Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета за оние кои немаат физичка активност

Дискусија во 'Диети' започната од iskri4ka, 16 март 2010.

  1. edaa

    edaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Феминки ај ве молам да ми каже кој знае ..мене утрото ми почнува со нескафе но заради млекото дали да го сменам кафето? Фала од напред :* позз
     
  2. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Безброј пати си реков ОД УТРЕ СУМ НА ДИЕТА и исто толку пати го прекршив ветувањето ... |(
    Од утре планирам да почнам со диетата на ирена...односно со правилен начин на исхрана ... па ќе видиме што ќе направам .. Ај нека ми е со среќа и овој почеток на диета нека биде ПОСЛЕДЕН :)
     
  3. ubav4e

    ubav4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    еееееееее решив и ја да ја пробам диетава на иренна !!!се надевам ке успее иако зависи само од мене :( ама барем ке се обидам
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.558
    Пол:
    Женски
    и денес јас ја почнав па ке се дружиме, многу е лесна и би требало да ја издржиме, ајде па пишувај повремено до каде си :)
     
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас од денес го почнав режимов, поточно од ручек, доручекот го утнав ама ако, нема врска, продолжувам 8)
     
  6. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Па ми се смачи и мене :@ еве, од понеделникот ја држам Медицинскава диета. Ама, ми се згади веќе, а најмногу од овие домативе :puke: Можеби ослабев 1,5 кг. ама па досадно е.. Епа од понеделник нема веќе диети и 300 глупости, туку само здравиов режим на исхрана на Ирена. :clap: Многу ми се допаѓа, бидејќи нема да сум лишена од ништо, само ќе се хранам здраво, и си ветувам дека ќе ја зголемам физичкава активност (иако темава вика Диета за оние кои немаат физичка актиност.) Така што и јас се приклучувам на друштвото!! ^_^
     
  7. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    И јас ја држев медицинската и можам да кажам дека тоа е најлоша диета која сум ја држела. Кај мене немаше резултати ослабев нешто ама не се познаваше иако 10 дена ја држев и за тие 10 дена умирав од глад а тоа што го јадев ни малку не ме задоволуваше, крекери портокали секој ден домати ми се темнееше пред очи. Само добар режим, тоа е лекот јас покрај УН диетата веднаш осетив резултати а и оваа не е лоша.
     
  8. BonnielovesherClyde

    BonnielovesherClyde Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Девојки, оваа диета на Ирена ја праев уште во пролетта и вервајте дека од мене чудо напрај!:)) презадоволна сум, а не беше ич тешка и неиздржлива ;) големо фала до Ирена :*
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Малку забушавам јас со диетава :$ ама од утре без забушавање, таман понеделички да биде работата :)
     
    На Freezing му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас ја држев УН диетата и навистина имаше резултати но немам време секој ден за спремање посебна храна а и стрв ме фаќа. Како што ми се напорни деновите не можам барем без едно чоколатце затоа решив да ја пробам оваа диета односно режим. Навистина ми се допаѓа затоа што не мора секој ден да готвам посебно за мене и не ме фаќа стрв кога ги гледам моите како си јадат убаво од ручекот а јас морам да јадам нешто друго :worried: . СИ ја почнав јас ама не се придржувам ветувам дека ќе си ја почнам салам од утре. Единствен проблем ми е што сум втора смена секој ден а ако не јадам цел ден ќе се онесвестам не можам да пијам многу вода, едно организмот не ми бара, друго вецињата се страшни во училиштата :( Ај ве молам некоја идеја што можам да јадам на школо??? :*
     
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Девојки од денес ја почнувам диетава на Ирена, по втор пат, овој пат нема да ја прекинам. Еве денес појадував еден портокал, парче ролат и кафе со шекер. За ручек изгледа мајка ми направила некоја манџа, ке пробам без една кришка леб да јадам.... :)
     
  12. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    и јас би се приклучила кон оваа диета :) е сега моето работно време е такво што сум на работа од 8и30 до 4и 30.немам навика да доручкувам кога ке станам и обично јадам на работа околу 12, а претходно околу 9 пијам кафе. Дали може да се смета околу 12 да биде доручок, во 17 и 30 ручек и негде околу 21 часот салата. и ако не може дајте предлог како да ги распреодам оброците..и инаку сирење со што и кога може да се јаде и кога јогурт може да се пие.
     
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    СДП дали според режимот на Ирена може за вечера да се земе сутлијаш или сепак не :?:
     
  14. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Пред да почнам, сакам да ве прашам нешто. Ама сериозно да ми кажете. :!:

    Јас си имам целулитче, ама немам стрии. Е сеа, страв ми е да не ослабам одеднаш па да ми се појават. :|
    Имал некој до сега вакво искуство ? :geek:

    П.С. Зборам за диетата на Иренна.
     
  15. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Јас летово ја држев диетата на Ирена и да ви кажам дека баш сум задоволна имаше ефекти :)
     
  16. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    дали сте чуле за хроно исхрана?Се препорачува на луѓе кои не се активни а не е многу рестриктивна.За доручек се јаде се(3 кришки леб+печеница,пршута,сланина,салама+варено јајце+кисело млеко).За ручек се јаде какво било месо со салата(може и печење) но без леб.За вечера пилешко,мисиркино или риба со салата без леб.Лебот треба да биде тостиран за да се деактивира квасецот.Доручекот да биде до 11 часот,ручекот околу15 а вечерата околу 19.Значи треба да помине 4 часа мегу секој оброк.Овошје не се јаде додека не се постигне саканата тежина, а потоа е дозволено во 17 часот. Во поцетокот не се јаде скробен зеленчук(грав,компир грашок...)Се забранува варње на морков и целер зошто така се претвораат во чист шеќер.тестенини не се јадат за руцек и вечера.Со овој начин на исхрана се губат масни наслаги а не мускулна маса(што е случај кај најголем бр. диети)Познавам луѓе кои вака ослабеа 30 кг за 5-6 месеци а воопшто не беа гладни и не ги вратија кг и сега ова им енацин на исхрана за цел живот.
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    кој може да јаде секој ден месо?јас не можам.аи риба не јадам иначе добар предлог
     
  18. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    маце е и скапичко :lol:
     
  19. SoWhat

    SoWhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Може ли во диетата од Ирена,како зеленчук во вечерата да се јаде цвекло?
     
  20. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    диетата на ирена ми се допаѓа почнувам да ја прам само сакам да знам дали некоја од вас шо ја држела оваа диета за колку време колку кила ослабела?ве молам за одговор јас сакам до Aприл -10кг иначе сега имам 72.позз и срекно на сите да си ја добиете посакуваната тежина