 4 кила. Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини Јас денес доручкував еден Pop-cake, банана и кафе( насабајле може шеќер во кафето ) Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате. Вечера : Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи . Јас обично вечерам марула со варен или испечен стек( месото може и на тостер) вчера вечерав салата од зелка со канче кисело млеко и 150 грама сирење. Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера. И треба да имате 4-5 саати размак помеѓу оброците. Ова не е диета туку правилен начин на исхрана, се си јадете само се внимава на комбинациите. Јагленохидратите и шеќерите внесени за доручекот се трошат во текот на денот, ручекот е нормален а вечерата е лесна и без леб. За вечера имате белковини и протеини што значи дека ќе слабее салото а не мускулите, од ништо не сте лишени, се се јаде. Мајка ми за еден месец ослабе 7 кила а јас за 10 дена 4 кила. Ако некој реши да го проба овој начин на исхрана нека пише ќе напишам подетално што со што да се комбинира А ќе заборавев, јас и немам некоја физичка активност,онака нормално што се движам инаку не вежбам.
Pozz i od mene jas sum nova i me bendisa ovaa tema bas kako za mene sto voopsto ne vezbam a sakam da oslabam ja pocnav dietata 20 dena -8 kg i denes mi e cetvrti den i dobro e zasega ama ne osekam nikakva promena se nadevam ke ima efekt kaj mene.a ovaa dieta jas so ja drzam e slicna na taa prvata preporana ama ne e ista zasto posledniot den e samo blago i cel den se jade isto i povise mi odgovara kako ovaa sto e pisana zasto jas ne jadam blago i sakam da go zamenam posledniot den ama da ne nema efekt?a ovaa e prvata dieta sto ja drzam i mnogu sum radosna i edvaj cekam da dojde 20 ot den da gi vidam rezultatite a kako za cudo sega se mi se jade i nekoi jadenja sto nikogas gi nemam jadeno pozzic do site
еј значи конечно решив да ја пробам оваа диета. Па би сакала (мислам ако не ти е некаков проблем)подетално да ја напишеш ops: па ќе ви пишам што излезе на крајот ... иначе не сум љубител на спортов мада некогаш знам да свртам некое кругче со велосипед. чекам одговор... однапред благодарам
strangewoman кажи што те интересира подетално, јас напишав отприлика кој оброк што треба да содржи ама ако те интересира нешто посебно тука сум.
гледај сега работава е што сакам да знам ти што јадеше значи во повеќето денови како поручек.овој месец цел сум од сабајле на училиште и стварно врска немам што да купувам за јадење :? ај за дома се снајдувам некако, вечерата не е проблем ама ова наведеново погоре е мислам мене ми е
За доручек може да јадеш овошје, благо и секаков вид на теста , денес јадев парче торта, јаболко и кафе,може да јадеш штрудла или кроасан значи се од благо и се од тесто ама да не е во комбинација со месо или млечни производи. Тоа значи дека место бурек со месо и јогурт ќе јадеш симит без јогурт еве ти неколку примери јас што јадам - Парче овошје и било што благо(чоколадо, торта, колач..) бидејќи после цел ден несмееш да јадеш благо и тестенини. Или ако не си по благото тогаш ќе јадеш парче овошје и тестенини( кифли, јуфки и се од тесто ама во нив да нема месо или млеко-сирење, јогурт..) Сите шеќери и јагленохидрати што си ги внесла за доручек во текот на денот ќе се потрошат и нема да се таложат на телото. Ручекот си е нормален, што имаш дома за ручек ама само една кришка леб е дозволена а ако можеш поубаво е без леб да јадеш. Вечерата секогаш е зелена салата. Јас јадам - Марула со краставица( салата) и малку сиренце и чаша јогурт, или истата салата со канче кисело млеко или канче павлака, може салатата да ја комбинираш со месо, пример салата плус риба(од конзерва, туна или било каква друга) или салата со месо ( пилешко, телешко, свинско) ама да не е пржено во зејтин значи варено, на скара или на тостер. За вечера се забрането компири леб, овошје, благо. Ако ти се пријаде после вечерата може да јадеш се што си јадела за вечерата значи да си направиш уште една салата или чаша јогурт или малку месо. После два дена ќе приметиш дека стомакот се повлекува, јас се чудев ако може тоа, и прво не ми се веруваше. Ако почнеш да се храниш вака ќе ти стане навика и нема да мислиш дека си на диета.
еее фала многуу на исцрпниот одговор се надевам дека ќе успеам и ќе ви се пофалам со добри резултати иначе сум многу по благото така да нема да има проблем никаков хахаха
а дали помеѓу оброците си грицкаше нешто ??? оти јас си имам таква навика само нешто во уста да имам на пр: сончоглед, смоки, и нз што друго ама мислам дека таа навика и не е баш многу добра
Нема грицкање мегу оброци, може само чај без шеќер и без мед или кафе без шеќер. Шеќерот и медот може за доручек, а грицкање меѓу оброци никако
аииии бравосс значи сите можни не баш препорачливи навики си ги имам алал да ми е хахаха сепак фалаа ај ако ми притекне нешто друго пак ќе си прашам позз бај д веј се надевам нема да станам досадна хеххе :roll:
irenna ako si se uste tuka na forumov bi sakal da te prasam kolku cokolado e dozvoleno na sabajle? I isto taka sakam prasam dali moze da se jade gevrek ili perek na sabajle? fala mn odnapred!
Да , за доручек може секакви тестенини и лебови ама да не ги јадеш со млеко или месо , туку само ѓеврек или симит, или перек. Ако јадеш благо за доручек нема ограничена количина, пример парче торта или некој благ колач или милиброд или два реда чоколадо, значи нормална количина . Кој ја држи диетава чекам после една недела да пише резултати и импресии
А, и уште едно прашање пред да почнам со диетата Дали за вечера може да се јадат само протеини без салата? на пример да јадам само јајца без салата? фала однапред